Керемидли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Керемидли
Κεραμωτή
Кејот во Керемидли
Кејот во Керемидли
Керемидли is located in Грција
Керемидли
Керемидли
Местоположба во областа
Керемидли во рамките на Места (општина)
Керемидли
Местоположба на Керемидли во Кавалскиот округ и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 40°51.21′N 24°42.21′E / 40.85350° СГШ; 24.70350° ИГД / 40.85350; 24.70350Координати: 40°51.21′N 24°42.21′E / 40.85350° СГШ; 24.70350° ИГД / 40.85350; 24.70350
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругКавалски
ОпштинаМеста
Општ. единицаКеремидли
Надм. вис.&1000000000000001000000010 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.438
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Полуостровот на Керемидли гледан од островот Тасос.
Плажа со лежалки во Керемидли.

Керемидли или Кереметли (грчки: Κεραμωτή, Керамоти) — гратче во Саришабанско, Егејска Македонија, денес во општината Места на Кавалскиот округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Населението брои 1.438 жители (2011).

Географија[уреди | уреди извор]

Гратчето е сместено брегот на Тракиското Море (северниот Егеј) во рамничарски предел, јужно од градот Саришабан.[2] Целото подрачје е полуостров настанат од наносите на реката Места која се влева во морето недалеку од гратчето. Керемидли е најблиското населено место на копното до островот Тасос и располага со пристаниште од кое редовно сообраќа траект до островот.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Керемидли во минатото не било ненаселено, туку имало складови за стоки кои се превезувале на Тасос и други острови. Подоцна станало чифлигарска населба и рибарско селце.

Во Грција[уреди | уреди извор]

При припојувањето кон Грција согласно Букурешкиот договор во 1913 г. селото е заведено како напуштено, а во 1920 г. имало само 10 жители.[2] По сила на Лозанскиот договор во 1923 г. овде се доселени грчки колонисти од Ексастеро кај Лулебургаз, Источна Тракија. Во 1928 г. селото било наполно дојденско, со 207 жители од 29 семејства.[3] Во прво време селото било доста неразвиено, бидејќи во него владеела маларијата. Состојбата се сменила, кога Каремидли почнало да се развива во 1970-тите благодарение на плажите и пристаништето, па со време станало гратче.[4]

Во 1940 г. селото имало 586 жители. За време на Втората светска војна местото е окупирано од Бугарија, чија управа се повлекла по војната.

Во 2009 г. пристаништето на Керемидли опслужило вкупно 1,4 милиони патници.[5]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 586 627 681 691 890 965 1.228 1.438
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението традиционално се занимавало со земјоделство, риболов, занаетчиство и ситна трговија. Денес најголема улога игра туризмот.[2] Има неколку хотелчиња и мноштво приватни сместувалишта.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 245–246.
  3. „Κατάλογος των οσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονία ς σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  4. „Κεραμωτή - Ιστορία“. kavalanet.gr. Архивирано од изворникот на 2008-06-10. Посетено на 8 февруари 2017.
  5. „Λιμάνι Κεραμωτής - Επιβάτες & Οχήματα“ (PDF). Οργανισμός Λιμένα Καβάλας. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-07-21. Посетено на 8 февруари 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]