Прејди на содржината

Кетрин Њутн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кетрин Њутн
Кетрин Њутн во февруари 2023
Роден(а)Кетрин Лав Њутн
8 февруари 1997(1997-02-08)(27 г.)
Орландо, Флорида, САД
ЗанимањеГлумица
Активен период2001–денес

Кетрин Лав Њутн (родена на 8 февруари 1997)[1] ― американска глумица. Таа е позната по главните улоги: Луиза Брукс во хумористичната серија Разведениот Гери (англ. Gary Unmarried; 2008-2010), Абигејл Карлсон во драмската серија Големи мали лаги (англ. Big Little Lies; (2017-2019)) и Али Пресман во тинејџерската драмска серија на Нетфликс. Општество (англ. The Society; 2019). Таа, исто така, е позната по улогата на постарите верзии на Клер Новак во научнофантастичната серија „Натприродно“ (2014–2018) и Џоани Кларк во драмската серија „Застани и гори“ (англ. Halt and Catch Fire; 2016–2017). [2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Њутн е родена во Орландо како единствено дете на Робин и Дејвид Њутн.[3] На осумгодишна возраст, почнала да игра на голф-турнири.[4]

Њутн матурирала во средното училиште Нотр Дам во 2015 година.[5] [6] Таа беше член на женскиот голф-тим во средното училиште и му помогнала тимот да освои три првенства во лигата.[7] [8] Таа сакала да игра на Отвореното првенство на САД во 2012 година, но морала да се повлече од квалификациите откако ѝ била доделена главната улога во филмот Паранормална активност 4.[9]

Таа ги одложила студиите на Универзитетот во Јужна Калифорнија (USC) за да ја продолжи нејзината актерска кариера.[4]

Кариера[уреди | уреди извор]

Њутн на интервју за филмот Паранормална активност 4 (2012)

Кариерата ја започнала на четиригодишна возраст во сапунската опера „Сите мои деца“ (<i>All My Children</i>),[10] во која глумела од 2001 до 2004 година. Во 2008 година, Њутн била избрана за улогата на Луиз Брукс во телевизиската серија на CBS, Разведениот Гери (Gary Unmarried). На нејзини дванаесет години, нејзиното семејство се преселило во Лос Анџелес,[11] каде што учела во средното училиште Нотр Дам.[12]

Во 2010 година, Њутн освоила две Награди за млад уметник за „Најдобра изведба во ТВ-хумористична серија“ и „Најдобра изведба во ТВ-серија (комедија или драма)“ за Разведениот Гери. Њутн ја играла улогата на Чејс Рубин-Роси во филмот Лош учител (Bad Teacher) од 2011 година.[13] Таа била во главната улога во филмот од 2012 година „Паранормална активност 4“[14] и за нејзината изведба во филмот освоила награда на 34. Награди за млад уметник. Од 10-тата сезона, таа го глумела ликот на Клер Новак во Натприродно.

Во 2017 година, Њутн се појавила во серијата на HBO Големи мали лаги (Big Little Lies) заснована на истоимениот роман од Лијан Мориарти.[15] Таа исто така имала големи улоги во филмовите: Три билборди пред Ебинг, Мисури и Бен се врати (Ben Is Back).

Њутн во 2019 година

Њутн ја играла Луси во Детектив Пикачу, акционен филм од 2019 година, заснован на истоимената видео игра.[16] Таа, исто така, ја играла главната улога на Али во драмската серија на Нетфликс, Општесттво (The Society), премиерно прикажана на 10 мај 2019 година. Во 2020 година, таа глумела во пофалената хорор-комедија Откачена (Freaky) во режија на Кристофер Лендон, во улога на тинејџерка која ги менува телата со сериски убиец.[17] Во 2021 година, таа се појавила во Мапа на ситни совршени нешта, во режија на Ијан Семјуелс.[18] Таа ја играла улогата на Кеси Ланг [19] во филмот од Марвеловиот кинематографски универзум Антмен и Оса: Квантуманија (Ant-Man and the Wasp: Quantumania) како замена за Ема Фурман.[20][21]

Во 2024 година, Њутн ја глумела Бритни Винер во Винер, црна комедија за Ријалити Винер, премиерно прикажан на филмскиот фестивал „Санденс“ на 20 јануари 2024.[22] Таа ја играла улогата на Лиза во хорор-комедијата Лиза Франкенштајн, прераскажување на Франкенштајн во стил на 1980-тите, во режија од Зелда Вилијамс.[23] [24] Таа ја играла Семи во Абигејл, хорор-филм со вампири, премиерно прикажан на филмскиот фестивал „Оверлок“ на 7-ми април 2024.[25] [26]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Kathryn Newton – Rotten Tomatoes“. www.rottentomatoes.com. Архивирано од изворникот на September 21, 2020. Посетено на November 12, 2020.
  2. „Teen Actress Newton Hopes To Star In Women's Open“. Архивирано од изворникот на 14 September 2017. Посетено на 18 December 2017. Архивирано на {{{2}}}.
  3. Shefter, David (1 May 2012). „After appearing in "Gary Unmarried," "Bad Teacher," 15-year-old seeks role on golf's biggest stage“. United States Golf Association. Архивирано од изворникот на September 14, 2017. Посетено на 29 May 2019.
  4. 4,0 4,1 Kaspriske, Ron; Iooss, Walter Jr. „Think Young, Play Hard: Kathryn Newton“. Golf Digest (англиски). Архивирано од изворникот на July 24, 2019. Посетено на 2020-02-08. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „auto“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  5. NEWTON, KATHRYN (2015-06-01). „The moment b4 I really graduated. #imadeit #classof2015pic.twitter.com/tdfqIutz3e“. @kathrynnewton (англиски). Архивирано од изворникот на March 1, 2022. Посетено на 2020-02-08.
  6. „Starring Kathryn Newton | kathrynnewton.net“. Starring Kathryn Newton. 2018-10-12. Архивирано од изворникот на February 21, 2020. Посетено на 2020-02-08.
  7. „HIGH SCHOOL ROUNDUP: Record-setting round for Kathryn Newton, Notre Dame girls golf team“. Daily News (англиски). 2013-09-05. Архивирано од изворникот на March 9, 2023. Посетено на 2020-02-08.
  8. „Roundup: Katelyn Reynolds, Kathryn Newton lead Notre Dame girls golf team past Harvard-Westlake“. Daily News (англиски). 2013-10-10. Архивирано од изворникот на October 14, 2013. Посетено на 2020-02-08.
  9. Lowe, Justin (2012-10-17). „Paranormal Activity 4: Film Review“. The Hollywood Reporter (англиски). Посетено на 2024-02-02.
  10. „After appearing in "Gary Unmarried," "Bad Teacher," 15-year-old seeks role on golf's biggest stage“. USGA. May 1, 2012. Архивирано од изворникот на February 16, 2016. Посетено на February 11, 2016. Архивирано на 14 септември 2017 г.
  11. „Big Little Lies Star Kathryn Newton Is Taking Over Screens Big and Small“. Vogue. 18 May 2018. Архивирано од изворникот на July 24, 2019. Посетено на July 24, 2019.
  12. „The Best Golfer in Hollywood: Kathryn Newton can light it up on screen or on the course“. Golf Digest. 17 June 2015. Архивирано од изворникот на July 24, 2019. Посетено на July 24, 2019.
  13. „I Felt Invincible: Kathryn Newton on Paranormal Activity 4“. CraveOnline. October 19, 2012. Архивирано од изворникот на February 16, 2016. Посетено на February 11, 2016.
  14. „It's scream season already as scary movies crowd calendar“. USA Today. August 31, 2012. Архивирано од изворникот на September 3, 2012. Посетено на September 3, 2012.
  15. „Alexander Skarsgård and James Tupper Join HBO's 'Big Little Little Lies'. Variety. January 5, 2016. Архивирано од изворникот на February 16, 2016. Посетено на February 11, 2016.
  16. Kroll, Justin (November 29, 2017). 'Big Little Lies' Actress Kathryn Newton to Star in Live-Action Pokemon Movie“. Variety. Архивирано од изворникот на November 30, 2017. Посетено на November 29, 2017. Архивирано на 30 ноември 2017 г.
  17. N'Duka, Amanda (August 29, 2019). „Vince Vaughn, Kathryn Newton Topline Chris Landon Body-Swapping Blumhouse Thriller“. Deadline Hollywood. Архивирано од изворникот на May 27, 2022. Посетено на October 24, 2019.
  18. Donnelly, Matt (February 13, 2020). „Amazon Studios Boards 'Map of Tiny Perfect Things' From Akiva Goldsman and FilmNation (EXCLUSIVE)“. Variety. Архивирано од изворникот на February 13, 2020. Посетено на February 13, 2020.
  19. „Kathryn Newton On Starring In "Ant-Man and the Wasp: Quantumania". Vogue Hong Kong (англиски). Архивирано од изворникот на February 14, 2023. Посетено на 2023-02-14.
  20. D'Alessandro, Anthony (December 10, 2020). 'Ant-Man 3' Gets New Title; 'Big Little Lies' Actress Kathryn Newton Joins Cast“. Deadline Hollywood. Архивирано од изворникот на December 11, 2020. Посетено на December 10, 2020.
  21. Davids, Brian (2023-02-13). 'Ant-Man and the Wasp: Quantumania' Star Kathryn Newton Talks Referencing Young Cassie and Keeping the Faith for 'Freaky Death Day'. The Hollywood Reporter (англиски). Архивирано од изворникот на February 14, 2023. Посетено на 2023-02-14.
  22. Guy, Zoe (2024-01-24). „Winner Finds Humor in a Whisteblower Thriller“. Vulture (англиски). Посетено на 2024-04-18.
  23. „Focus Features' Lisa Frankenstein Horror-Comedy to Hit Theaters February 9, 2024“. www.focusfeatures.com (англиски). Посетено на 2024-04-18.
  24. „Why Lisa Frankenstein is a Camp Masterpiece“. Strike Magazines (англиски). Посетено на 2024-04-18.
  25. Anderson, Derek (2024-03-06). „The Overlook Film Festival 2024 Lineup Includes CUCKOO, ABIGAIL, 10th Anniversary Screening of Mike Flanagan's OCULUS, and More!“. Daily Dead (англиски). Посетено на 2024-04-18.
  26. „Kathryn Newton Shows Off a Pool Full of Bodies in Tour of the Abigail Set“. SYFY Official Site (англиски). 2024-03-28. Посетено на 2024-04-18.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]