Киевско-печерска иконописна работилница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Киевско-печерска иконописна работилница
Іконописна школа Києво-Печерської лаври
Карта
Општи податоци
ГрадКиев
ЗемјаУкраина

Киевско-печерската иконописна работилница (украински: Іконописна школа Києво-Печерської лаври) се наоѓа во Киевско-печерската лавра, во Киев, Украина.

Иконописното училиште долго време претставувало центар на старата украинска уметност. Својата работа односно основање го имала кон почетокот на 12 век.

Објектот во кој денеска е сместена школата бил изграден во 19 век. Во негова близина се наоѓа Трпезната црква. По револуцијата од 1917 година, во објектот била сместена сликарската школа на ликовни уметници на Украина.