Киевски меѓународен филмски фестивал „Молодист“

Од Википедија — слободната енциклопедија

Киевски меѓународен филмски фестивал „Молодист“ (украински: Київський Міжнародний Кінофестиваль "Молодість") е меѓународен филмски фестивал кој се одржува секој октомври во Киев, Украина. Започнал во 1970 година како дводневен фестивал на филмови, снимен од студенти на Киевскиот државниот институт за театарска уметност, биле презентирани во таа година 33 филмови[1].

Во 2010 година, (фестивалот одамна ја имал изменето својата првобитна структура) биле презентирани 439 филмови, што го прави најголемиот филмски фестивал во Украина, со публика од 127.000 посетители. Претседател на фестивалот е Андреј Халпахчи[2].

Тој е единствениот филмски фестивал во Украина, акредитиран од ФИАПФ (од 1991 година). Припаѓа меѓу 26 специјализирани филмски фестивали за меѓународни натпревари.

Фестивалот е познат и по тоа што на него, за првпат биле промовирани идните познати филмски автори и продуценти : Фред Келемен , Том Тикер, Дани Бојл, Франсоа Озон, Андрас Монори, Илдик Ениди, Хера Попелар, [[Жак Одиар, Сергиј Маслобојчиков, Алексиј Балабанов, Дени Евстињеев, Стефан Долдри[3].

Некои од учесниците, за првпат претставени на овој фестивал, подоцна биле добитници на низа светски филмски награди: Златна палма на Бруно Думонт и Наградата Оскар на Алан Брлинер[4].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Київський міжнародний кінофестиваль «Молодість»“. Архивирано од изворникот на 2020-05-13. Посетено на 2020-04-04.
  2. Київський міжнародний кінофестиваль «Молодість»
  3. Київський міжнародний фестиваль
  4. „Кінофестиваль "Молодість" обрав своїх переможців“. Архивирано од изворникот на 2018-12-26. Посетено на 2020-04-04.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]