Кинеско зелје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кинеско зелје
Baby Pak Choi (01).JPG
Младо кинеско зелје
Вид репка (Brassica rapa)
Сортна група Chinensis
Потекло Кина, пред XV век

Кинеско зелје (бок чој или пак чој, кинески: 上海青; науч. Brassica rapa subsp. chinensis) — сорта на репка мошне присутна во кинеската кујна. Не образува главичка и има мазни темнозелени листови набрани во сноп. Особено е застапена јужна Кина и Југоисточна Азија. Бидејќи е издржлива на студ, се одгледува и во северна Европа. Денес сочинува сортна група заедно со кинеската зелка, која порано се сметала за посебен вид под називот Brassica chinensis, даден од Карл Линеј.

Хранливост[уреди | уреди извор]

Кинеско зелје, сирово
Хранлива вредност по 100 г
Енергија 54 kJ (13 kcal)
2,2 г
Влакна 1,0 г
0.2 г
1,5 г
Витамини
Витамин А (екв.)
(30 %)
243 μг
(25 %)
2.681 μг
Тиамин 1)
(3 %)
0.04 мг
Рибофлавин 2)
(6 %)
0,07 мг
Ниацин 3)
(3 %)
0,5 мг
Пантот. кис. 5)
(2 %)
0,09 мг
Витамин Б6
(15 %)
0,19 мг
Фолна кис. 9)
(17 %)
66 μг
Витамин Ц
(54 %)
45 мг
Витамин К
(44 %)
46 мг
Минерали
Калциум
(11 %)
105 мг
Железо
(6 %)
0,80 мг
Магнезиум
(5 %)
19 мг
Манган
(8 %)
0,16 мг
Калиум
(5 %)
252 мг
Натриум
(4 %)
65 мг
Други составници
Вода 95,3 г

Постотоците се според препораките за возрасни во САД.

Сировото кинеско селје се состои од 95% вода, 2% јаглехидрати, 1% белковини и помалку од 1% масти (табела). На 100 грама, дава 13 калории и е богата со (20% или повеќе од препорачаната дневната доза, ПДД) витамин А (30% ПДД), витамин Ц (54% ПДД) и витамин К (44% ПДД), а содржи и фолна киселина, витамин Б6 и калциум во умерени количини (10-17% ПДД) (табела).

Растението го зазема второто место по хранлива густина од вкупно 41 хранливи растенија.[1]

Токсичност при прекумерна употреба[уреди | уреди извор]

Кинеското зелје содржи глукозинолоати. Овие соединенија во помали дози спречуваат рак, но, како и многу други супстанции, во прекумерни количини можат да бидат токсични, особено кај веќе заболени лица. Во 2009 г. е забележан случај на старица со шеќерна болест која секој ден јадела 1 до 1,5 кг (сирово) кинеско зелје за да си ја лечи болеста, и добила хипотироидизам (недоволно активна штитна жлезда) поради болеста, што довело до микседематозна кома.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. di Noia, Jennifer (5 јуни 2014 г). Defining Powerhouse Fruits and Vegetables: A Nutrient Density Approach. „Preventing Chronic Disease“ (National Center for Chronic Disease Prevention and Health Promotion (USA)) том  11. doi:10.5888/pcd11.130390. ISSN 1545-1151. https://www.cdc.gov/pcd/issues/2014/13_0390.htm. посет. 11 јуни 2014 г. 
  2. Rabin, Roni Caryn. „Regimens: Eat Your Vegetables, but Not Too Many“, „The New York Times“, 24 мај 2010 (посет. 3 јуни 2010 г).