Кен Илсо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кен Илсо
Ken Ilsø
Ilsø, Ken DÜS 12-13 WP.JPG
Лични податоци
Роден на 2 декември 1986 (1986-12-02) (32 г.)
Роден во Копенхаген, Данска
Висина &100000000000001830000001,83 м
Позиција полушпиц
Клупски податоци
Сегашен клуб Фортуна Диселдорф
Број 10
Младинска кариера
Херенвен
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005-2007 Херенвен 1 (0)
2007–2009 Сондерјиске 52 (12)
2009–2011 Мидтјиланд 39 (10)
2011Фортуна Диселдорф (позајмен) 16 (7)
2011- Фортуна Диселдорф 35 (5)
Репрезентација
2008 Данска 21 2 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 21 септември 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 6 септември 2011

Кен Илсо Ларсен (роден на 2 декември, 1986) е дански фудбалер кој игра на позицијата крило или втор напаѓач за Фортуна Диселдорф во 1. Бундеслига.

Кариера[уреди | уреди извор]

Рана кариера и враќање во Данска[уреди | уреди извор]

Роден во Копенхаген, Илсо ја започнал својата кариера во локалниот аматерски клуб Пионерен. Неговата кариера напредувала од година во година, и тој играл за различни младински тимови во Копенхаген. Во 2004 година, тој беше привлечен како млад играч од холандскиот тим Херенвен, како еден од најдобрите таленти во Данска.

Сепак, тој никогаш не успеал да се пробие во првиот тим на Херенвен, па одлучил да се врати во Данска за да игра за Сондеријске.

Во летото 2009 година, Илсо потпишал за Мидтјиланд по само една сезона во тимот на Сондерјиске. Тој веднаш се претворил во важна фигура за својот нов тим, постигнувајќи 6 гола во 24 натпревари во Данската Суперлига. Илсо бил стандарден во првиот тим и во наредната сезона, почнувајќи 11 од 14 одиграни натпревари како стартер. Тој постигнал 4 гола за својот тим до зимската пауза во првенството. Но сепак, на општо изненадување на фановите на Мидтјиланд, тој решил одново да ја напушти Данска и да му се приклучи на германскиот второлигаш Фортуна Диселдорф.

Фортуна Диселдорф[уреди | уреди извор]

Илсо пристигнал во Диселдорф во јануари 2010 година со договор на заем од една година. Своето деби за Фортуна Диселдорф тој го направил на 23 јануари 2010 во поразот на гостувањето кај Херта со 4-2. Илсо влегол во игра во 83-тата минута на местото на Оливер Финк. Веќе следната недела тој се нашол во стартните единаесет на својот тим, и се оддолжил за укажаната шанса на најдобар можен начин постигнувајќи го својот прв хет-трик во кариерата, во победата над ФСВ Франкфурт со 6-0. Тој реализирал вкупно 7 гола во 2. Бундеслига во оваа полусезона и ги убедил сопствениците на Фортуна да го ангажираат со постојан договор.

Неговиот договор бил откупен на 23 јануари 2011 кога Фортуна му исплатила на Мидтјиланд € 300.000. Во сезоната 2011-12 Илсо постигнал 4 гола и му помогнал на својот клуб да избори промоција во Бундеслигата.

Илсо дебитирал во Бундеслигата во второто коло од сезона 2012-13, против Менхенгладбах во натпревар што завршил без голови 0-0 на 1 септември. На 25 септември тој го постигнал својот прв погодок во Бундеслигата во победата на својот тим нагостувањето кај Гројтер Фирт со 2-0.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Илсо бил репрезентативец на Данска во селекцијата под 21 година за која изиграл два натпревари.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]