Кире Миладиноски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кире Миладиноски
Роден 1924 година
Козица, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал април, 1945 година
Липошница, Хрватска
Националност Македонец

Кире Алексов Миладиноски ( 1924 во Козица, Кичевско1945 во Липошница, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Спомен обележје на сите борци од селото Козица кои загинале за слободата на Македонија. Меѓу нив е ѝ името на Кире Миладиноски

Животопис[уреди | уреди извор]

Бил роден во сиромашно семејство кое не можело да му овозможи да се образува. По завршувањето на основното училиште, бил принуден да се занимава со земјоделство. Гледајќи ги тешките услови за живеење, доброволно се приклучил во редовите на Првата македонска бригада во есента 1944 година. Како борец учествувал на Сремскиот фронт во составот на Петнаесеттиот корпус. Загинал во борба со Германците кај селото Липошница во април 1945 година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 81.