Киноверзум
Киноверзум е единствениот македонски ланец на кина[1]. Започна во 2019 година како кино кое се наоѓа во рамки на кампусот на Меѓународниот славјански универзитет во Свети Николе. Киноверзум е првото и единствено универзитетско кино и прво 3D кино во Вардарскиот и Источниот регион на Република Македонија.
Историја
[уреди | уреди извор]Започнало со работа во декември 2019 година во Свети Николе. Основачот на киното, Михаела Ѓорчева, е единствената жена сопственик на приватно кино во Република Македонија, и е дел од листата на Forbеs 30 под 30 за Европа во 2022 година.[2][3] Во Киноверзум е прикажан и првиот македонски филм на Нетфликс, Сестри на Дина Дума[4].
Во 2023 ја отвори својата втора кино сала во Велес[5] и својата трета кино сала во Штип[6].
Во 2023 Киноверзум прерасна во првиот и единствен македонски ланец на кина[7].
Киноверзум има кино сали во Општина Кисела Вода во Домот на култура „Билјана Беличанец“ и Драчево - Скопје. [8]
Програма
[уреди | уреди извор]Во Киноверзум се прикажуваат светските премиери на филмови, и досега има прикажано повеќе од 600 филмови со над 10.000 проекции. Во склоп на киното Киноверзум има свој ресторан и игротека.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Lazarevska, Marina. „North Macedonia's First Cinema Chain Opens New Cinema in Veles - FilmNewEurope.com“. www.filmneweurope.com (англиски). Посетено на 2023-02-01.
- ↑ „Forbes 30 Under 30 2022: Entertainment“. Forbes (англиски). Посетено на 2023-02-01.
- ↑ „Mihaela Gjorcheva“. Forbes.com. Посетено на 7 октомври 2022.
- ↑ НМ (2022-02-03). „„Сестри" во Скопје, Св. Николе и во Охрид“. Нова Македонија. Посетено на 2023-02-01.
- ↑ „ПО МНОГУ ДЕЦЕНИИ, КИНО ВО ВЕЛЕС“. Општина Велес. Посетено на 2023-02-01.
- ↑ „Штип: После 20 години, Штип конечно ќе добие Кино“. Јавна Администрација (англиски). 2022-12-07. Посетено на 2023-02-01.[мртва врска]
- ↑ Lazarevska, Marina. „North Macedonia's First Cinema Chain Opens New Cinema in Veles - FilmNewEurope.com“. www.filmneweurope.com (англиски). Посетено на 2023-02-01.
- ↑ „Со бројни гости во свечена атмосфера, синоќа беше отворено киното во Кисела Вода“. МАКФАКС. 2024-03-16. Посетено на 2025-12-18.