Кенеј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кенеј се бори со кентаур, атички лекит украсен со боја, 500-490 п. н. е., Лувр.

Кенеј (грчки јазик|Καινεύς) во грчката митологија бил еден од Лапитите.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Името Кенеј или Кајнеј има значење „нов“.[1]

Митологија[уреди | уреди извор]

Кенеј бил син на ЛапитотЕлата и Хипија или татко му бил Атракс (или Атрант).[2] Се одликувал со исклучителна сила и неранливост. Кога се случил судирот помеѓу Лапитите и кентаурите, убил голем број на противници, се додека кентаурите не го затрупале со стебла од елка, забиле во земја и загушиле. Според подоцнежен мит, Кенеј бил роден како девојче, Кенида. Во неа се вљубил Посејдон и за да ја придобие нејзината љубав, и ветил дека ќе и исполни една желба. Таа посакала да бидне маж, моќен неранлив војник. Тој го исполнил своето ветување.[3] Со Посејдон ги имала децата, Корон, Фок и Пријас[2], иако некои извори наведуваат дека Корон го добила како маж.[1] Подоцна, на Пиритојевата свадба, каде лапитите се бореле со кентаурите, Кенеј совладал петорица кентаури, но тие сепак успеале да го задушат со дрвја и камења. Од таа грамада излетала птица за која пророкот Мопс рекол дека е преобразен Кенеј. Според друга верзија, Кенеј станал бесен и на плоштадот поставил копје, барајќи од народот на тоа копје да му принесуваат жртви и да го слават како божество, а да ги занемарат вистинските божества. Тоа го предизвикало зевсовиот гнев, кој ги подбуцнал кентаурите против него. Кенеј учествувал во походот на аргонаутите и ловот на Калидонскиот вепар.[3] За Кенеј пишувале Аполодор, Хесиод, Хигин, Антонин Либерал, Статиј, Вергилиј во „Енеида“ и Овидиј во „Метаморфози“.[2]

Толкување[уреди | уреди извор]

Според Роберт Грејвс, овој мит во себе содржи три различни мотиви. Прв е обичај кој подоцна е забележан и во Албанија девојка да се придружи на воена дружина облечена во машко одело. Оваа предизвикало изненадување помеѓу непријателите кога ќе и го откријата полот прили нејзино загинување. Втор е одбивање на Лапитите да ги прифатат Хелените како господари, за што зборува прободеното копје за да му принесувале жртви. Оваа копје изгледа било мајско дрво, кое е во врска со англиската традиција, прободено во чест на новата Месечева Божица Кенида, или Елата, а на која и била посветена елка. Сепак, Лапиѓаните се истепале со Еолците од Јолк, а со помош на своите сојузници Кентаури, ги присилиле да се покорат на нивниот бог Посејдон. При тоа им го наметнале, како и во Арг, обичајот женските племенски поглавици да носат лажна брада за да го потврдат своето право да бидат војсководци и судии. Поради тоа Кенида во митот го променила полот. И на крај, третиот мотив е ритуал насликан на сад за масло, на кој се гледаат голи маши, наоружани со стапови, како го удираат по главата ликот на мајката земја, за да, како што верувале, ја ослободат Кора. Ова е во склад со значењето на името Кенеј, а кој претставуваа дух на Новата година. Птица која се вивнала од мртвото тело, според Гревс најверојатно била кукавица, ако обредод се извршувал во пролет.[1]

Уметност[уреди | уреди извор]

На атичкиот црвенофигурален стил стамнос од 490-480 п. м. е. кој се припишува на сликарот Клеофрад, прикажано е како кентаурите го победуваат Кенеј. Овој експонат се чува во музејот во Лувр.[4]

Други личности[уреди | уреди извор]

  • Според Аполодор и Хигин, син на Лапити Корона, кој учествувал во походот на аргонаутите.[5]
  • Според Вергилијевата „Енеида“, бил енејин војник во Италија. Го убил Ортигије, а него го убил Турно.[6]
  • Според Статиј, бил еден од војниците во походот седморицата против Теба. Го убил Хем.[6]
  • Кенеј исто така бил прекар на богот Зевс, според Аполодор и Овидиј. Овој прекар го добил по ‘ртот Кенејум во Евбеја каде се наоѓал храмот на овој бог. За разлика од сите претходно наведени јунаци чие име на латински се пишува Caeneus, во овој случај е Cenaeus.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Роберт Гревс. 1995. Грчки митови. 6. издање. Нолит. Београд.
  2. 2,0 2,1 2,2 -{Carlos Parada, 1997. Genealogical Guide to Greek Mythology}- -{Greek Mythology Link: CALYDONIAN HUNTERS}-; -{List of the CALYDONIAN HUNTERS}-
  3. 3,0 3,1 Цермановић-Кузмановић, А. & Срејовић, Д. 1992. Лексикон религија и митова. Савремена администрација. Београд.
  4. -{theoi.com: O12.6 KENTAUROMAKHIA : DEFEAT OF KAINEUS}-, Приступљено 9. 4. 2013.
  5. -{Carlos Parada, 1997. Genealogical Guide to Greek Mythology}- -{Greek Mythology Link: ARGONAUTS}-; -{List of ARGONAUTS}-
  6. 6,0 6,1 -{Carlos Parada, 1997. Genealogical Guide to Greek Mythology}- -{Greek Mythology Link: Dictionary}-; -{Boeus to Cephisus}-
  7. -{Greek Myth Index: Cenaeus}- Архивски примерок на Семрежниот архив (англиски) , Приступљено 9. 4. 2013.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]