Прејди на содржината

Кино (музичка група)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кино
Основни податоци
ПотеклоСССР ЛенинградСССР (денес Санкт Петербург,Русија)
Жанр(ови)Рок
Пост-панк
Нов бран
Години на активност1981-1990
Продукциска куќа/ќиАнТроп
Мелодия
Мороз Рекордз
Мрежно местоkino.band
Поранешни членовиВиктор Цои (вокал,ритам гитара)
Алексеј Рибин (соло гитара)
Олег Ваљински (тапани)
Јури Каспарјан (соло гитара)
Александар Титов (бас гитара)
Георги Гуријанов (тапани)
Игор Тихомиров (бас гитара)

Кино е една од најпознатите советски рок групи од периодот на 1980-тите години. Фронтмен на групата бил Виктор Цои кој загинал во сообраќајна несреќа во 1990 година. Во негова чест во Москва e исцртан ѕид со графити посветени на него и на групата Кино. Групата Кино во 1990 година била сочинета од Јури Димитријевич Каспарјан, Игор Тихомиров, Георги Гурјанов и Виктор Цои.

Историја

[уреди | уреди извор]

Почетоци

[уреди | уреди извор]

Групата Кино била формирана во летото 1981 година во Ленинград, денешен Санкт Петербург под името „Харин и хиперболидите“ (рус. Гарин и гиперболоиды). Во составот биле Виктор Цои, Алексеј Рибин и Олег Ваљински. Откако Ваљински ја напуштил групата името било сменето во „Кино“ а во составот се придружил гитаристот Јури Каспарјан. Групата ја поддржувале и музичарите од групите „Аквариум“ и „Зоопарк“. Водачот на „Аквариум“, Борис Гребеншчиков го продуцирал и првиот албум на „Кино“. Во 1983 поради уметнички недоразбирања помеѓу Цои и Рибин групата се распаднала а потоа продолжила да постои во состав Виктор Цои и Јуриј Каспарјан. Во 1984 година на групата им се придружува тапанарот Георги Гурјанов, а како бас гитарист им помагал членот на „Аквариум“, Александар Титов. Во 1986 година во групата влегува басистот Игор Тихомиров, а Александар Титов се враќа во „Аквариум“ со што групата го добива својот конечен состав кој не се менува до крајот на постоењето на „Кино“ во 1990 година.

Популарност

[уреди | уреди извор]

Групата „Кино“ била многу позната во Ленинградското подземје, а била позната и во други тогашни Советски републики. Учествувала на многу рок фестивали како Литваника-87, а денешната слава ја стекнале со објавувањето на филмот „Асса“ на Сергеј Соловјов каде на крајот од филмот се појавува Виктор Цои и ја пее песната „Сакам промена!“ (рус. „Хочу перемен!“)[1]. Во тој период менаџер на групата бил Јури Ајзеншпис а Виктор Цои се појавил уште во неколку филмови вклучувајќи го и филмот „Игла“.[2] Во 1988 година почнале турнеите на групата „Кино“ во Русија, Украина и Белорусија, а во 1989 година заминале во Њујорк каде била премиерно бил прикажан филмот „Игла“ и бил одржан мини-концерт. После тоа, на фестивалот „Златен војвода“ (рус. „Золотой Дюк“), Виктор Цои бил прогласен за глумец на годината, а филмот „Игла“ го освоил второто место на списокот на најдобри советски филмови од таа година. Селдувало патување во Париз каде била вршена обработка на албумот „Последниот херој“ (рус. „Последний герой“), а во есента 1990 година групата отпатувала во Токио каде бил склучен договор за промоција во Јапонија. Последниот концерт „Кино“ го оддржале во преполниот стадион „Лужњики“ на 24 јуни 1990 година.

Последен албум

[уреди | уреди извор]

Во јули 1990 година групата „Кино“ започнала да работи на нов албум кој тебало да биде снимен во Франција. Овој албум не го доживеал своето финализирање — Виктор Цои загинал во сообраќајна несреќа на стариот пат Јурмала - Талси, на пат за Тукумус. Недовршениот албум Каспарјан, Тихомиров и Гурјанов го завршиле заедно и го симболично го именувале „Црн“ (рус. „Чёрный“) и имал целосно црн омот. Во декември истата година албумот бил претставен во ленинградски рок-клуб. Околку еден месец подоцна, на првиот канал на телевизијата „ВИД“ прикажана е презентација на албумот од московскиот дом на младите, а после тоа групата „Кино“ официјално престанала да постои.

Влијанија

[уреди | уреди извор]

Музиката на групата „Кино“ е често споредувана со музиката на бендовите „Смитс“, „Депеш Моуд“ и „Џој Дивижн“. Постои можност овие групи да имале директно влијание на „Кино“. Виктор Цои признал дека за албумот „Ноќ“ (рус. „Ночь“) сакал да го постигне звук сличен на групата „Дјуран Дјуран“. Нивната музика исто така влечела влијанија и од некои традиционални руски автори како Владимир Висоцки.

Дискографија[3][4]

[уреди | уреди извор]

Останати албуми

[уреди | уреди извор]

Концертни снимки

[уреди | уреди извор]

Соло албуми

[уреди | уреди извор]
  1. http://www.imdb.com/title/tt0094683/
  2. http://www.imdb.com/name/nm0875129/
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-04-29. Посетено на 2012-08-01.
  4. http://popsa.info/bio/051/051d.html

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

„Игла“ на IMDb

Поврзано

[уреди | уреди извор]