Кенет Андерсон (тенисер)

Од Википедија — слободната енциклопедија

 Кенет Андерсон (27 март 1945) е поранешен шведски тенисер кој бил активен во 1960-тите.[1]

Тениска кариера[уреди | уреди извор]

Андерсон се натпреварувал тениска аматерска конкуренија во текот на 1960-тите и имал одреден успех и тоа во 1964 година кога стигнал до полуфиналето на скандинавското првенство во сала во Копенхаген, пред да загуби од Јорген Улрих и во полуфиналето на турнирот Кноке Ле Зоут, одржан во Кноке - Хејст, Белгија, каде загубил од Џордано Мајоли од Италија.[2] Тој, исто така, се квалификувал за својот прв Грен слем турнир кога го поминал финалното извлекување, како среќен губитник на Вимблдон (бил прва резерва).[3]

Најдобрите резултати на Андерсон на еден Грен слем турнир биле на Австралија Опен во 1967 година, каде стигнал до второто коло во поединечна конкуренција а во двојки со партнерката Кеј Росер, стигнал до четвртфиналето во конкуренција мешани двојки. Во 1968 година ја освоил титулата во машки двојки (парови), со Ове Бенгтсон, на скандинавското првенство во сала. Неговиот последен настап во главната фаза во поединечна конкуренција му бил во 1972 година на Отвореното првенство во Стокхолм каде стигнал до второто коло каде загубил од Илие Настасе.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Kenneth Andersson| Player Stats | ATP Tour | Tennis“. ATP Tour. Посетено на 2020-04-10.
  2. „player – Tennisarchives.com“. www.tennisarchives.com. Посетено на 2020-04-16.
  3. „Wimbledon“. www.wimbledon.com. Посетено на 2020-04-16.
  4. „Kenneth Andersson | Player Activity | ATP Tour | Tennis“. ATP Tour. Посетено на 2020-04-16.

 Надворешни врски[уреди | уреди извор]