Кизларско-Первомајска заложничка криза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кизларска заложничка криза
Дел од Прва чеченска војна
Датум 9 јануари – 18 јануари 1996
Место Кизлар, Первомајское и Советское, Дагестан (Русија)
Исход Чеченците успеале да побегнат
Завојувани страни
Flag of Russia.svg Руска Федерација
(Руска армија, ФСБ, МВР)
Flag of Chechen Republic of Ichkeria.svg Чеченска република Ичкерија
Команданти и водачи
Михаил Барсуков
Анатолиј Куликов
Александар Михајлов
Салман Радуев
Кункар Паша Израпилов
Турпал Али-Атгериев
Сила
повеќе од 2,400 (Первомајское) 150-300 до 400
Жртви и загуби
Кизлар
најмалку 26 [1] и 17 заробени во Первомајское
Кизлар
најмалку 35[2] и 11 заробени во Первомајское
24 во Кизлар
17 во Первомајское


Кизларска заложничка криза
Место Дагестан (Русија)
Датум 9 јанаури –10, 1996
Цел Кизлар
Вид на напад заложничка криза
Мртви најмалку 19


Первомајсковска заложничка криза
Место Дагестан (Русија)
Датум 10 јануари – 18 јануари 1996
Цел Первомајское
Вид на напад заложничка криза
Мртви најмалку78 [3]

Терористичкиот напад во градот Кизлар или Кизларската заложничка криза е напад на група чеченски терористи кој траел во периодот од 9 до 18 јануари 1996 година за време на Првата чеченска војна. Наскоро по започнувањето на кризата, настанот се претворил воогромна заложничка криза во која биле вклучени илјадници цивили.

Кризата кулминирала кога во една битка кај селото Первомајское било уништено целото село од страна на руските безбедносни сили. За време на кризата, 41 цивили биле убиени, 37 руски војници и 90 чеченски терористи.

Почеток[уреди]

На 9 јануари 1996 година, чеченската единица предводена од Салман Радуев, кој делувал по наредба на Џохар Дудаев, започнал заложничка криза слична на Будјоновската криза во Дагестан. Бунтовниците предводени од самиот Радуев навлегле во градот Кизлар каде под своја контрола зеле од 2,000 до 3,400 заложници[4] во локалната болница. Според руски извори, немало повеќе од 1.200 заложници. Во текот на операцијата, најмалку 13 лица загинале во уличните борби[5] и 19 во опсадата на болницата, вклучувајќи и 24 цивили[6]).[7].

Сите 120 заложници биле ослободени следниот ден, откако руските власти изјавиле дека бунтовниците мораат најпрвин да ги ослободат заложниците за да им биде гарантиран безбедносен премин назад во Чеченија.[8].

Опсада на Первомајское[уреди]

Бунтовниците по крајот на заложничката криза во Кизлар, во колона од 11 автобуси и два камиони биле упатени назад во Чеченија. Но конвојот бил сопрен откако руските хеликоптери наеднаш отвориле оган кон конвојот. Група од 37 полицајци кои биле во придружба на конвојот се предадиле на чеченските бунтовници[6]. По ова, чеченските сили навлегле во селото Первомајское, каде успеале да го заробат населението, се засолниле во локалната џамија и им наредиле на заробените полицајци да започнат да копат ровови. Според податоците, Чеченците заробиле дополнително околу 100-тина заложници од селското население[9].

Рускиот претседател Борис Елцин зборувал на националната телевизија и дал детален опис како 38 снајперисти[10][11][12] требало да го покријат целосно селото. Пред да започне нападот, руските власти објавиле дека чеченските сили обесиле шест руски војници[13]. Во наредните три дена, руските сили постојано се обидувале да се пробијат во селото, подржувани од тешко вооружување. Во нападите биле убиени најмалку 12 цивили,[14]вклучувајќи го и полковникот Андреј Крестјанинов[15]. На 12 јануари 1996 година, бунтовниците изјавиле дека ќе ги ослободат сите заложници, но во замена ги сакале политичарите Григориј Јавлински и Јегор Гаидар, кој бргу се согласиле, и пензионираните генерали Борис Громов и Александар Лебед, кои го одбиле повикот.[7]

Откако преговорите не успеале, министерот за внатрешни работи на Русија, Анатолиј Куликов и шефот на ФСБ Михаил Барсуков лажно изјавиле дека машките заложници започнале да ги убиваат чеченските бунтовници.[16]. По ова, руските команданти наредиле на своите сили да отворат оган врз селото со тенкови и повеќе ракетни фрлачи. Генерал-мајорот Александар Михајлов изјавил дека бунтовниците убиле поголем дел од заложниците[14], а премиерот Виктор Черномирдин пак изјавил дека во селото нема преживеано никој од заложниците. И покрај погрешната изјава, борбите продолжиле и најмалку 16 цивили загинале[1].

Крај на нападите[уреди]

И покрај убедувањето на рускиот министер за внатрешни работи дека селото е опколено, Радуев и неговите луѓе успеале да побегнат од селото заедно со уште 20 руски полицаи и неколку цивили. Голем дел од повредените бунтовници биле пренесени на носилки, а околу 20 сериозно повредени биле оставени во селото. Во исто време, од 200 до 300 герилци, испратени од Дудаев, ја преминале границата со Чеченија, и презеле едно училиште во селото Советское, на само неколку километри од настанот. Терористите успеале да побегнат.

Број на жртви[уреди]

Според извештаите, 37 руски војници и 41 цивили беа убиени за време на нападот.[17] Според Аслан Масхадов, 90 чеченски борци загинале во нападите[18], додека пак Елцин изјавил дека нивниот број бил 153, а 30 биле заробени[6][13].

Најмалку 65 лица, вклучувајќи и 24 цивили, биле пријавени за убиени во Кизлар.

Последици[уреди]

На 19 јануари 1996 година, Радуев предложил размена на полициските заложници со чеченските заробеници. Според посебна резолуција од Државната дума, биле амнестирани 11 герилци. Тие биле заменети со 17 полицајци. На 27 јануари 1996 година, 26 мртви чеченски борци биле заменети со заложниците[19]

Заложничката драма исто така предизвикала и поделеност меѓу чеченските сили. Самиот Салман Радуев бил осуден од страна на врвот на чеченскиот бунтовнички лидер[2]. Радуев бил фатен од страна на Русите во текот на Втората чеченска војна и во 2001 година бил осуден на доживотен затвор. Тој починал во 2002 година, Истата година, Турпал Али-Атгериев бил осуден на 15 години затвор, кој исто така починал во затворот. И двајцата герилци починале под многу сомнителни околности.[20]. Други два учесника во нападот биле осудени и тоа: Асланбек Алказуров на пет години затвор (починал во 2004 година[21] и Хусеин Гасумов на осум години затвор[22].

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Rebels apparently gone; hostages free CNN, January 18, 1996
  2. 2,0 2,1 Chechen rebels survive, prolong hostage crisis CNN, January 24, 1996
  3. Salman Raduyev; Obituary The Register, 17 December 2002
  4. Former Chechen Rebel Leader, Once a Thorn in Russia's Side, Dies in Prison The New York Times, March 16, 2008
  5. Chechen rebels hold at least 1,000 hostages in hospital CNN, January 9, 1996
  6. 6,0 6,1 6,2 Fog of battle clouds Pervomayskoye's ugly truth The Independent, Jan 20, 1996
  7. 7,0 7,1 Chechens offer trade: Hostages for politicians CNN, January 13, 1996
  8. Chechens threaten to kill remaining hostages CNN, January 11, 1996
  9. DEADLOCK IN PERVOMAYSKOE Radio Free Europe, 12 January 1996
  10. Is Yeltsin suicidal? The Indian Times, June 28, 1997
  11. Reinventing Tsar Boris The Moscow Times, April 12, 1997
  12. The last ring Kavkaz Center, May 10, 2001
  13. 13,0 13,1 Yeltsin Criticized for Handling of Chechen Hostage Crisis New York Times, January 20, 1996
  14. 14,0 14,1 Russians aim firestorm at hostage-takers CNN, January 17, 1996
  15. CHECHEN REBELS WIDEN RESISTANCE, HIJACKING A FERRY The New York Times, January 17, 1996
  16. Scores dead at end of hostage siege CNN, January 18, 1996
  17. Russia issues arrest warrant for Chechen rebel leader CNN, January 29, 1996
  18. Interview with Aslan Maskhadov
  19. YELTSIN, ZAVGAEV ON CHECHEN PROSPECTS. Radio Free Europe, 24 January 1996
  20. IMPRISONED CHECHEN FIELD COMMANDER DIES MYSTERIOUSLY CA-CI, December 16, 2002
  21. Secret execution of Chechens in prisons of Russia Chechenpress, 2 March 2004
  22. Raduev’s appeal rejected Prima News, 12.4.2002