Кепреш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кепреш, сината круна на Египет

Кепреш (ḫprš) — древна египетска кралска круна. Исто така е позната како сина круна или воена круна. Фараоните од Новото Кралство честопати се прикажани како ја носат во битка, но исто така често се носело и на церемонии.[1] Многумина порано ја нарекувале воена круна, но современите историчари се воздржуваат од тоа така да ја дефинираат.[2]

Сè уште не е пронајден оригинален пример за кепреш. Врз основа на античките уметнички претстави, некои египтолози претпоставуваат дека кепрешот бил направен од кожа или зацврстена ткаенина [3]. Со оглед дека дешрет (црвена круна) и хеџет (бела круна) очигледно биле ткаени од некакво растително влакно, круговите или прстените што ги украсуваат античките уметнички претстави на кепреш може наместо тоа да укажуваат на редовната низа на шестаголни дупки на отворено триаксијално ткаење . Како и со многу други кралски круни, уреј (кобра) била закачена на предниот дел на кепрешот како симбол на власта.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. e.g. Myśliwiec, Karol, Eros on the Nile, Cornell University Press 2004, p.14
  2. Kuhrt, Amélie, The Ancient Near East: C.3000–330 B.C., Taylor & Francis 1995, p.190
  3. Maisels, Charles Keith, Early Civilizations of the Old World, Routledge 2001, p.60