Прејди на содржината

Кипу (светилник)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Светилникот Кипу (естонски: Kõpu tuletorn) е еден од најпознатите симболи и туристички места на естонскиот остров Хиума. Се наоѓа во селото Мегипе. Тој е еден од најстарите светилници во светот,[A] бидејќи е во континуирана употреба од неговото завршување во 1531 година.[1][2] Светилникот е доста уникатен со својата форма и исклучителен меѓу светилниците затоа што поминал низ сите фази, од средновековен обележје до модерен електрифициран светилник.[3]

Светилникот го означува плиткото подрачје Хиу (естонски: Hiiu madal) и ги предупредува бродовите подалеку од брегот. Светлината од светилникот Кипу може да се користи за навигација до 26 наутички милји (48 км; 30 ми) подалеку.

Светилникот Kõpu претходно бил познат по своето шведско име Евре Дагерут.[4]

Локација и дизајн

[уреди | уреди извор]
Скали до светилникот

Светилникот е изграден на врвот на највисокиот рид на островот Хиума, Торнимаги.[B] Висината на самата зграда е 37.7 метри, а светлината е 106 метри надморска височина, што го прави највисокото крајбрежно светло на Балтичкото Море.[5]

Светилникот Копу има облик на квадар со масивни потпори во четирите кардинални насоки. Кулата била изградена исклучиво од камен со висина од 24 метри. Надворешниот слој на ѕидовите бил поддржан со вар (а во денешно време и цемент) малтер, додека самото тело било изградено без малтер.[6]

Телото на кулата содржи околу 5000 м³ од камен, со вкупна тежина што достигнува 12000 тона.[4] Како градежен материјал се користеле локален варовник и преместени камења од ледниците.[7]

Првично, кулата била камен без простории и немало светлина,[3] но кога била опремена со светлина, врвот на светилникот бил достигнат со помош на надворешни дрвени скали, кои подоцна биле заменети со железни. За време на реконструкцијата во 1800-тите, во кулата биле вметнати скали и две простории.[5]

Градежништво и историја

[уреди | уреди извор]

Изградба на оригиналната кула

[уреди | уреди извор]

Најважниот поморски пат исток-запад во Балтичкото Море во текот на средниот век поминувала покрај брегот на песочникот Хију. Околу 1490 година, трговците од Ханза побарале од епископијата Осел-Виек да им дозволи да изградат обележје на полуостровот Копу, кој бил под контрола на епископот. Оваа акција немала резултати.[8]

На состанокот на Ханзеатската лига во Либек во 1499 година, тие повторно побарале дозвола од епископот да изгради светилник. На 20 април 1500 година, епископот Јоханес III Оргас се согласил да дозволи изградба на масивен камен столб без отвори. За да се покривијат трошоците за градење, градскиот совет на градот Талин морало да воспостави данок се додека не се собере потребната сума.[8][9]

Изградбата на светилникот требало да започне во летото 1500 година[C], но изградбата била запрена кога Волтер фон Плетенберг, господар на Ливонскиот ред, започнал војна која траела се до 1503 година. Во пролетта 1504 година започнало купувањето и испораката на градежните материјали, но во есента истата година избувнаla чума, која повторно ја прекинала работата. Градежните работи биле прекинати и старешината Ламберт Отингк, судијата задолжен за изградбата починал во Талин на 28 декември 1505 година.[8]

Записниците од сметководствените книги на советот на градот Талин содржат запишани извори за светилникот Кипу од 1507 до 1533 година, што покажува дека се потрошени пари на светилникот на Хииумаа од 13 мај 1514 до 12 октомври 1532 година. Износите покажуваат дека поголемиот дел од работата се одвивала од 1514 до 1519 година, подоцна има само неголку поголеми трошоци за светилникот.[8] Но, бидејќи завршувањето на светилникот во Хиумаа е споменато во резолуцијата на Волмарскиот Ландтаг на 25 февруари 1532 година, вистинското време на завршување и почеток на употреба на кулата би требало да биде околу 1531 година.[1] По 1538 година висината на кулата била зголемена.[3]

Кулата не светела повеќе од сто години[3] и била видлива на јасен ден до 20 километри oд крајбрежје.

Реконструкција во светилник и обнова

[уреди | уреди извор]
Светилникот Кипу во 2013 година

Во август 1649 година, отворен железен огански решетник бил поставен на врвот на кулата и биле изградени дрвени скали на нејзиниот надворешен ѕид. Првично било планирано да се согорува јаглен во светилникот, но поради високите транспортни трошоци на јаглен, наместо тоа се користело дрво.[8]

Огнот горел 3624.56 кубни метри дрво секоја година во текот на 180-дневниот период на навигација, количината толку била голема што довело до уништување на шумите на поголемиот дел од полуостровот Кипу. Шестчлена екипа била на стража секоја ноќ, но бурите често го изгасувале пожарот.[10] Правило донесено во 1652 година најавило дека огнот мора да биде силен и висок околу еден лакат (околу 1.8метри).[5]

Грофот Аксел Јулиус Де ла Гарди го купил островот Хиума од шведскиот крал за 38.000 талери и го презел управувањето со светилникот Кипу во 1659 година.[4] Неговата висина била зголемена на 35.6 метри и дрвените скали биле заменети со железни скали.[8] Светлината, која сега била видлива од 24 километри подалеку, била упалена еден час по заоѓањето на сонцето и изгасната еден час пред изгрејсонцето.[9]

Руската империја ја презела управата на светилникот во 1810 година и започнала голема реконструкција на кулата. Соба за екипа од шест мажи била изградена до јужната потпора и оттаму камени скали до кулата. Во горниот дел биле исечени две помошни простории, поставени една врз друга, а над нив била изградена нова просторија за фенери.[3] Во просторијата за фенер имало дваесет и три маслени лампи, користејќи сребрено обложени месингови рефлектори.[4] Светилките согорувале масло од коноп, од кое било потребно 3.28 тони годишно.[11]

Во 1845 година, пукнатината во горниот дел на светилникот предизвикала голема реконструкција, поради тоа тој дел од кулата бил срушен и повторно бил изграден. Кулата тогаш ја добила својата последна висина. За фенерот и неговите оптички уреди била изградена дрвена конструкција со ламби-оџаци.[4][8]

Светилникот бил под контрола на морнарицата и биле утврдени првите правила за одржување. Огнот требало да биде запален и изгаснат во строга согласност со изгрејсонцето и зајдисонцето. Во облачно време, чуварите на светилниците требало да се консултираат со календар за потребните податоци. Во тоа време огнот постојано горел ноќе од 1 јули до 1 мај, поточно 10 месеци горел таа година.[8]

Како дел од поморските реформи, големиот војвода Константин Николаевич од Русија побарал модернизација на светилникот во 1859 година. Во мај 1860 година бил инсталиран нов ротирачки фенер (произведен во Париз). Се ротирал со брзина од едно вртење на четири минути, користејќи систем со механизам на часовник. Уредот имал еден карсел фенер со четири концентрични извори на светлина и френелова леќа. Светилката трошела 500 грама масло од репка на час, а пумпата за гориво се напојувала со истиот механизам на часовникот. Било кажано дека е видливо до 27 наутични милји подалеку.[4] Екипа од седуммина го сервисирале светилникот, а еден од нив требало постојано да биде во близина на светлиницата.[7]

Потпората на скалите била покриена со дрвени штици и лим во 1869 година. Истата година во близина на светилникот биле воспоставени телеграфска инсталација и станици за спасување; првооснованиот работел до 1898 година кога бил заменет со телефон.[4]

Дваесеттиот век

[уреди | уреди извор]

Нов светлосен систем бил купен на Светскиот саем во Париз во 1900 година, за три милиони златни рубљи. Новиот апарат (вклучувајќи ја и светлосната комора) бил направен од фирмата Саутер, Марле и Ко.[12] Светилникот користел керозинска светилка со блескава мантија.[9] Системот од тешко леано железо лебдело и ротирало во бања со жива, која делувала како лежиште. Во бањата имало околу 500 кила жива. Отровната жива од светилникот со децении влијаела врз децата на околните села кои ја користеле за играње.[13]

Светлосниот систем бил поставен во ротација за суспендирани 400 кила оптовар, кое требало да се премотува на секои два часа.[4] Поставен бил за време на поправките во 1901 година.

Германските бомбардери го бомбардирале светилникот во август 1941 година, иако биле уништени само структурата на светилникот и оптичкиот систем.[8][9]

Светилникот Kõpu на советски печат (1983)

По Втората светска војна, биле тестирани различни оптички системи. Генераторите на Колхер биле инсталирани во 1949 година заедно со стационарниот електричен систем за осветлување.[9] Нов ротирачки светлосен систем (EMV-3) бил инсталиран во 1963 година, кој го направил светилникот целосно автоматизиран. Бил во употреба се до 1982 година, кога бил инсталиран експериментален систем EMV-930M (кој бил произведен во Украина). Механизмот на ротација на оптичкиот систем бил ново решение кое немала електрични мотори, наместо тоа тој користел вртливо магнетно поле. Оптиката донела шест до осумстократно зголемување на ефикасноста на светлината зрачена од 1 kW кварцна светилка.[8]

Поради влошување, светилникот често тебало да биде поправен, големите поправки биле завршени во 1957 и 1970 година.[4] За време на поправките во 1978-81 година, по повод 450-годишнината од светилникот, тој бил покриен со армирано-бетонска обвивка и перхлоровинилна боја. Бидејќи немало достапна бела боја, се користело жолта боја. Бојата го попречила патот за излегување на влагата од телото на кулата, а стариот, деградиран варов малтер почнал да се оштетува од замрзнувањето и топењето на водата во внатрешната површина на цементниот малтер. До средината на 80-тите се појавијле пукнатини на површината на светилникот и почнале да паѓаат парчиња од цементниот малтер и помали камења. Во текот на 1987 и 1988 година два коша на кулата се урнале и започнале итна реставрација. Во текот на годините 1989–90, за да се спречи распаѓањето на светилникот, била изградена 15 цм дебела армирано-бетонска обвивка за да ги потпира темелите и ѕидовите до врвот на потпорите. Кулата била варосана.[14] Во бетонот биле оставени воздушни канали за вентилација на конструкцијата.[6]

Собата со фенерите на светилникот била реновирана во 2001 година[12], а кулата последен пат била пребоена во 2012 година.[15] Во 2020 година бил инсталиран нов моќен LED извор на светлина во постоечкиот фенер заедно со нов електронски систем за контрола. Од 2020, тоа е до ден денес најмоќниот LED светилник во светот со интензитет од 2.100.000 кандели.[16]

Денешна ситуација

[уреди | уреди извор]

Светилникот до ден денес е во употреба како помош за навигација и управуван од Естонската поморска управа. Нејзината иднина е обезбедена и со статусот на заштитен споменик на културата.[17]

Поради својата трајна популарност и незаборавна форма, често се користи како симбол на Хиума. Како голема туристичка атракција, светилникот е отворен за туристи од 1999 година. Заедно со блискиот светилник Ристна, светилникот Кипу бил одбележан на поштенска марка во 2000 година.[18]

  1. ^ Most sources agree it is the third oldest operating lighthouse in the world (? Most probably the 4th, what about Hook Lighthouse in Ireland, 1240?),[19] without mentioning what the other two are. They might be the Tower of Hercules and the Lighthouse of Genoa.
  2. ^ Some sources give the height of the hill as 67 м (220 ст) and some as 68 м (223 ст)
  3. ^ Different sources give different years for the start of the construction, for example, Baltic Lights has 1527–1531.[20] All sources agree that the lighthouse was finished in 1531.
  1. 1 2 „Baltic Sea's Oldest Lighthouse Gets an Air Surveillance Radar“. ERR. 18 February 2024. Посетено на 19 February 2024.
  2. Frucht, Richard C., уред. (2005). Eastern Europe: an introduction to the people, lands, and culture. ABC-CLIO. стр. 62. ISBN 978-1-57607-800-6.
  3. 1 2 3 4 5 Tiik, Leo (1976). The Lighthouse of Kõpu (Formerly Dagerot) (PDF). Transactions of the Tartu State University. стр. 161.
  4. 1 2 3 4 5 6 7 8 9 Aleksejev, Igor (2003). Eesti tuletornid (Estonian lighthouses) (естонски). GT Projekt. стр. 77. ASIN B001P9SNUE.
  5. 1 2 3 „Kõpu lighthouse“. Hiiumaa Lighthouse Tour. Hiiumaa.ee. Архивирано од изворникот на 28 April 2010. Посетено на 2009-06-26.
  6. 1 2 Vali, Jaan. „Degradation of Estonian Lighthouses in Surrounding Environment“ (PDF). Estonian National Heritage Board. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-18. Посетено на 2009-06-30.
  7. 1 2 „Kõpu küla“. eestigiid.ee (естонски). Hansalevi OÜ. Архивирано од изворникот на 2007-07-07. Посетено на 2009-06-26.
  8. 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Einberg, Tiit (2007). Anne-Mari Alver (уред.). Kõpu tuletorni lugu/A history of the Kõpu Lighthouse (естонски и англиски). Estonia, Tallinn: Kentaur AS. стр. 80. ISBN 978-9985-9789-7-9.
  9. 1 2 3 4 5 Kolk, Tiina (25 August 2006). „Kõpu tuletorn – Põhja-Euroopa vanim tuletorn töötab Kõpul juba 475 aastat!“. Äripäev Online (естонски). Bonnier Business Press. Посетено на 2020-06-02.
  10. Taylor, Neil (1 September 2007). Estonia: The Bradt Travel Guide (5th. изд.). Bradt Travel Guides. стр. 243. ISBN 978-1-84162-194-4.
  11. „Kõpu lighthouse“ (PDF). Kõrgessaare parish. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-18. Посетено на 2009-06-29.
  12. 1 2 „Kõpu tuletornil uus müts“. Eesti Päevaleht (естонски). EkspressMeedia AS. 31 October 2001. Посетено на 2020-06-01.
  13. Viidik, Aivar (1 February 2001). „Elavhõbedapomm Kõpu majakas“. Eesti Ekspress (естонски). EkspressMeedia AS. Посетено на 2009-06-30.
  14. Kõpu restaureerimistööde aruanne (PDF). Riiklik Uurimis- ja Projekteerimisinstituut. 1990. стр. 9.
  15. „Turistide rahaga sai Kõpu kaunitar valgeks“. Hiiu Leht. 2012-06-08. стр. 9. Архивирано од изворникот на 11 March 2022. Посетено на 1 June 2020.
  16. „Kõpu tuletorni ainulaadne tuli särab nüüd veelgi eredamalt“. Estonian Maritime Administration. 2020-02-03. Архивирано од изворникот на 23 October 2020. Посетено на 1 June 2020.
  17. „Kõpu tuletorn“. Kultuurimälestiste riiklik register (естонски). Muinsuskaitseamet (National Heritage Board). Архивирано од изворникот на 2011-07-19. Посетено на 2009-06-30.
  18. „Ristna and Kõpu Lighthouses“. Eesti Post. 25 February 2000. Архивирано од изворникот на 2010-02-25. Посетено на 2009-06-30.
  19. Spilling, Michael (1999). Estonia. Cultures of the World. Marshall Cavendish. стр. 128. ISBN 978-0-7614-0951-9. kopu lighthouse.
  20. Baltic Sea Heritage Co-operation: Coastal Culture and Maritime Heritage (working group), et al. "Baltic Lights:A guarantee of safe passage Архивирано на 27 декември 2010 г.". National Museum of Science and Technology, Denmark (Host). Polish Maritime Museum, Gdańsk (Orig. exhibitor, April 2003). Retrieved 22 October 2009.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]