Километражник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Километражник во централниот дел на брзиномер.

Километражник[1]мерен инструмент кој овозможува мерење на растојанието кое го поминува превозното средство. Овој уред може да биде електронски или механички.

Историја[уреди | уреди извор]

Реконструкција на километражникот на Херон Александриски, 1 век од нашата ера

Километражникот бил измислен во античко време за мерење на растојанија на теренот од страна на геометрите.

Како и многу други пронајдоци, километражникот е независно откриен на многу места и времиња, вклучувајќи ги:

Принцип на работа[уреди | уреди извор]

Километражник на Леонардо да Винчи (Codex Atlanticus f.1.r).

Тркалото, кое е во директен допир со тлото, се врти и покренува хоризонтална плоча. Оваа пак има кутии и секоја од нив содржи топче или камче. На одредена позиција, секоја кутија поминува преку дупка која ослободува едно топче кое паѓа во фиока. На крајот на мерењето бројот на паднати топчиња во фиоката го дава поминатото растојание. Очигледно е дека односот на пречникот на тркалото, запченикот и растојанието на кутиите на плочата треба да биде добро пресметан.

Токму на овој едноставен принцип се произведени првите механички мерни километражници кои биле вградени во велосипеди. При секое вртење на тркалото, со делче прицврстено на шпица, се активирал механизам кој, преку сет запченици, вртел плочки со броеви кои го означувале растојанието.

Механички километражник[уреди | уреди извор]

Механичките километражници се состојат од повеќе (кај автомобилите најчесто 5) дискови поставени еден до друг. Броевите од 0 до 9 се испишани на периметарот на секој од овие дискови. Дисковите се поставени на таков начин што е видлива само една цифра од секој диск. Секој диск е поврзан со систем за пренос кој се ротира 10 пати побавно од неговиот сосед десно, па оттука и бројот е децимален. Кај автомобилот, знаејќи го обемот на тркалата на возилото, може да се изведе растојанието кое истото го поминало. Во пракса, кабел го пренесува вртењето на секундарната оска на менувачот до километражникот на контролната табла или сет запченици обезбедува соодветен фактор на редукција.

Електронски километражник[уреди | уреди извор]

Постојат два начини на функционирање на електронските километражници:

  • Со зачувување на стариот механички систем (кабел со заштитна обвивка кој го поврзува излезот на информацијата за движењето до километражникот, кој е опремен со сетилник кој ја трансформира оваа ротација во електрични импулси);
  • Или како на најновата генерација на возила, чиј сетилник е интегриран во менувачот или друг уред за мерење на брзината и растојанието. Сетилникот е поврзан со едноставна жица која го пренесува сигналот до километражникот.

Баждарење и грешки[уреди | уреди извор]

Сите километражници можат да дадат погрешни мерења доколку се променат димензиите на пневматиците, поконкретно доколку на погонските тркала се монтираат пневматици чиј обем е различен од оној на оригинално монтираните.

За да се реши овој проблем, може да се додаде делумен (а понекогаш и целосен) електронски километражник заснован на компјутер, сличен на таксиметарот.

Измами[уреди | уреди извор]

Вредноста на возилото во голема мера зависи од нејзината километража, многу бројачи на километражата се менуваат со цел да се намали вкупно означената. Според една студија нарачана од Комитетот за транспорт и туризам на Европскиот парламент, измамите претставуваат помеѓу 5% и 12% од националната продажба на половни возила и помеѓу 30% и 50% од прекуграничната продажба.[2].

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]