Киднапиран
Корица на првото американско издание на книгата од 1886. | |
Автор | Роберт Луис Стивенсон |
---|---|
Изворен наслов | Kidnapped |
Земја | Велика Британија |
Јазик | англиски, шкотски |
Жанр | авантуристички роман историски роман |
Издавач | Cassell and Company Ltd |
Издадена | 1886 |
Медиум | печатено |
Страници | 136 |
ISBN | 0-486-41026-9 |
OCLC | 43167976 |
823/.8 21 | |
Клас. КБ | PR5484 .K5 2000 |
Следна | Катриона |
Киднапиран (англиски: Kidnapped) е историско-авантуристички роман напишан од шкотскиот писател Роберт Луис Стивенсон. Романот бил напишан како „детски (момчешки) роман“ и за првпат бил издаден во списанието „Young Folks“ од мај до јули 1886 година. Брзо по издавањето на романот, истиот привлекол внимание и почит од различни писатели како што се Хенри Џејмс, Хорхе Луис Борхес и Шејмус Хини. Во 1893 година бил издаден романот Катриона, продолжение на романот. Романот е преведен на многу светски јазици, меѓу кои и на македонски.
Приказната на романот се одвива во 19 век во Шкотска и познати шкотски настани, како што е Апинското убиство, кое се одвило во близина на Балахулиш во 1752 година како последица на Јакобитското востание.[1][2] Поголем број од ликовите се вистински личности, меѓу кои и еден од главните ликови - Ален Брек Стјуарт. Политичката ситуација во тогашно време е претставена од различни погледи, а Шкотските Горјани се третираат со симпатија.
Според раните книживни критики на Киднапиран од 1886 година,[3] се мислело дека романот бил создаден според вистинската приказна на Џејмс Анесли, за кој се претпоставувало дека бил наследник на пет аристократски титули и кој бил киднапиран на 12 годишна возраст од неговиот чичко Ричард Анесли. Според теоријата, Џејмс бил испратен за Америка преку Даблин на брод во 1728 година.[4] Тој успеал да избега по 13 години и да се врати во родното место за да си го поврати наследството кое било заземено од неговиот чичко.[4] Биографот на Анесли изјавил дека Стивенсон не бил запознаен со сагата на Џејмс Анесли, кој до 1886 година веќе инспирирал четири други романи од 19 век.[3][4]
Ликови
[уреди | уреди извор]Дејвид Балфур е обвинет дека е учесник во Апинското убиство, вистински историски настан. Ликовите Ален Брек Стјуарт, Колин Рој Кемпбел, Џејмс Стјуарт од Глен, Клани Мекферсон и Робин Ојг Макгрегор биле вистински луѓе.[1]
Шоу
[уреди | уреди извор]- Дејвид Балфур - чесен 17 годишник кој тргнал на пат по смртта на неговиот татко. Неговата мајка умрела многу поодамна. Дејвид не е свесен дека е наследник на еден имот, Куќата на Шоу.
- Ебинзер Балфур - чичко на Дејвид Балфур. Ебинзер го наседнал Дејвид да ја напушти куќата која му следува и него. Прично тој се обидува да го убие Дејвид, но по неуспехот тој го праќа на број со намера да го продаде како роб.
- Александер Балфур: татко на Дејвид, чие наследство биле одземено од страна на неговиот брат Ебинзер.
- Г. Кемпбел - добро свештено лице од Есендин кој му помага на Дејвид на почетокот на приказната.
- Џенет Клустон - жена која е избркана од нејзиниот дом од страна на Ебинзер Балфур.
На морето и на Хебридите
[уреди | уреди извор]- Елајас Хосисон - капетан на бродот. Тој го купил Дејвид од Ебинзер со намера да го препродаде како роб во Америка.
- Г. Шуан - прв човек под капетанот Хосисон.
- Г. Рајах - втор човек под капетанот.
- Рансом - злоупотребено дете кое работи на бродот.
- Стар маж и неговата жена - стари, но добри, лица кои живеат на островот Мул. Тие му дале храна и пијалак на Дејвид, како и важни информации важни за неговата авантура.
- Водич - жител на островот Мул кој за пет шилинга го води Дејвид до Торосеј.
- Хектор Меклин - жител на островот Мул.
- Данкан Мекај - слеп човек кој му помага на Дејвид да помине делови од островот.
- Нејл Рој Макроб - пријател на Ален кој го носи Дејвид од Торосеј до копното на Шкотска.
- Гостилничар
Шкотски Гори
[уреди | уреди извор]- Алан Брек Стјуарт - Шкотски Горјанин кој бил во егзил во Франција. Тој станува пријател со Дејвид и му помага да помегнат од англиските власти.
- Колин Рој Кемпбел, познат и како „Црвена лисица“, шкотски лојален чиновник на англиската круна и главен противник на Дејвид и Ален Стјуарт.
- Џејмс Стјуарт од Глен - шеф на Шкотските Горјани. Тој е на чело на Кланот Стјуарт.
- Г-ѓа Стјуарт - жена на Џејмс Стјуарт.
- Клани Мекферсон - друг Шкотски Горјанин чија земја била одземена од Англичаните. Тој е јакобитски бунтовник, како и останатите Шкотски Горјани во романот.
- Робин Ојг - син на Роб Рој Мекгрегор.
- Хендерленд - евангелист кој станува пријател со Дејвид.
Книжевна критика
[уреди | уреди извор]„Киднапиран“ бил добро прифатен од страна на пошироката публика за време на периодот кога Стивенсон бил жив, но по неговата смрт голем број луѓе гледале со скептицизам и ја сметале книгата за „детска“. Сепак, до средината на XX век, книгата повторно се стекнала со одобрување и проучување. Книгата не дава точни историски податоци, но ја прераскажува јакобитската верзија на Апинското убиство.[1] Продолжението „Катриона“ било напишано во 1893 година, за време на периодот кога Стивенсон живеел на Самоа. Темата на романот е во добар дел романтичен, и помалку авантуристички, и не ја достигнал популарноста на „Киднапиран“.
Адаптации
[уреди | уреди извор]Романот доживеал неколку адаптации. На страницата за Роберт Луис Стивенсон има целосен список на дела излезени од „Киднапиран“.[5]
Некои од филмските адаптации на романот се: Киднапиран (филм од 1938), Киднапиран (филм од 1960), Киднапиран (филм од 1971), Киднапиран (филм од 1986), Киднапиран (филм од 1995) и Киднапиран (телевизиска серија).
Стрип брз база на „Киднапиран“ бил издаден во 2007 и 2008 од Marvel Illustrated во подготовка на Рој Томас и Марио Гали. Тие претходно го адаптирале романот „Островот на богатството“.[6]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Auslan Cramb (November 14, 2008). „18th Century murder conviction 'should be quashed'“. The Daily Telegraph.
- ↑ Стивенсон го променил датумот на Апинското убиство од мај 1752 во јуни 1751.
- ↑ 3,0 3,1 "The story behind Kidnapped"[мртва врска], Spectator readers respond to recent articles, Spectator, 3 March 2010
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Roger Ekirch, Birthright: the true story that inspired Kidnapped. ISBN 978-0-393-06615-9
- ↑ Robert Louis Stevenson Derivative Works
- ↑ CCI: Thomas and Gully Get "Kidnapped", Comic Book Resources, July 25, 2008
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- „Киднапиран“ од Роберт Стивенсон на sakamknigi.mk
„Киднапиран“ на Ризницата ? |
- Киднапиран на Проектот „Гутенберг“
- Филмски адаптации за „Киднапиран“' Архивирано на 16 февруари 2006 г..
- MacLachlan, Chistopher (2006). "Дополнителни мисли за „Киднапиран“ на Роберт Л. Стивенсон Архивирано на 11 јуни 2007 г..
- „Киднапиран“ Архивирано на 12 ноември 2012 г. - водич, тема, цитати и сл.
- The Stevenson Way долга прошетка низ дивините од Мул до Единбург, заснована на рутата во „Киднапиран“.
Оваа статија за книга е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|