Кинг Едвард Поинт
Кинг Едвард Поинт King Edward Point | |
---|---|
Кинг Едвард Поинт | |
Местоположба на Кинг Едвард Поинт и Гритвикен во Јужна Џорџија | |
Земја | Обединето Кралство |
Територија | Јужна Џорџија и Јужни Сендвички Острови |
Оператор | Британско антарктичко истражување |
Основан | 1950 |
Население (2018) | |
• Лете | 22 |
• Зиме | 12 |
Час. појас | GST (UTC−2) |
Активнa | цела година |
Статус | работи |
Активности | поддршка на одржлив риболов |
Кинг Едвард Поинт (англиски: King Edward Point или KEP) — постојана станица Британското антарктичко истражување (БАИ) на островот Јужна Џорџија and is the седиште на прекуморската територија Јужна Џорџија и Јужни Сендвички Острови.[1] Сместен е во заливот Камберленд Исток на североисточниот брег на островот.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Подрачјето е истражено од Шведската антарктичка експедиција во 1901–04 г. под водство на Ото Норденшелд. Името го добила околу 1906 г. во чест на британскиот крал Едвард VII. Од 1909 г. наваму Кинг Едвард Поинт е седиште на британскиот управник на островот. Во 1925 г. владата на Обединетото Кралство ја изградила морската лабораторија „Дискавери хаус“ за океанографските експедиции Discovery Investigations.
Истражувачка станица
[уреди | уреди извор]На 1 јануари 1950 г. станицата влегла под надлежност на Фоклкандските Острови (Falkland Islands Dependencies Survey). Имала персонал од 1 јануари 1952 до 13 ноември 1969 г. Потоа се вселил персонал на Британското антарктичко истражување и останал сè до 1982 г.
На почетокот на Фолкландската војна на 3 април 1982 г. аргентинската војска ги окупирала Јужна Џорџија и ја затворила станицата. Подоцна истиот месец единиците биле истерани од островот во британската воена операција „Паракет“. Во 1991 г. биле назначени разни цивилни поморски службеници кои наплаќале царина и рибарина за Управата на Јужна Џорџија, и сместени во мал гарнизон.
На 22 март 2001 г. Британското антарктичко истражување (БИА) ја обновило работата на станицата во име на Управата на Јужна Џорџија и Јужните Сендвички Острови (GSGSSI). Највеќето стари и пропаднати објекти биле срушени за на нивно место да се изградат нови, со исклучок на „Дискавери хаус“ (1925) „Џеил“ (1912).
Денес станицата има дванаесет члена на БИА зиме, а 22 лица лете. На Кинг Едвард Поинт има двајца управни службеници плус партнери, со прекло од три месеци за време на зимската риболовна сезона. Летниот персонал од музејот во Гритвикен исто така се сместени во Кинг Едвард Поинт.
Постојаното присуство на станицата има и политичка цел: да ја го одржува британскиот суверенитет наспроти Аргентина која полага право на територијата.
Главни активности на станицата е применетото истражување на риболовот во име Управата на Јужна Џорџија и Јужните Сендвички Острови, помош за нејзината политика на одржливо управување со стопанскиот риболов, и пружање на логистичка поддршка за управните службеници.
Клима
[уреди | уреди извор]Кинг Едвард Поинт има тундранска клима (Кепен: ET) со долги студени зими и кратки свежи лета.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Local laws and customs - South Georgia and South Sandwich Islands (British Overseas Territory) travel advice - GOV.UK“. www.gov.uk (англиски). Посетено на 28 септември 2017.
- ↑ „Google Maps“. 54°17'00.0"S 36°29'39.0"W (англиски). Посетено на 25 јули 2018.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Кинг Едвард Поинт на Ризницата ?
- Кинг Едвард Поинт на портал за Јужна Џорџија (англиски)
- Станица „Кинг Едвард Поинт“, Јужна Џорџија, Британско антарктичко истражување (англиски)
|
|
|