Прејди на содржината

Кеч

Од Википедија — слободната енциклопедија
Трипл Ејч против Џон Сина

Кеч — разговорно име за еден вид забавна емисија што користи различни боречки вештини и техники на борење. Во Канада и САД борењето се нарекува професионално борење, а спортското борење (слободно, класично, самбо итн.) се нарекува љубителско борење. Причината е што во љубителското борење борачите не се платени за своите излегувања, за разлика од оние во професионалното борење.[1][2] Борачите што учествуваат во натпревари по кеч се нарекуваат кечери.

Водечките компании за кеч се WWE, AEW и Impact Wrestling, а во Јапонија — NJPW.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Изразот „кеч“ потекнува од турнирите во борење што се одржувале во САД на почетокот на XX век — „Catch as Catch Can“, што во превод значи „Фати што можеш“. Како што се подразбира од името, нема забранети задржувања во играта. Натпреварите биле доста крвави и често завршувале со смрт на еден од учесниците.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Shoemaker (2013). The Squared Circle, p. 27: "... the people who were clued in were happy to play along to further their enjoyment."
  2. „professional wrestling“. TheFreeDictionary.com (англиски). Посетено на 2024-05-09.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]