Прејди на содржината

Кеј-поп: Ловци на демони

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кеј-поп: Ловци на демони
Членките на групата „Хантрикс“ (од лево кон десно: Мира, Руми и Зои) стојат на сцена, облечени како ловци на демони и држат оружје. Зад нив се гледа голем дигитален банер каде се во нормална облека промовирајќи ја нивната светска турнеја. Под платформата се гледаат демони, а во заднина се гледа панорамата на Сеул со кулата Н Сеул.
Плакатот на филмот
Режисер
  • Меги Канг
  • Крис Апелханс
ПродуцентМишел Вонг
Сценарио
  • Дања Хименес
  • Хана Макмејчан
  • Меги Канг
  • Крис Апелханс
ПриказнаМеги Канг[1]
Главни улоги
МузикаМарсело Зарвос[1]
КинематографијаГери Х. Ли[2]
МонтажаНејтан Шауф[3]
СтудиоSony Pictures Animation[4]
ДистрибутерNetflix[1]
Премиера20 јуни 2025 (2025-06-20)
Времетраење95 минути[5]
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет100+ милиони долари[6]
Бруто-заработка24,7 милиони долари

Кеј-поп: Ловци на демони (англиски: K-Pop Demon Hunters) — американски долгометражен сметачко-анимиран филм од 2025 г. во жанровите мјузикл и градска фантастика, во режија на Меги Канг и Крис Апелханс. Сценариото е напишано во соавторство со Дања Хименес и Хана Макмејчан. Проектот е создаден од студиото Sony Pictures Animation за преносната услуга Netflix, а главните ликови ги озвучуваат Арден Чо, Ан Хјо Соп, Меи Хонг, Ју Џи Јонг, Ким Јун Џин, Даниел Де Ким, Кен Џонг и Ли Пјонг Хон.

Според дејството, членките на женската кеј-поп група „Хантрикс“ водат двоен живот како пејачки и ловци на демони. Тие ѝ се спротивставуваат на машката група „Саџа бојс“, чии членови се всушност демони.

Канг се вдахнала од културата на нејзината родна Република Кореја, особено од митологијата, демонологијата и жанрот кеј-поп. Производството на филмот започнало во март 2021 г. При создавањето на визуелниот стил, аниматорите се вдахнале од концертно осветлување, модна фотографија, музички спотови, аниме и корејски серии. Звучниот запис содржи музика од Марсело Зарвос и оригинални песни од различни изведувачи.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот ги следи членките на светски познатата женска кеј-поп група „Хантрикс“, кои водат возбудлив двоен живот. Додека пред очите на јавноста тие се музички ѕвезди што настапуваат на распродадени концерти и ги освојуваат топ-листите, во тајност се обучени ловци на демони. Нивната мисија е да го заштитат светот од натприродни суштества што се закануваат да го нарушат мирот.

Главниот судир во приказната настанува кога групата се соочува со моќната машка група „Саџа бојс“. Зад нивната привлечна надворешност и популарност, членовите на оваа музичка група се всушност демони што ја користат својата положба во музичката индустрија за да ги остварат своите мрачни цели. „Хантрикс“ мора да ги искористат сите свои вештини, волшебно оружје и екипна работа за да ги победат демоните и да ја спасат својата култура и обожавателите од претстојното уништување.

Озвучување

[уреди | уреди извор]
Глумец Улога
Арден ЧоРуми
Ан Хјо СопЏину
Меи ХонгМира
Џи Јонг ЈуЗои
  1. 1 2 3 Netflix Press Release: Voice Cast and Crew for KPop Demon Hunters.
  2. „KPop Demon Hunters - Full Cast & Crew“. TV Guide. Посетено на December 8, 2025.
  3. „Nathan Schauf“. Sony Pictures Animation. Посетено на 16 јуни 2025.
  4. Variety: Sony Pictures Animation Announces K-Pop Demon Hunters.
  5. KPop Demon Hunters (2025)“. Fandango (англиски). June 20, 2025. Посетено на June 20, 2025.
  6. Puck: The Budget of KPop Demon Hunters.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]