Кејт Волш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Катлин Ерин “Кејт” Волш (родена на 13 октомври, 1967 година) е американска филмска и телевизиска актерка, во моментов позната по нејзината улога како Др. Адисон Монтгомери во драмите “Вовед во анатомија(Grey’s Anatomy) и “Прајват Практис(Private Practice) на телевизијатаЕјБиСи (ABC).

Младост[уреди | уреди извор]

Волш е родена во Сан Хосе, Калифорнија а пораснала во Тузон, Аризона. Нејзиниот татко бил ирец, жител на градот Наван во округот Мит а нејзиниот дедо од страна на нејзината мајка потекнува од Италија. Нејзината мајка Анџела живее во Невада и Волш има четири постари браќа и сестри. Има две сестри и два браќа, Шон и Џо, кои се режисери. Волш матурирала во средното училиште “Каталина Магнет(Catalina Magnet) а подоцна студирала на Универзитетот во Аризона некое време, каде се вмешала во регионалниот театар. Сега живее во Лос Анџелес. Била израсната со римокатоличка вера.

Кариера[уреди | уреди извор]

Почетна кариера[уреди | уреди извор]

Пред да биде модел, Волш работела во рестораните за брза храна “Бургер Кинг(Burger King) и “Дери Куин(Dairy Queen). Таа почнала како модел во Јапонија во 80-те години, каде што учела и англиски јазик. Подоцна се преселила во Чикаго и работела со работилницата и театар “Пивен Тиатар Воркшоп(Piven Theatre Workshop). Исто така се појавила и во медиите на “Нашонал Паблик Рејдио(National Public Radio) во изработка на радио драмата “Борн Гилти(Born Guilty). Волш подоцна се преселила во градот Њујорк и се придружила на комедиската глумечка екипа “Брн Менхетен(Burn Manhattan) на 27 јуни, 1987 година, изведувајќи бројни драми во театарот “Оф Бродвеј(Off Broadway).

Телевизиски улоги[уреди | уреди извор]

Откако ја глумела Кети Бакстон во епизода на “надгледување” во серијата “Оддел за убиства: Живот на улиците” во 1996 година, нејзиното прво телевизиско појавување било во 1997 година, кога се појавила во комедијата “Шоуто на Дру Кери(The Drew Carey Show) како ликот на Ники, девојката на Кери. Носела костим за да изгледа дебела бидејќи ликот на Ники била поранешна дебела жена која ослабела но полека почнала да ги враќа килограмите. Продолжи со претставување на Карол Нелсон во телевизиската серија “Умот на женетиот маж(The Mind of the Married Man) на програмата “ЕјчБиОу(HBO), и глумела во комедијата “Д Норм Шоу(The Norm Show) како љубовна заинтересираност на Норм Мекдоналд. Волш исто така гостувала и во серијата “ЦиЕсАј: Истрага на местото на злосторството(CSI: Crime Scene Investigation), како Мимоза, трансексуалец. Понекогаш се појавувала во скечови од шоуто “Доцна вечер со Конан О’Брајан(Late Night with Conan O’Brien). Имала периодична улога во серијата “Карен Сиско(Karen Sisco) како детективот Марли Новак во 2003 и 2004 година. Во 2005 година, глумела во сериите “Вовед во Анатомија(Grey’s Anatomy), како Др. Адисон Монтогмери, оддалечената сопруга на Дерек Шепард (во улога на Патрик Дампси), на телевизијата ЕјБиСи ( ABC). Во февруари, 2007 година било соопштено дека ликот на Волш од серијата “Вовед во Анатомија(Grey’s Anatomy), Адисон, ќе биде нуспродукт во серијата “Вовед во Анатомија(Grey’s Anatomy), која почнала да се емитува во септември, 2007 година. Тај Дигс, Тим Дејли, Ејми Бренеман, Крис Лоуел и Одра МекДоналд глумеле во нуспродуктот, кој бил насловен “Прајват Практис(Private Practice). Волш се вратила на болницата “Сиетл Грејс(Seattle Grace) како гостин во 13-та епизода од 4-та сезона и 15-та и 16-та епизода од 5-та сезона на серијата “Вовед во Анатомија(Grey’s Anatomy). Исто така се појави кратко во епизода од шестата сезона на серијата “Вовед во Анатомија(Grey’s Anatomy) да му помогне на Марк Слоан со новонајдената ќерка која е бремена. Подоцна се вратила во седмата епизода да ја оперира Др. Кали Торес (Сара Рамирез) бидејќи имала сообраќајна несреќа и било потребно итно ци-сечење (c-section). Исто така се вратила во осмата сезона. Во моментот го глуми ликот на Адисон Монтогмери во четвртата сезона на серијата “Прајват Практис(Private Practice) за која телевизијата ЕјБиСи (ABC) нарачала цела сезона на епизоди. На 10 јануари, 2011 година, телевизијата ЕјБиСи (ABC) ја избра серијата “Прајват Практис(Private Practice) за есенската сезона на 2011/2012 година (5-та сезона). Волш гостувала во музичката епизода на серијата “Вовед во Анатомија(Grey’s Anatomy), 7-ма сезона, 8-ма епизода, “Песна под песна(Song Beneath The Song). Во почетокот на септември, 2007 година, Волш се појавила во телевизиски реклами за брендот на колите “Кадилак СиТиЕс(Cadillac CTS) за 2008 година. Исто така во моментов е жена портпарол на колекцијата “Кеарс Егзотик Оил Инфужнс(Caress Exotic Oil Infusions) за миење на телото.

Улоги во филм[уреди | уреди извор]

Криминалната драма “Нормален живот(Normal Life) го обележал нејзиниот деби филм, ја глумела сестрата на ограбувач на банки во улога на Лук Пери. Таа играше улога на клептоман во филмот “Пепермилолс(Peppermills). Волш исто така се појавила во култниот филм “Хенри: Портрет на сериски убиец, 2 дел(Henry: Portrait of a Serial Killer, Part 2). Ја добила својата прва значајна улога во холивудска продукција на семејната комедија ”Удирање и врескање(Kicking and Screaming), како жена на Вил Ферил, заедно со Роберт Дувол и Мајк Дитка. Волш се појавила исто така и во неколку дрги филмови како што се: “Маѓепсани(Bewitched), исто со Никол Кидман и “алтернативен филм” на комедијата “Анкормен(Anchorman), насловен: “Разбуди се, Рон Баргунди: Изгубениот филм(Wake Up, Ron Burgundy: The Lost Movie). Во 2003 година, Волш се појави во романтичната драма “Под сонцето на Тоскана(Under the Tuscan Sun) заедно со Дајен Лејн и Сандра Ох. Ја глумела партнерката на ликот на Сандра Ох. Во поглед на неколкуте нејзини лезбејски улоги, Волш рекла: “Дали предизвикувам некоја вибрација како девојка на девојка, се прашувам? Или дали затоа што сум висока? Претпоставувам дека девојките едноставно трагаат по мене!” Волш исто така била поставена да глуми спроти Џон Кјусак и Семјуел Л. Џексон во надприродниот трилер “1408”, но морала да се повлече поради проблеми со распоредот. Волш глумела заедно со Денис Кајд и Пол Бетани во библискиот хорор филм “Легија(Legion), кој бил издаден на 22 јануари, 2010 година. На 9 мај, 2011 година, таа соопштила, преку нејзиниот твитер профил, дека почнала со снимање на филмот “Предностите да се биде девојка(The Perks of Being a Wallflower).

Театар[уреди | уреди извор]

Во мај 2010 година, Кејт Волш го остварила своето деби во татарот “Оф Бродвеј(Off-Broadway) спроти Пол Спаркс во светската премиера на театарот “Атлантик Tиатар Компани(Atlantic Theater Company) во романтичната драма “Даск Рингс а Бел(Dusk Ring’s A Bell) на Стивен Белбер. Новата драма почнала да се најавува на 19 мај, а била пуштена премиерно на 27 мај, на сцената на театарот “Атлантик” и се изведувала до 26 јуни. Весникот “Д Њујорк Тајмс(The New York Times) ја нарекол: “неверојатно прекрасна изведена драма.” Таа исто така имала долга театарска кариера во Чикаго, која вклучувала улоги во драмите “Среќен Роденден Ванда Џун(Happy Birthday Wanda June), “Д Данјуб(The Danube), “Месечина Под Мајами(Moon Under Miami) и “Троил и Кресида(Troilus and Cressida). Во Њујорк Волш била член на импровизираната комедиска трупа “Брн Менхетен(Burn Manhattan) и театарскиот ансамбл “Њујорк Сити Плејрс(New York City Players).

Мода[уреди | уреди извор]

Кејт ја основала компанијата за производи за убавина и животен стил “Бојфренд ЕлЕлСи(Boyfriend LLC) во ноември, 2010 година: парфем наречен “Бојфренд(Boyfriend). Водечкиот повеќеканален препродавач “ЕјчЕсЕн(HSN) и Волш станале партнери да го лансираат парфемот “Бојфренд”(Boyfriend) со појавувања во живо на актерката на “ЕјчЕсЕн”(HSN), на 11 и 12 ноември. Низата парфеми на Волш, вклучувајќи го и парфемот “Бојфренд”(Boyfriend), масло за врвовите на стапалата и посветените свеќи се продале за еден ден со што ги надминале очекувањата за продажбата. Со лансирањето на парфемот “Бојфренд”(Boyfriend), Волш издала 8 интернет реклами напишани и режирани од неа, пренесувајќи го чувството што аромата на “Бојфренд”(Boyfriend) бил развиен да го пробуди. Промовирајќи преку неколку социјални медиумски канали, вклучувајќи ги Твитер, ЈуТјуб и одредени блогови, интернет рекламите за парфемот “Бојфренд”(Boyfriend) биле прегледани повеќе од 200 000 пати до денес и биле издадени од Волш пред нејзиното појавување на “ЕјчЕсЕн”(HSN) да предизвика возбуда и исчекување.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Волш се омажила за филмскиот менаџер Алекс Јанг на 1 септември, 2007 година. Тие се венчале во Презветеријанската црква Оџаи, во Оџаи северно од Лос Анџелес. На 11 декември, 2008 година, било соопштено дека Јанг побарал развод по 15 месеци во брак. На 24 декември, 2008 година, Волш возвратила со пополнување за развод, демантирајќи го датумот на разделба подреден во документите за развод на Јанг. Разводот бил завршен на 5 февруари, 2010 година. Во септември 2009 година, Волш ја лансирала својата официјална веб страна.

Социјален и политички активизам[уреди | уреди извор]

Од летото 2007 година, Волш била портпарол на организацијата “Нарколепси Нетворк(Narcolepsy Network), работејќи да ја промовира националната свест за нарколепсија преку инфо реклами и ДВД. Во јануари 2008 година, волш учествувала во видео за демократско претседателскиот кандидат Барак Обама, наречено, “Да, Можеме(Yes We Can), произведено од пејачот Вил Ај Ем од групата “Д Блек Ајд Пис(The Black Eyed Peas). Таа исто така била активист за Обама во Аризона, Тексас, Невада и Пенсилванија. Во јули 2008 година, Волш била номинирана како кандидат за избор на Здружение на сили за место во националната говернерска комисија на синдикатот “Скрин Акторс Гилд(Screen Actors Guild) за изборите закажани за 18 септември, 2008 година. На 18 септември 2008 година, Волш била избрана да служи на синдикатот “Скрин Акторс Гилд”(Screen Actors Guild) за време од 3 години. Волш беше кандидат на партијата Здружени сили кои освоиле 6 од 11-те седишта на Холивудскиот оддел кои биле предмет на спор на неодамнешните избори на Националната комисија “Скрин Акторс Гилд(Screen Actors Guild). Волш го поддржува посвојувањето на домашни миленичиња и често прави кампањи за таа цел. На 7 февруари 2007 година, ја пресекла лентата на отварањето на нов центар за кучиња наречен “Педигри (Ар) Догстор (Pedigree ® Dogstore) во Тајмс Сквеар(Times Square). Во 2005 година, Волш се придружила на бордот на борци на организацијата “Пленд Перентхуд Федерејшн оф Америка(Planned Parenthood Federation of America), и во 2008 година ја добила наградата “Меги(Maggie Award) од организацијата “Пленд Перентхуд Федерејшн оф Америка”(Planned Parenthood Federation of America) за артист кој се бори за репродуктивно здравје и слобода. Кејт учествувала во бројни активности на организацијата ППФА, вклучувајќи државни настани за собирање средства, локални настани на ППФА за здружување, гала наградите на ППФА, и лоби денот на областа Капитол Хил(Capitol Hill) на кој ги промовираат потребите за детално сексуално образование. Во јануари 2009 година, Кејт одржала говор на свеченото претседателско отварање на ППФА во областа Вашингтон. Како што било соопштено на крајот на 2009 година, Волш станала партнер со океанската и група за одбрана “Осиана”(Oceana) за да бара поголема заштита на морските желки. Се придружила на експерти од групата на патување на Девствените Острови да сведочи на изведувањето на желките и преселување во морето. Со нејзини звборови: “Сакам да го изнесам зборот и да ги натерам луѓето да бидат свесни во врска со соочувањето на морските желки. Исто така сакам да помогнам во донесување прописен закон за опасните ловечки техники да се задржат на минимум и да се помогне за заштита на морските желки”. Волш ја споменала “Осиана”(Oceana) за време на нејзиното појавување на 16 септември 2010 година, на шоуто “Вечерно шоу со Џеј Лено(Tonight Show with Jay Leno). Таа му кажала на Лено дека нејзиниот фустан бил покриен со јапонските деликатеси суши и сашими, во чест на фустанот направен од говедско месо која го носела Лејди Гага на доделувањето на музичите награди за видео на програмата ЕмТиВи (MTV Video Music Awards) во 2010 година. Додека тврдела дека морската храна на фустанот била витална, Волш подоцна преку нејзиниот профил на твитер признала дека сушито било лажно. Неодамна присуствувала на состанокот во областа Капитол Хил(Capitol Hill) со кој ја обележале годишнината откако маслото на компанијата за масло и гас “БиПи(BP) се проширило.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Филм
Година Наслов Улога Забелешки
1996 година “Нормален живот”(Normal Life) Синди Андерсон
1997 година “Пепермилос”(Peppermills) Лина
“Ноќ на адвокатите”(Night of the Lawyers) Преси Брукс (Бајкер
1998 година “Хенри: Портрет на Сериски убиец”(Henry: Portrait of a Serial Killer) Крикет
“Три под нулата”(Three Below Zero) Мојрат
“Рај”(Heaven) Дајнер
2000 година “Семејниот човек”(The Family Man) Џини
2002 година “Анатоми оф а Брејкап”(Anatomy o a Breakup) Лора
“Ден во животот на Ненси М. Пајментал(A Day in The Life of Nancy M. Pimental) Кејт Директно на ДВД издание
2003 година “Под сонцето на Тоскана”(Under The Tuscan Sun) Грејс
2004 година “По зајдисонцето”(After the Sunset) Салиа
“Разбуди се, Род Баргунди: Изгубениот филм”(Wake up, Ron Burgundy: The Lost Movie) Сју Директно на ДВД издание
2005 година “Кикинг& Скриминг”(Kicking& Screaming) Барбара Вестон
“Инсајд Аут”(Inside Out) Тајн
“Маѓепсани”(Bewitched) Секси келнерка
2009 година “Уан Уеј ту Валхала”(One Way to Valhalla) Рејна
2010година “Легија”(Legion) Сандра Андерсон
2011 година “Ејнџелс Крест”(Angels (Crest) Роксан
2012 година “Предностите да се биде девојка”(The Perks of Being A Wallflower) мајка на Чарли
Телевизија
Година Наслов Улога Забелешки
1996 година “Убиства: Живот на улиците”(Homicide:Life of The Streets) Кати Бакстон 1 епизода
“Брза правда”(Swift Justice) Пола “Поли” Годард 1 епизода
1997 година “Закон и Ред”(Law& Order) Кирстин Блер 1 епизода
1997- 2001 година “Шоуто на Дру Кери”(The Drew Carey Show) Ники Фајфер 21 епизода
1998 година “Купидон’(Cupid) Хајди 1 епизода
1999 година “Турци”(Turks) Тери
“Шоуто на Мајк О’Мали”(The Mike O’Malley Show) Марша
2000 година “Проколнат”(Cursed) Стејс 1 епизода
2000- 2001 година “Шоуто на Норм”(The Norm Show) Џени 5 епизоди
2001 година “Бегалец”(The Fugitive) Агент Ив Хилиард 3 епизоди
“Умот на женетиот маж”(The Mind of the Married Man) Керол Нелсон 3 епизоди
2003 -2004 година “Карен Сиско”(Karen Sisco) Марли Новак 2 епизоди
2004 година “Џоинт Кастади”(Joint Custody) Флоренс
“Д Менс Рум”(The Men’s Room) Карен 3 епизоди
“ЦиЕсАј:Истрага на местото на злосторството”(CSI: Crime Scene Investigation) Мимоза 1 епизода
“Комплит Саваџес”(Complete Savages) Меги 1 епизода
2005 година “Боби Канон”(Bobby Cannon) Лондон Телевизиски филм
“Очи”(Eyes) Кендал Џад 1 епизода
2005 година – до денес “Вовед во анатомија”(Grey’s Anatomy) Др. Адисон Монтгомери Редовна во поранешните серии (2005 -2007 година), повремено појавување како гостин (2007 година до денес)
2007 година- до денес “Прајват Практис”(Private Practice) Др. Адисон Монтгомери Главен лик
2008 година “Апрајт Ситизенс Бригејд: Аскет”(Upright Citizens Brigade: Asssscat) Гостин монологист Телевизиски филм
2009 година “Крал од ридовите”(King of the Hill) Кат Саваџ 1 епизода
2011 година “Комеди Централ Роуст оф Чарли Шин”(Comedy Central Roast of Charlie Sheen)

Роустер

Награди и номинации
Година Награда Резултат Категорија Серии
2006 година Номинирана Извонредна изведба со една група во драмска серија “Вовед во Анатомија”(Grey’s Anatomy)
2007 година “Скрин Акторс Гилд Аворд”(Screen Actors Guild Award) Освои Извонредна изведба со една група во драмска серија “Вовед во Анатомија”(Grey’s Anatomy)
2008 година Номинирана Извонредна изведба со една група во драмска серија “Вовед во Анатомија”(Grey’s Anatomy)