Келн/Бон (регион)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Местоположбата на регионот Келн/Бон во Германија

Регионот Келн/Бон (германски: Region Köln/Bonn или Metropolregion Köln/Bonn) — метрополитенска област во Северна Рајна-Вестфалија, Германија, покривајќи ги градовите Келн, Бон и Леверкузен, како и окрузите Рајнско-бершки, Горнобершки, Рајна-Ерфт и Рајна-Зиг. Регионот покрива површина од 3.839 км² со 3,13 милиони жители[1] (густина на население од 815/км²).

Регионот Келн/Бон е основан од локалните власти на административниот округ Келн во 1992, врз основа за промовирање на заедничките политики во регионалното и урбаното планирање, сообраќај, развој и инвестиции. Најистакнатите кооперации се аеродромот Келн/Бон и Verkehrsverbund Rhein-Sieg (Сообраќаен сојуз Рајна-Зиг). Регионот Келн/Бон се наоѓа во рамките на поголемиот регион Рајна-Рур и претставува баланс на поинтегрираната Рурска област, која исто така се наоѓа во рамките на Рајна-Рур. Од 2008, студиите ги земаат во предвид и градовите од регионот Долна Рајна (најпознат е градот Диселдорф) во регионот, со цел да го оформат т.н. метрополитенски регион Рајнска област (Metropolregion Rheinland)[2].

Поголеми урбани зони[уреди | уреди извор]

Евростат со програмата Urban Audit го дели регионот Келн/Бон на две Поголеми урбани зони (ПУЗ). Тие две урбани зони не го покриваат Горнобершкиот округ.

Поголема урбана зона Поголеми градови Површина Население
Поголема урбана зона Келн[3][4] 1.627 км² 1.873.580
Келн 405 км² 996.690
Бершки Гладбах 83 км² 110.217
Леверкузен 79 км² 161.279
Поголема урбана зона Бон[5][6] 1.295 км² 908.503
Бон 141 км² 316.416
Регион Келн/Бон 2.922 км² 2.782.083

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]



Координати: 50°50′ СГШ; 7°00′ ИГД / 50.83° СГШ; 7.0° ИГД / 50.83; 7.0