Киднапирање (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Киднапирање (англиски: Аbduction) е американски акционен филм од 2011 година. Продуцент на филмот е Џон Снглтон, а во него глумат: Тејлор Лотне, Лили Колинс, Сигорни Вивер, Мариа Бело, Џејсон Исакс, Мајкл Нигвист и Алфред Молина. Во филмот се работи за еден тинејџер кој , кога ќе ја види својата слика како мало дете на една веб-локација за исчезнали лица, открива дека татко му и мајка му со кои живеел цел живот не му се вистинските родители. Премиерата на филмот беше направена на 23 септември 2011г. од страна на продукциската куќа,,Лајонсгејт".

Содржина[уреди | уреди извор]

Нејтон Харпер (Тејлор Лотне) е 18-годишно момче кое живее со своите ,,родители", Кевин(Џејсон Исакс) и Мара(Мариа Бело). Низ поголемиот дел од младоста тој има константни кошмари И поради тоа училишниот советник му препорачал да оди на консултација кај психијатарката д-р. Џералдин ,,Џери"Бенет(Сигурни Вивер) за да открие зошто му се случува тоа.

Едно утро,за време на часот по социологија, Нејтон добива задача да работи на еден проект за исчезнати деца заедно со неговата соседка и долгогодишна другарка Карен Марфи(Лили Колинс). Додека ја работат домашната задача заедно, Карен открива една веб-локација на која со помош на нова технологија се прикажани како одприлика би изгледале децата во денешно време. Нејтон забележува едно момче, Стивен Пирс, кое е сликано на околу 3-годишна возраст пред 15 години, а во денешно време би изгледало точно како него.

Тој оди во подрумот каде ги чуваат неговите работи од детството и ја наоѓа истата блуза која 4-годишниот Стивен ја носи на сликата. Кога ќе ја забележи и истата дамка на ракавот на блузата сваќа дека тој и Стивен се истата личност.

Многу љубопитен и заинтересиран, Нејтон се јавува на операторот на веб-локацијата, а не е свесен дека тој всушност е српски терорист. Операторот веднаш го известува својот командир, Никола Козлов (Мајкл Нигвист) ,за повикот и тој праќа двајца агенти во куќата на Нејтон. Тие ќе ги нападнат родителите на Нејтон, кои му викаат да бега додека не ги убиле. При нападот ја уништуваат куќата. Нејтон и Карен успеваат да побегнат низ еден прозор и се јавуваат во полиција, но повикот е преземен од оперативецот на ЦИА Франк Буртон (Алфред Молина), кој му кажува на Нејтон дека е во опасност. Потоа Франк веднаш испраќа тим да го пронајде Нејтон. Но пред да пристигне тимот, доаѓа ,,психијатарката"д-р.Бенет и му кажува на Нејтон дека на агентот Буртон не може да му се верува и го советува место да чека да тргне со неа. За време на патувањето таа му открива на Нејтон дека негов биолошки татко е Мартин (Дермот Мулрони)(чие лице всушност никогаш нема да го видиме), поранаешен агент на ЦИА кој украл еден список од Козлов на кој се напишани имињата на многу корумпирани оперативци и агенти на ЦИА. Козлов намерно ја направил таа веб-локација со цел да го пронајде Нејтон за потоа да може да го уценува Мартин и да го принуди да му го врати списокот.

Откако ќе го слушне повикот,човекот на Козлов се појавува на сцената. Д-р. Бенет му кажува на Нејтон да ја запамети адресата од една безбедна куќа во Арлингтон, Вирџинија и брзо да оди таму. Пред да си заминат д-р. Бенет го предупредува дека може да му верува само на татко му и на некој човек Пол Расен. Двајцата бегалци скокнуваат од колата додека д-р. Бенет вози за полесно да избегаат и они и таа. Д-р. Бенет за да им побегне на србите прави диверзија при што кога ќе стигне до градилиштето покрај патот крева во воздух неколку буриња со гориво.

Нејтон И Карен пристигнуваат во безбедната куќа, каде го пронаоѓа мобилниот телефон на неговиот (вистински) татко и слика и адреса од неговата биолошка мајка, Лорна Прајс (Елизабет Рем). Подоцна тие откриваат дека таа е мртва. Тогаш одат да го посетат нејзиниот гроб и Карен забележува дека некој донел свежи цвеќиња. Тогаш двајцата одат до блиската канцеларија да ги прашаат надлежните дали неодамна некој го посетувал гробот. За да дојдат до информацијата Карен го шармира вработениот и тој им кажува дека последен кој го посетил гробот бил Пол Расен од Небраска.

Но човекот кој е десна рака на Козлов ги следи и се качува во истиот воз. Кога Карен ќе отиде да земе храна тој ја киднапира, ја врзува и оди во нејзината кабина да се пресмета со Нејтон. По некое време Нејтон успева да го победи србинот и го фрла од возот. Но не пред да му го земе телефонот.

Во меѓувреме Карен успева да се ослободи со помош на срчи со кои успева да ја пресече самолепливата лента на нејзината уста. По тоа таа брза да се врати во кабината и повторно да се сретне со Нејтон. Тогаш тој го активира системот за итно сопирање на возот. Возот запира и тие почнуваат да трчаат кон шумата додека службениците во возот трагаат по нив.

Агентот Бартон и неговите луѓе го пронајдоа покрај пругите исфрленото тело на србинот и започнаа потрага по двајцата млади бегалци кои според него сигурно не стигнале далеку. Агентите на ЦИА успеваат да ги најдат во шумата и агентот Бартон ги убедува дека ЦИА само сака да им помогне. Тој ги убедува така што ги поканува на хамбургер и милкшејк во еден ресторан во близина. Таму Бартон му објаснува на Нејтон од колкаво значење е шифрираниот список кој се наоѓа на телефонот на татко му кој тој го зема од безбедната куќа во Вирџинија.

Во тој момент, без никој да забележи Нејтон го разгледува шифрираниот список на телефонот(а на списокот стои и името на агентот на ЦИА Бартон). Но пред да успее Бартон да направи нешто, луѓето на Козлов го напаѓаат ресторанот со рафални истрели од автоматски пушки при што погинуваат неколкумина од луѓето на Бартон.

За време на збрката, Бартон и неговата партнерка агентот Барнс(Антоник Смит) возвраќаат на истрелите и ги убиваат сите луѓе на Козлов, но Нејтон и Карен успеваат да им побегнат. Тогаш заѕвонува мобилниот телефон на соучесникот на Козлов и Нејтон се јавува. Козлов му се заканува дека ќе ги киднапира и ќе ги убие родителите на Карен ако тој не му го врати списокот. Нејтон се согласува, но се договара со Козлов тој самиот да го избере времето и местото каде ќе се случи размената.

До тогаш Нејтон сваќа дека неговите кошмари се должат на поттиснатите сеќавања во врска со смртта на неговата мајка Лорна, која ја убил Козлов додека се обидувала да го заштити. (сцената на почетокот од филмот, каде тој на 3-годишна возраст се крие под креветот и е сведок на целата случка. Сега се му станува јасно.)

Нејтон планира списокот да му го даде на Козлов на безбол натпреварот на ,,Питсбург Пајретс", но тој и кажува на Карен дека тој всушност планира даго убие Козлов со пиштолот кој го пронајде во истата фиока каде ја најде и сликата од мајка му. Но, наеднаш тој добива повик од неговиот вистински татко, Мартин, кој исто така е на стадионот. Мартин го предупредува да не му го дава списокот на Козлов под никакви околности. Но Нејтон нема да го послуша неговиот совет и посегнува по пиштолот за да пука во Козлов. Сепак, србинот го надмудрува Нејтон и успева да му го украде пиштолот и го присилува да му го даде списокот.

Нејтон го избегнува Козлов и побегнува лизгајќи се по еден стаклен кров додека Козлов целло време го брка. Мартин му се јавува на Нејтон и му вели да го намами Козлов на отворено, надвор од стадионот. Нејтон прави така и во истиот момент кога Козлов се спрема да го убие Нејтон, Мартин го убива Козлов.Од една блиска катна гаража со помош на прецизен снајпер го погодува право во срцето.

Луѓето на агентот Бартон доаѓаат на местото и го опколуваат Нејтон. Бартон му вели на својот шеф дека ќе му го предаде списокот откако ќе го дешифрираат во седиштето на ЦИА. Но неговиот надреден открива дека Мартин ги предупредил дека Бартон ќе го каже тоа со цел да го отстрани своето име од списокот. Тие го приведуваат Бартон за подетално ,,испитување".

Мартин за последен пат му се јавува на Нејтон и му се извинува затоа што не бил покрај него како прав татко, но му кажува дека секогаш ќе внимава на него. Нејтон се сретнува со Карен и д-р.Бенет, која му кажува дека средила се за тој да може да дојде да живее со неа додека не заврши средно училиште. Потоа може да се исели за да се запише на колеџ или пак за да оствари некои други негови соништа. Нејтон и се заблагодарува и конечно заминува со Карен на вистински состанок. Приказната завршува со нив двајца како седат во празен стадион, кој сега го имаат само за себе.

Улоги[уреди | уреди извор]

Тејлор Лотне (Таѕлор Лаутнер ) како Нејтон Харпер Лили Колинс (Лилѕ Цоллинс) како Карен Марфи Алфред Молина(Алфред Молина) како Франк Бартон Џејсон Исакс (Јасон Исаацс) како Кевин Харпер Мариа Бело (Мариа Белло) како Мара Харпер Сигурни Вивер (Сигоурнеѕ Њеавер) како д-р Џералдин ,,Џери" Бенет Мајкл Нигвист (Мицхаел Нѕљвист) како Никола Козлов Елизабет Рем (Елисабетх Рöхм) како Лорна Прајс Аунџани Елис (Аунјануе Еллис) како Франческа Антоник Смит (Антониљуе Смитх) како Сандра Барнс Дермот Мулрони (Дермот Мулронеѕ) како Мартин Прајс

Продукција[уреди | уреди извор]

Развој[уреди | уреди извор]

,,Лајонсгејт" го купи сценариото за филмот ,,Киднапирање" во февруари,2010г. од сценаристот Шон Кристенсен (Схањн Цхристенсен), со актерот Тејлор Лотне како дел од филмот. Проуцентската куќа победи на јавното наддавање за сценариото и го купи за 1 милион долари. Групацијата ,,Готам" и ,,Вертиго Ентртејнмент"го разработија сценариото, кое се заснова на идеја на Џереми Бел кој е дел од групацијата ,,Готам".

,,Лајонсгејт" се брзаше да почне со снимање на филмот во јули поради распоредот на Лотне, кој требаше да работи на двете продолженија од сагата ,,Твилинг" за ,,Самит Ентертејнмент". Во март писателот Џефри Нахманоф беше задолжен да работи на сценариото, а Џон Синглтон да биде режисер.Продуценти на филмот се: Елен Голдсмит-Вејн, Ли Штолман, Рој Ли и Даг Дејвисон, а извршни продуценти се: Џереми Бел и Габриел Масон. Таткото на Лотне, Дан Лотне исто така беше продуцент на првиот филм на ,,Тејлор Мејд Ентертејнмент".

Снимање[уреди | уреди извор]

Со буџет од 35 милиони долари,снимањето почна на 12јули 2010г. во Питсбург,Пенсилаванија. Откако во 2008г. и 2009г. таму ги снимаше филмовите ,,Мојот крвав валентине 3Д", ,,Воин" и ,,Следните три дена", ,,Лајонсгејт" повторно се одлучи за таа област, благодарение на даночните придобивки од програмата за намалување на данок во Пенсилванија. На отворениот кастинг за статисти кој се одржа во универзитетот Карнеги Мелон во јуни, дојдоа преку 900 луѓе од кои повеќето беа тинејџери-фанови на серијата ,,Самрак".

Многу од сцените во филмот се снимаа во пригратската област Маунт Лебанон, додека некои пак се снимаа во општината Форвард. Исто така се снимаше и во спедното училиште Хамптон и во предградиоето Хамптон кое се наоѓа северно од Питсбург. Во филмот се појавуваат: името на училиштето и неговата маскота, Талботот Шбело ловечко кучеЌ,како и вистински ученици, навивачки и групата која маршира. Снимањето продолжи во Питсбург,Маунт Лебанон, Гринсбург и предградието Хамптон и траеше до септември 2010година.

Критички осврт[уреди | уреди извор]

Филмот Киднапирање беше изложен на остри критики од страна на филмските критичари. Агрегаторот за гледаност ,,Ротен Томатос" пријавил дека само 4 % од вкупно 92 критичари му дале позитивна отцена, со просечен рејтинг од 3,3 од 10. Консензусот на веб-локацијата гласи ,, бездушна и несоодветна акција/трилер што дури ни еден водечки актер,ветеран не би можел да ја спаси, а камо ли Тејлор Лотне. Метакритик, која доделува просечен резултат базиран на 100 прегледи на главни критичари, на филмот му додели 25 поени од 19 прегледи.

Овен Глајберман од Ентертејнмент Викли на филмот му даде оценка 3, коментирајќи дека Лотне не е лош актер, но ако сака да ја продолжи својата кариера и по филмот Самрак, треба да избира подобри филмови. Роџер Мур од Чикаго Трибјун изјави дека на филмот му дава две од четири sвезди, коментирајќи дека припаѓа на пазарот за млади, како и филмовите Самрак. Некои момент и многу говори изгледаат како да се копирани од таа серија. Ендру Баркер за филмот кажа дека е истрошен и направен набрзина и дека се граничи со евтина емитација, која никогаш не го надмина нивото на основна компетентност. Џејмс Берардинели даде една од четири sвезди и изјави за оние кои се рамнодушни на Лотне или не го сакаат, единствен начин да се преживее филмот Киднапирање е ако се под дејство на контролирани супстанции, но и тоа може да не е доволно. Кетрин Браун од Филминк исто така на филмот му упати остра критика, изјаваувајќи дека ,, Синглтон е слабо опремен да се справи со тинејџерскиот страв и го потврди фактот со засрамувачки дијалог и здрвен главен лик кој докажа дека сеуште не е во состојба да води цел филм.

Благајна[уреди | уреди извор]

По неочекувано слабото отварање, филмот имаше скромна благајна. Киднапирање заработи само 28 милиони долари на домашната сцена, но имаше подобар успех ширум светот, каде заработи 54 милиони долари,а вкупната заработка изнесуваше 82 милиони долари.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]