Кинеска (филм од 1967)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Кинеска, или подобро, на кинески начин: филм во создавање“ (француски: La Chinoise, ou plutôt à la Chinoise: un film en train de se faire) — француски филм од 1967 година, во режија на Жан-Лик Годар (Jean-Luc Godard) кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Ан Вјаземски (Anne Wiazemsky), Жан-Пјер Лео (Jean-Pierre Léaud) и Жилиет Берто (Juliet Berto). На Филмскиот фестивал во Венеција, Годар ја освоил Посебната награда на жирито, а филмот бил номиниран и за наградата „Златен лав“.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Во филмот се раскажува за група студенти кои се задоени со маоистички идеи и кои сакаат да направат револуција служејќи се со тероризам. Членовите на групата, Гијом и Вероник се наоѓаат во љубовна врска, но таа страда заради нивната приврзаност кон револуционерните цели. Групата одлучува да изврши атентат на висок службеник на руската влада кој е во посета на Париз, но работите тргнуваат во лоша насока...

Наводи[уреди | уреди извор]