Кети Рајкс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кети Рајкс
KathyReichs2.jpg
Роден/а7 јули 1948 (1948-07-07) (71 г.)
Чикаго, Илиноис, САД[1]
ЗанимањеФорензички антрополог
Писател
Професор[1]
НационалностАмериканка
ЖанрКрими
Значајни делаНе крши коски (2006)[1]
мрежно место
kathyreichs.com

Кетлин Џоан Тоел Рајкс (англиски: Kathleen Joan Toelle Reichs; р. 7 јули 1948[2]) е американски крими писател, форензички антрополог и академик.[1] Таа е асистент професор по антропологија на Универзитетот Северна Каролина во Шарлот; од 2016 е на отсуство на неопределено време.[3] Исто така се поврзува со Laboratoire des Sciences Judiciaires et de Médecine Légale за провинцијата Квебек. Рајкс е една од стоте антрополози со сертификат од Американскиот одбор за форензичка антропологија[4] и е дел од Одборот на директори на Американската академија за форензички науки. Нејзините ангажмани вклучуваат голем број на говорења низ целиот свет. Кети беше продуцент на ТВ серијата Коски|, која до одреден степен е базирана на нејзините романи, кои пак се инспирирани од нејзиниот живот.[1] Има две ќерки, Кери и Кортни и еден син, Брендан.[5]

Aкадемска кариера[уреди | уреди извор]

Рајкс ја добива својата диплома по антропологија при Американскиот Универзитет во 1971. Во 1972 магистрира, а во 1975 докторира по физичка антропологија на Севернозападниот Универзитет. Оттогаш, Рајкс предава на Универзитетот во Северен Илиноис, Универзитетот Питсбург, Универзитетот Конкордија и МекГил Универзитетот, а моментално е на отсуство од позицијата асистент професор по антропологија на Универзитетот Северна Каролина во Шарлот. Во минатото, Кети се кандидира за Канцеларијата на главен медицински испитувач во Северна Каролина.[6]

Рајкс се појавува во Танзанија за да сведочи на Интернационалниот криминален трибунал за Рванда на Обединетите Нации.[7] Таа му е асистент на д-р Клајд Сноу и Фондацијата за гватемалска форензичка антропологија во процесот на ексхумација во областа на Езерото Атитлан во висорамнините на југозападна Гватемала. Беше член на Тимот за оперативен одговор на катастрофи - ДМОРТ, чија задача беше да помогне при катастрофата на Светскиот трговски центар.

Академски трудови[уреди | уреди извор]

  • Quantified comparison of frontal sinus patterns by means of computed tomography. „Forensic Science International“ том  61: 141–68. октомври 1993 г. doi:10.1016/0379-0738(93)90222-v. 
  • Effect of age and osteoarthritis on bone mineral in rhesus monkey vertebrae. „Journal of Bone and Mineral Research“ (American Society for Bone and Mineral Research) том  8 (8): 909–17. август 1993 г. doi:10.1002/jbmr.5650080803. 
  • Forensic anthropology in the 1990s. „The American Journal of Forensic Medicine and Pathology“ том  13 (2): 146–53. јуни 1992 г. doi:10.1097/00000433-199206000-00014. 
  • Treponematosis: a possible case from the late prehistoric of North Carolina. „American Journal of Physical Anthropology“ том  79 (3): 289–303. јули 1989 г. doi:10.1002/ajpa.1330790305. 
  • Cranial suture eccentricities: a case in which precocious closure complicated determination of sex and commingling. „Journal of Forensic Science“ том  34 (1): 263–73. јануари 1989 г. 
  • DeRousseau, CJ; Reichs, KJ (јули 1987 г). Ontogenetic plasticity in nonhuman primates: I. Secular trends in the Cayo Santiago macaques. „American Journal of Physical Anthropology“ том  73 (3): 279–87. doi:10.1002/ajpa.1330730302. PMID 3618758. 

Академски книги[уреди | уреди извор]

Фикција[уреди | уреди извор]

Во прилог на техничките книги, Рајкс има напишано 19 романи, кои се преведени на 30 јазици.[8] Нејзината прва новела, „Веќе мртов“, ја освои наградата Артур Елис во 1997 за најдобар прв роман.[9]

Фиктивната хероина во нејзините романи, Темперенс Бренан е исто така форензички антрополог. Нејзиниот животен стил многу потсетува на животот на Кети,[10][11] што ја потврдува и изјавата на авторката дека таа и Бренан „имаат исто CV“[10] и дека некои од карактеристиките на Бренан се и нејзини,[11] но постои разлика во нивниот личен живот, како на пример алкохолизмот на ликот.[10] Добар дел од романите се базирани на вистинити научни факти и Рајкс изјавува дека таа е „многу совесна да ја напише науката правилно“ во нејзините книги.[12] Користи искуства од нејзината кариера, а за „Веќе мртов“ вели дека сè што напишала во книгата, всушност и го направила.[11] Во романот „Гробни тајни“, ги искористува своите искуства што ги стекнува при посетата на Гватемала.[12]

Исто така го има напишано серијалот за млади наречен Виралс, каде главната улога ја има внуката на Темперенс, Тори Бренан и неколку нејзини пријатели: Бен, Хирам, Шелтон и кучето - волк Купер.

Во нејзиниот последен роман, Две ноќи, објавен на 11 јули, 2017, централното место го зазема остра хероина.[13]

Темперeнс Бренан серијал[уреди | уреди извор]

Број Наслов Година Оригинален наслов Белешки
1 Веќе мртов 1997 Déjà Dead Награда Артур Елис за најдобар прв роман, 1997
2 Смрт на денот 1999 Death du Jour
3 Смртоносни одлуки 2000 Deadly Décisions
4 Фатално патување 2001 Fatal Voyage
5 Гробни тајни 2002 Grave Secrets
6 Голи коски 2003 Bare Bones
7 Понеделничко оплакување 2004 Monday Mourning
8 Вкрстени коски 2005 Cross Bones
9 Не крши коски 2006 Break No Bones
10 Коски до пепел 2007 Bones to Ashes
11 Ѓаволски коски 2008 Devil Bones
12 206 коски 2009 206 Bones
13 Пајакови коски 2010 Spider Bones издадена како „Смртни остатоци“ (Mortal Remains) во Велика Британија и Австралија со тврди корици,
променето во „Пајакови коски“ за издавање со меки корици
14 Месо и коски 2011 Flash and Bones
15 Коските се засекогаш 2012 Bones are Forever
16 Коски на изгубените 2013 Bones of the Lost
17 Коските никогаш не лажат 2014 Bones Never Lie
18 Зборувајќи во коски 2015 Speaking in Bones
19 Колекцијата на коски 2016 The Bone Collection Збирка на кратки приказни, вклучувајќи ја и „Први коски“(First Bones, претходник на „Веќе мртов“), „Коски во нејзиниот џеб“ (Bones in her Pocket), „Мочуришни коски“ (Swamp Bones) и „Коски на мраз“ (Bones on Ice). Овие книги се нумерирани како 0.5, 15.5, 16.5, 17.5, соодветно.[14]
20 Заговор на коски 2018 A Conspiracy of Bones

Самостојни книги[уреди | уреди извор]

Број Наслов Година Оригинален наслов Белешки
1 Две ноќи 2017 Two Nights Самостојна, новела надвор од серијал, со нови ликови.[15][16]

Виралс серијал[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Виралс.
Наслов Година Оригинален наслов Белешки
Виралс 2010 Virals
Напад 2011 Seizure
Код 2013 Code
Изложеност 2014 Exposure'
Терминал 2015 Terminal
Траги како докази 2016 Trace Evidence Збирка на кратки приказни вклучувајќи ги „Шок“ (Shock), „Смена“ (Shift) и „Клинец“ (Spike) (нов сет на приказни по случувањата од „Терминал“).

Новели[уреди | уреди извор]

Рајкс има напишано шест кратки приказни кои се достапни на интернет:

Наслов Година Оригинален наслов Белешки
Смена 2013 Shift Сместено во светот на „Виралс“, но со ликовите од „Виралс“ и Темперенс Бренан.
Коски во нејзиниот џеб 2013 Bones In Her Pocket Приказна со Темперенс Бренан со детали за случај кој е кратко споменат во „Коски на изгубените“.
Удар 2013 Swipe Приказна со „Виралс“ и Темперенс Бренан, со локација во Сан Диего.
Мочуришни коски 2014 Swamp Bones Приказна со Темперенс Бренан во Флорида Еверглејдс.
Шок 2015 Shock Приказна за првото запознавање на ликовите од „Виралс“.
Коски на мраз 2015 Bones On Ice Приказна за Темперенс Бренан и студен случај: смрт на Монт Еверест.

Телевизија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Коски (ТВ серија).

Серијата Коски од 2005 на Фокс е инспирирана од животот и делата на Рајкс.[17] Хероината од серијата го позајмува името на хероината од книгите на Рајкс, Темперенс "Боунс" Бренан.[18] Како и во книгите, Бренан (Емили Дешанел) е форензички антрополог; но исто така постојат и многу разлики: теливизискиот лик е помлад, со поголема социјална анксиозност,[18] и е со седиште во фиктивна верзија на Смитсоновскиот институт во Вашингтон.[18] Дополнително, телевизискиот лик Бренан е автор,[17] кој пишува за фиктивен форензички антрополог по име Кети Рајкс.[19] Покрај името на ликот и професијата, има само неколку сличности помеѓу ТВ серијата и книгите.

Рајкс е продуцент на серијата Коски за да ја зачува автентичноста на науката.[18] Се појавува во епизода од втората сезона како професор Констенс Рајт, форензички антрополог кој е дел од одборот кој ја води одбраната на тезата на Зек Еди.[20] Таа е автор на една епизода во петтата сезона,[21] една епизода во деветтата сезона и заедно со нејзината ќерка Кери пишуваат една епизода во единаесеттата сезона.[22]

Судење за убиство на Кејси Ентони[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Смртта на Кејли Ентони.

Во 2011, Рајкс беше вештак во судењето за убиство на Кејси Ентони. Иако првично одбива да биде учесник во судењето, сепак пристрасноста на медиумите ѝ го менува мислењето и Кети изјавува дека на оваа жена треба да ѝ се суди на суд, а не по медиуми.

Кети изврши целосна скелетна анализа на ќерката на Кејси, Кајли, но не успеа да ја утврди причината за смртта. Заклучи дека не постојат докази за насилство и дека детето изгледало како да примало соодветна грижа.[23]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 "Reichs, Kathy", Britannica Online (see below: References).
  2. „Kathleen J. Reichs Biography“. notablebiographies.com. 
  3. „Reichs among '30 Most Innovative Women Professors'. UNC Charlotte. February 1, 2016. конс. 2016-12-01. 
  4. „ABFA - American Board of Forensic Anthropology“. theabfa.org. Архивирано од изворникот на 2011-10-07. 
  5. Reichs, Kathy (2002). Grave Secrets: A Novel. Simon & Schuster, Inc.. стр. XII. ISBN 978-0-671-02838-1. 
  6. „Kathy Reichs - About Kathy“. kathyreichs.com. 
  7. „History, Travel, Arts, Science, People, Places - Smithsonian“. smithsonianmagazine.com. 
  8. Kathy Reichs book suppliers Архивирано 2007-09-14 во Wayback Machine.. Personal website. Retrieved 1/11/09.
  9. Arthur Ellis Award - list of past winners Архивирано 2008-09-28 во Wayback Machine.. Crime Writers of Canada. Retrieved 1/11/09.
  10. 10,0 10,1 10,2 This much I know:Kathy Reichs, forensic anthropologist and writer, 60, London“, „Tom Templeton“, The Guardian, 26 октомври 2008.
  11. 11,0 11,1 11,2 Mudge, Alden (September 1997). „Meet this season's best discovery: Kathy Reichs“. Bookpage. Архивирано од изворникот на 2008-06-23. конс. 2008-11-16. 
  12. 12,0 12,1 Kathy Reichs: The ice queen of crime“, „Peter Stanford“, The Independent, 21 јули 2006.
  13. Kathy,, Reichs,. Two nights. Toronto. ISBN 9781476726458. OCLC 960987420. https://www.worldcat.org/oclc/960987420. 
  14. GoodReads. GoodReads. Retrieved 2016/12/23.
  15. Twitter. Twitter. Retrieved 2016/12/23.
  16. Website. Website. Retrieved 2016/12/23.
  17. 17,0 17,1 Bones Show Info Архивирано 2007-09-23 во Wayback Machine.
  18. 18,0 18,1 18,2 18,3 „Kathy Reichs: 20 Things You Need to Know“. Yahoo!. Yahoo! Pty Limited. Архивирано од изворникот на 2008-07-28. конс. 2008-11-16. 
  19. "Bodies in the Book". Bones. 2007-10-14. No. 15, season 2.
  20. Bones episode Judas on a Pole at IMDb.com
  21. Full credits for Bones episode "The Witch in the Wardrobe" at IMDb.com
  22. „BONES Recap: ‘The Dude in the Dam’“. givememyremote.com. 
  23. Reichs Examines Murder Victim Caylee Anthony“, „USA Today“.

Литература[уреди | уреди извор]

  • "Reichs, Kathy", Britannica Online Encyclopedia, 2009, webpage: EBc-KReichs.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]