Прејди на содржината

Киндер-јајце

Од Википедија — слободната енциклопедија

Киндер-јајце (италијански: Kinder Sorpresa), е чоколаден производ на италијанското претпријатие Фереро. Првично се наменети за деца, и има форма на чоколадно јајце кое што содржи мала играчка, што многу често се бара.

Киндер-јајцето потекнува уште од 1972 година во италија како Kinder Sorpresa. Германскиот збор „Кinder“ во името е ставено поради тоа што во 1967 година, германскиот придружник Фереро го претстави Киндер Чоколадото („Kinderschokolade“) на германскиот пазар, а во 1968 година тој производ беше претставен на италијанскиот Фереро, за основање на „Киндер“ брендот, пред претставувањето на Киндер Сорпреса чоколадните јајца. Киндер-јајцата беа претставени на германскиот пазар во 1974 година, и за многу години ова беше најолемиот пазар за производот. Играчките се дизајнирани од страна на внатрешни и надоврешни дизајнери (на пример Францускиот уметник Андре Роше со седиште во Минхен) и произведени од страна на многу компании низ целиот свет, како што се Produzioni Editoriali април (Продузиони Едиториали Априле), мало претпријатие со седиште во Торино, Италија, работи и е основана од двајца браќа, Ругеро и Валерио Априле. Киндер-јајцата се продаваат низ целиот свет со исклучок на САД, каде што во 1938 годинаЗдружението на храна, лекови, и козметика, законот забранува спојување на „не-хрансливи елементи“ во производите. Дополнително, Безбедносната Комисија за потрошувачките производи нареди повлекување на јајцата во 1997 година (главно преку увозот во продавниците) се должи на малите траги на олово во пластиката, каде што се наоѓаат играчките. Во Европа тие станаа мал култ кај возрасните. На пазарот постои дури и зголемени колекционери на играчките. Ова особено е често во Германија, каде што производителот вклучува повисок квалитет на играчки од оние коишто се на располагање на некое друго место.Постојат голем број на играчки коишто се достапни, но некои од најголемите колекционери прават дури и постојано менување на низа од мали рачни нацртани личности (некои треба да се состават), за коишто се вели дека се паѓаат во секое седмо јајце(на рекламата има и слоган: Jetzt in jedem siebten Ei- сега во секое седмо јајце) ; карактери од цртаните филмови (понекогаш се нарекуваат „човечиња од цртички“, која што е еквивалент во превод со „Steckfiguren „) ; метални фигури и сложувалки. Сезонските јајца се пуштаат во продажба за време на празниците, како што се ограничените изданија (како карактери на тројца кралеви, бебето Исус, и избраните животни) коишто се најпопуларни за време на Божиќ, и оние огромните познати Киндер-јајца коишто ги има за Велигден (многу популарни во Италија). Релативно нова иновација, предизвикана од интернет трендот, е воведувањето на „Итернет изненадувања“. Во играчката има мала завиткана хартија која што го содржи „Магичниот код“. Овој код дава пристап во игрите на мрежната страница на Magic Kinder, некои се за симнување, некои други се за играње онлајн. Класификација и идентификација Класифицирањето и идентификувањето на играчките на Киндер-јајцата е прилично комплицирана вежба. Постојат неколку различни линии, и голем број на различни бројни системи коишто се користат во текот на годините. До 1990-тите години, ретко беа нумерирани, што може да ја отежни идетификацијата (иако некои рани играчки, особено оние рачно нацртаните фигури, имаат Фереро марка). Киндер историјата широко може да се подели на два периода: пред 2004 година и по 2004 година. Играчките пред 2004 година беа направени од Фереро. Но во 2004 година, претпријатие со седиште во Луксембург наречена MPG (што се залага за Magic Production Group) го презеде производството на играчки, иако Фереро продожи да го прави чоколадното Киндер-јајце. Пред 2004 година, но по 1990 година, се појавуваат три различни линии: Пред 2004 година: Германска линија Германската линија на играчките на Киндер-јајцето се продаваа само во Германија пред 1992 година, и во Германија и Австрија по 1992 година. Во принцип оваа линија од Киндер според познавачите, се смета за супер квалитетна во споредба со другите линии. Ливчињата со инструкции за германските играчки се прилично големи и најчесто го содржат името на сериите од едната страна, и името на играчката од другата страна, каде што исто така има инструкции. Покрај тоа, секој германски лист има шест-цифрен број којшто е единствен на одредена играчка. Играчките сами по себе ги немаат овие броеви, но скоро сеогаш го имаат знакот на Фереро. Таму првите броеви се секогаш или 6 или 7. Пред 2004 година: Западно Европска линија Сè до раната 2000 годна, оваа линија (направена од Фереро Италија) се продаваше и се дистрибуирање во сите земји освен во Германија,Австрија, и земјите каде што Киндер-јајцата беа нелегални (како што се САД) или пак едноставно каде што не се достапни. Од околу 2001 година сепак, тоа се ограничи највеќе во Западна Европа, Јапонија и Хонгконг. Главната разлика од оваа линија беше употребата на „К броевите“ (на пример, К96 Бр.1) , коишто се наоѓаат на двете играчки и листовите со инструкции. Двете цифри по К ја претставуваат годината, додека следниот број е бројот на специфичната играчка. Значи К96 број 1, на пример, ќе биде играчка број 1 во серијата издадена во 1996 година. Играчките со „К броеви“ понекогаш се нарекуваат како „К играчки“. Играчките имаат тенденција да бидат помалку софистицирани од оние во германската линија. Инструкциите исто така имаат многу поголема основа. Тие в суштина се изложени ленти коишто покажуваат на играчките и имаат инструкции за специфични играчки. За разлика од германските инструкции, тие скоро никогаш на нив немале ништо напишано. „К „документите беа придружувани со посебна бела лента од хартија со стандардно безбедносно предупредување на повеќе јазици. Првата позната „К“ серија беше К91 додека последната К04, по што MPG воведе сосема нов систем за нумерирање. Во последните неколку години, исто така постојат репродукции на постари К-играчки. Овие повторувања за првпат се појавија во Полска, но наскоро се проширија и во другите земји од Источна Европа и на крајот во Канада, Мексико, Јужна Америка, Австралија и Нов Зеланд. Тие имаат многу слични иструкции на оригиналните изданија, но нумерирањето е малку поинакво. На пример, „преработено“ на К93 бр 81 е едноставно нумерирано „бр.81“. И играчкките и документите ја имаат оваа измена кај броевите. Обновените играчки не се многу популарни кај колекционерите, но тие се сепак многу барани од страна на истите. Пред 2004 година: Аргентинска/Бразилска линија Оваа линија почна во раните години на 21 век по Фереро Аргентина стана многу поголем играч на сцената на Киндер-јајцето. „Аргентина“ играчките, како што тие се и општо познати, се во основа К играчки, но со некои значајни разлики од нивните Западно европски колеги. Аргентинската линија се произведува во Северна АМерика, Мексико, Канада, Австралија, и Нов Зеланд. Исто така се продава и во Бразил, но Бразилските документи се различни од стандардните аргентиски верзии. Иако „Аргентина“ линијата најмногу наликува на оваа на Западна Европа, многу чесно има разлика во тоа како се направени играчките. На пример, ако во Западна Европа животното или карактерот имаат нацртани очи, еквивалентот во Аргентина ќе има очи во коишто се налепници. Некои Аргентински играчки се екскузивни и никогаш не ја имаат напуштено Западно европската линија. На пример, сложувалката нумерирана како К01 бр. 122 беше само еднаш ослободена во Аргентинската линија и никогаш не се издаде во линијата на Западна Европа. Тоа е последица на прилично големата побарувачка од страна на колекционерите на Европското Киндер-јајце. Во последниве неколку години, серии од сложувалки се рачно цртани, ексклузивно за Аргентинската линија. Сè до 2004 година, аргентинските документи ги покажаа сериите на играчки и собраните инструкции на истата страна, додека на другата страна има повеќе јазични предупредување за безбедност што на Западно европската линија беа испечатени на посебна хартија. Првично, ливчињата беа од прилично слаб квалитет и можеа многу лесно да скинат, но од К2 серијата, па наваму, тие го подобрија нивниот квалитет, иако сè уште се прилично малку стабилни за разлика од нивните европски колеги. По 2004 година: Европската MPG линија Откако MPG го презеде производството на играчките на Киндер-јајце, германските и европските линии беа споени така што би се дистрибуирале истите играчки во сите европски земји. Системот за броее се промени, како и играчките и листовите со инструкции. Наместо „К“ број или шест-цифрен број, сите играчки сега имаат нов вид на број. Во првата година на MPG, играчките беа нумерирани С-х (на пример С-1, С-2 итн). Во втората сезона на MPG, С беше заменето со Ѕ (така што играчките сега беа нумерирани со Ѕ-1, Ѕ-2 и така натаму). Ливчињата беа малку поголеми. Играчките имаа нови броеви и беа одбележани со марката MPG наместо со Фереро. Но, иако линиите на играчки беа споени, ливчињата задржаа некои значајни разлики. Германските ливчиња сешуте го содржат сериското име, и често името на играчката, на германски. Западно европските упатства не се пушувани, но го имаат Magicode логото. Источноевропските упатства се скоро исти како и во Западна Европа, но го немаат Magicode логото. По 2004 година: Аргентиско/Бразилска MPG линија Без оглед на спојувањето на германските и европските линии, Аргентинската линија продолжува да биде посебна. MPG играчките се вклучени во оваа линија, но некогаш постојат разлики во однос на нивните европски колеги, особено во нивните налепници и на етикетите.Новите аргетински етикети е многу поголеми за разлика од порано. Всушност, тие се со иста големина како и европските етикети. Од една страна, тие ги покажуваат играчките во серија. На задната страна има два различни дела: инструкциите (во склоп на горниот дел) и мулти-јазичното предупредување за безбедно користење. (во долниот дел). Бразилските етикети се скоро исти, но делот за безбедносното предупредување е жолт, а не бел. Интересно, некои „К“ играчки (повеќето од К04 серијата, но исто така и глисерите од К01 серијата) се пуштени во аргетинска/бразилска согласност со MPG- стилски поголеми етикети. Друга интересна одлика на аргентинската линија е ослободување на мал број на „реобновени“ стари германски играчки. Етикетите се во оригиналниот аргентински стил од 2004 година, но го имаат германскиот шест-цифрен број. Играчките се скоро исти како со германските оригинали, но има случаи каде што се променети боите.

Ограничени изданија Во дополнение на редовните играчки, сериите на Киндер-јајце генерално содржат специјални ограничени сетови. Овие сетови имаат тенденција да се разликуваат во голема мера помеѓу земјите, со многу промени во играчките, но особено многу во етикетите, коишто имаат за цел да бидат уникатни во посебни земји. Некои сетови се објавени во многу земји, додека други се само во една или во две. Неколку нови видови на ограничени изданија се дискутираат подолу.

Рачно насликани фигури Рачно нацртаните фигури се цврсти играчки коишто генерално не бараат дополнителни додатоци. Тие се многу популарни кај колекционерите.Истите можат да бидат поделени на два вида: животински теми и цртали ликови. Еден од најраните познати рачни нацртани сетови е Супер-Мини-Шлумф-Парада, издадена во Герамнија во 1983 година. Рачно насликаните сетови се издадени во 1990 година со цел да бидат многу популарни и многу барани, особено, како и во случајот со Штрумпфовите. Најраните сетови беа пуштени само во Германија и Италија, но по 1993 година, тие беа пуштени во повече други земји. Дури, мал број на сетови беа само пуштени во Герамнија, додека другите (како ви 1994 година Панда забава) беа пуштени во неколку европски земји но не и во Германија. Фер е да се каже дека некои сетови имаат поширока дистрибуција од другите. На пример карактерите од „Среќниот Хипо“, создадени во 1987 година специјално за Киндер-јајцето од францускиот дизајнер Андре Роче, се појави во не помалку од 8 германски серии, а најпопуларна од нив беше „Хипериум“ (испраќање на „Војна на ѕвездите“ -трилогија овластена од страна на Џорџ Лукас) и „Среќниот Хипо Талент шоу“, претставен во повеќе европски земји на најпознатите светски познати ТВ кастинг емисии. Сè до доаѓањето на MPG ерата, рачно насликаните сетови ги имаше во голем број. Сепак, MPG сетовите во ограничено издание имаат MPG број и на играчките и на етикетите.

Забрана за продажба или увоз во САД Додека Киндер-јајцата беа достапни во Канада уште од 1975 година, производот никогаш не се одобри за користење во САД од неколку одредени причини. Во 1993 година Фереро Групацијата (создавачите на Киндер-јајцата) даваат барање да ги пуштав во продажба чоколадните јајца во САД, но тоа барање било одбиено поради забраната да во внатрешноста на јадењето да има некаков објект. (Производите како Кракер Џек содржат играчки во исто пакување и не се предмет со забрана поради тоа што играчката е во кутија, а не во храна). Во поново време, Комисијата за безбедност на пошироката потрошувачка на производите, во 2008 година, одреди дека производот не ги исполнува условите за играчки за мали деца до три години, создавајќи опасност од задушување на малите деца. Од 1991 година до 1998 година, најмалку 4 деца низ целиот свет починале од задушување откако ја голтнале играчката која што се наоѓала внатре во Киндер-јајцето. Во 2012 година ФДА ги потврди нивните расудувања за рабраната, наведувајќи дека јајцата претставуваат здравствен ризик, со тоа што потрошувачот може без знаење да се задави од играчката во внатрешноста. На 10 јануари 2011 година, беше објавено дека Киндер-јајце било насилно одземено од автомобил на некоја жена, за време на случајна инспекција при влегувањето од Канада во САД. Таа беше информирана дека внесувањето на Киндер-јајце во САД може да ја цини парична казна во износ од 300 долари. Нападите како овој, и дури и забраната за самиот производ, се наоѓаат ни на страните на некои политички блогови и веб форуми како пример за примена на законот. Образложението против забраната за производот, исто така, ја зема и формата дека смртните случаи биле во многу мал број, за да тоа се смета за сериозна опасност. Покрај тоа, аргументот е направен дека треба да има стандард во место, како што неколку други полоши опасности не се регулирани.

Други различни видови на Киндер-јајца Во прилог на главната линија на Киндер-јајцат, огромните Киндер-јајца познати како „Макси јајца“ исто така се произведуваат. Тие имаат исто така играчки, но овие се многу поголеми од оние во регуларната големина. Во потоплите места, како во Италија и Грција за време на летото, Киндер-јајцата не се продаваат поради тоа што има многу високи температури;Киндер Мерендеро може да го замени Киндер-јајцето во овој период, Тие се продаваат под името на Киндер Џој во Австрија, Бразил, Чешка, Унгарија, Германија, Грција, Индија, Хрватска, Индонезија, Израел, Полска, Романија, Словачка, Шпанија, Тајван, Хонгконг, Португалија, Колумбија, Јужна Африка, Аргентина, Украина, Камерун, лискиот исток и други разни земји од Латинска Америка.