Кетски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кетски јазик
Остыганна ӄа'
Застапен воРусија
ПодрачјеКраснојарски крај
Народ1,220 Кети (попис2010)
Говорници213  (2010)[1]
Јазично семејство
денеенисејско?
Писмокирилица
Јазични кодови
ISO 639-3ket
Linguasphere43-AAA-a

Кетскиот е енисејски јазик кој се зборува во Сибир (Краснојарски крај) во Русија. Долги години се верувало дека јазикот е јазичен изолат, но денес е познато дека е дел од енисејските јазици. Кетскиот е единствениот жив енисејски јазик, кој е воедно и загрозен во однос на неговиот опстанок.[2] Кетите живеат по реката Енисеј.

Документирање[уреди | уреди извор]

Најраните записи за јазикот биле објавени од Питер Сајмон Палас во 1788 во неговиот дневник „Патешествија по разните покраини на Руската Држава“. За време на 19 век, руските јазичари по грешка го сметале јазикот за угрофински, поточни хантиски дијалект. Во 1934 година Каргер ја објавил првата кетска граматика, како и првиот кетски буквар.

Фонологија[уреди | уреди извор]

Самогласки[уреди | уреди извор]

предни средни задни
затворени i ɨ u
средни ɛ1 ə ɔ
отворени a

Согласки[уреди | уреди извор]

двоусни алвеаоларни непчени меконепчени ресни грлену
носни m n ŋ
избувливи безвучни t k q
звучни b d
струјни централни s ç h
странични ɮ

Писмо[уреди | уреди извор]

Латинско писмо од 1930:

A a Ā ā Æ æ B b Ç ç D d E e Ē ē
Ə ə F f G g H h Ҕ ҕ I i Ī ī J j
K k L l M m N n Ņ ņ Ŋ ŋ O o Ō ō
P p Q q R r S s Ş ş T t U u Ū ū
V v Z z Ƶ ƶ Ь ь

Кирилско писмо од 1980:

А а Б б В в Г г Ӷ ӷ Д д Е е Ё ё
Ж ж З з И и Й й К к Ӄ ӄ Л л М м
Н н Ӈ ӈ О о Ө ө П п Р р С с Т т
У у Ф ф Х х Ц ц Ч ч Ш ш Щ щ Ъ ъ
Ә ә Ы ы Ь ь Э э Ю ю Я я

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Перепись-2010 - Population of the Russian Federation by Languages (in Russian)“ (PDF). gks.ru. Russian Bureau of Statistics. конс. 1 November 2017. 
  2. „UNESCO Atlas of the World's Languages in danger“. www.unesco.org. конс. 2016-06-03. 

Литература[уреди | уреди извор]

  • Georg, Stefan (2007). Introduction, Phonology, Morphology. 1. Folkestone, Kent, UK: Global Oriental Ltd. ISBN 978-1-901903-58-4. 
  • Karger, N. K. (1934). Кетский язык. — Языки и письменность народов Севера. Ч. III. Moscow, Leningrad. 
  • Kreinovich, E. A. (1968). Кетский язык. — Языки народов СССР. Т. V., Leningrad. 
  • Vajda, Edward J. (2000). Ket Prosodic Phonology. 15. Munich: Lincom Europa. 
  • Vajda, M. Zinn, E.; Zinn, M. (2004). Morfologicheskii slovar ketskogo glagola: na osnove iuzhno-ketskogo dialekta. = Morphological dictionary of the Ket verb: Southern dialect /. 
  • Vajda, Edward J.; Kari, J., Editor; Potter, B. (2010). Siberian Link with Na-Dene Languages The Dene–Yeniseian Connection'. 5. Fairbanks: University of Alaska Fairbanks, Department of Anthropology. стр. 33–99. 
  • Kotorova, Elizaveta, and Andrey Nefedov (eds.) (2015). Comprehensive Ket Dictionary / Большой словарь кетского языка (2 vols). Languages of the World/Dictionaries (LW/D) 57. Munich: Lincom Europa.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]