Кинг-Конг (филм од 1976)
Кинг-Конг (англиски: King Kong) — американски филм од 1976 година, во режија на Џон Гилермин (John Guillermin), снимен по сценариото на Џејмс Ешмор Крилман и Рут Роуз. Главните улоги ги играат: Џеф Бриџис, Чарлс Гродин и Џесика Ланг. Овој е вториот филм за Кинг-Конг, а продуцент е Дино де Лаурентис, кој со овој филм ја промовирал својата нова ѕвезда Џесика Ланг, која за својата прва филмска улога ја освоила наградата „Златен глобус“. Покрај тоа, филмот бил награден со „Оскар“ за специјални ефекти.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Сопственикот на нафтени полиња Фред Вилсон (го игра Гродин) организира експедиција на еден непознат остров во Индискиот Океан во потрага по нафта. На бродот, како безбилетник, се качува и палеонтологот Џек Прексот (го игра Бриџис), а случајно тука се наоѓа и младата глумица, убавата Дон (ја игра Ланг). Кога бродот пристигнува на брегот, обвиткан во магла, екипажот здогледува примитивно племе и еден голем ѕид кој ги штити од таинствениот бог Кинг, кој е огромен мајмун...