Кинкаџу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кинкаџу

Кинкаџу или кинкажу ( латински: Potos flavus) [1] е цицач од семејството на ракуни (Procyonidae) сроден со олингосите, коатите, северноамерикански ракуни, прстенорепојните мачки и какомистлу . Живее во шумите на Централна и Јужна Америка .

Опис[уреди | уреди извор]

Должината на овој вид варира од 40 до 75 сантиметри, но мажјаците се поголеми од женките. Сите имаат еднобојно, меко и волнено крзно, златно-кафеава боја и имаат посветол долен дел.

Нивната опашка е покриена со кратки влакна. Опашката е долга и може да се превиткува, па со неа може да дофаќаат предмети. Покрај тоа, тој го користи за да се премести од едно дрво на друго дрво. И покрај тоа што го поминува скоро целиот живот на дрвјата, тој се искачува многу внимателно. Тој нежно и полека ја намотува опашката кон другата гранка, а потоа полека се движи кон другата, држејќи се на гранката цело време. Кога брзо трча низ гранка, опашката успева да ја одржува рамнотежата.

Неговата тркалезна глава има сплесната муцка и кратки округли уши . Неговите очи се големи и заоблени.

Киканџу е редок вид и се смета дека е пред истребување.[2]

Исхрана[уреди | уреди извор]

Честопати се нарекуваат „медeни мечиња“, затоа што сакаат слатко, а особено мед.

Освен тоа, тие обожаваат овошје и јадат повеќе од било кој друг од семејството ракуни. Најмногу ги сакаат авокадо, гуава, диви смокви и манго. Кинкаџу го грабнува овошјето со уста или го отсекува со своите „раце“ од дрвото.

Ако има многу овошје во едно дрво, кинкаџиите се собираат таму пискаат и врескаат додека се борат за храна.

Нивниот јазик е долг 12 сантиметри, што може да извлече и цица нектар и мед од кошницата на дивите пчели или со нив да ги извлече месните делови од овошјата.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Rakuni Severne i Južne Amerike“. www.biologija.rs. Посетено на 7 јуни 2019.
  2. Свет сисара / [идеја и реализација Николас Харис, Џоана Тернер и Клер Астон ; текст Клер Астон, Стив Паркер ; илустрације Сузана Адарио ... [и др.] ; превод Љиљана Бајић]. Београд: Београд : Политикин забавник : Књига-комерц, 2004 (Београд : Бата тисак). 2004. стр. 25. ISBN 86-7712-026-2.