Кен Лоуч

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кен Лоуч
Роден(а)Кенет Лоуч
17 јуни 1936(1936-06-17)(87 г.)
Нунетон, Ворикшир, Англија
Активен период1962–сега

Кенет Лоуч (роден на 17 јуни 1936) е британски режисер, познат по својот социјално-реалистички стил и по обработувањето на социјалистички теми.

Лоуч своите први успеси ги остварува во 1960-тите, особено со социјалната телевизиска драма „Кети се враќа дома“ (1966). Во втората половина на 1960-тите тој почнува да режира и филмови. Оттогаш датира неговиот филм „Кес“, кој веројатно и денес е најпознат филм на Лоуч во Британија.

1970-тите и 1980-тите се помалку успешни за Лоуч, но во 1990-тите се враќа во форма, продуцирајќи серија популарни филмови, кои истовремено се позитивно оценети од критиката. Во текот на овој период Лоуч трипати освојува награди на Канскиот филмски фестивал. Од овој период е и неговиот филм „Земја и слобода“, во кој ја обработува проблематиката на Шпанската граѓанска војна.

Секогаш ангажиран режисер, во ноември 2004 година Лоуч станува член на Респект, левичарска политичка партија во Британија, критична кон Новиот лабуризам на Тони Блер и особено кон Ирачката војна.

На 28 мај 2006 година, Лоуч ја добива Златната палма на Канскиот филмски фестивал за филмот „Ветрот што го ниша јачменот“[1], контроверзен филм за конфликтот помеѓу ирските републиканци и британската власт и за Ирската граѓанска војна во 1920-тите.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Попознати филмови на Кен Лоуч се:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Festival de Cannes: The Wind That Shakes the Barley“. festival-cannes.com. Архивирано од изворникот на 2011-08-22. Посетено на 13 декември 2009.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]