Кели Торес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Д-р Кели Торес
Dr. Callie Torres
лик од 'Вовед во анатомија'
Сара Рамирес како д-р Кели Торес
Прво појавување"What Have I Done to Deserve This?"
СоздавачШонда Рајмс
ТолкуваСара Рамирес
Информации
ПрекарОрто-женска
ПолЖенски
ЗвањеДоктор по медицина
ЗанимањеХируршки резидент во Сиетл Грејс

Кели Торес (англиски: Callie Torres) е име на измислен лик од телевизиската серија на ABC, Вовед во анатомија. Ликот е толкуван од глумицата Сара Рамирес.

Позадина[уреди | уреди извор]

Кели е ортопедски хирург во Сиетл Грејс. Кели израснала во Јужна Флорида. Малку информации се познати за минатото на Кели, се знае само дека е ќерка на богато семејство. Покрај тоа, таа се има еднаш опишано себеси како „она девојче кое секогаш седи на крајот од училницата и си ја гриза косата”, изјавувајќи дека била тотален отпадник во школо.

Краток преглед[уреди | уреди извор]

Кели се покажува себеси како цврста и независна жена, а и е компетентен хирург, која не дозволува никој да ја преплаши. Како и да е, таа не е без несигурности како што е видено кога се обидува да го убеди Џорџ О'Мали дека е нормална откако тој ќе открие дека таа живее во болничкиот подрум.

Историја на ликот[уреди | уреди извор]

Кели воопшто не се појавува во првата сезона ниту е спомената. Кели всушност не се појавува многу ни во втората сезона освен последните епизоди каде е само споредна улога. Кели со почетокот на третата сезона станува главна улога.

Втора сезона[уреди | уреди извор]

Првпат се запознаваме со Кели кога Џорџ О'Мали си го повредува рамото паѓајќи од скалите кога се кара со Мередит. Таа го препознава Џорџ како стажистот кој самостојно изведе операција на отворено срце во расипаниот лифт, и го спаси животот на болниот човек. Очигледно дека сака да го запознае подобро, таа му го дава нејзиниот број. Како и да е, Џорџ не собира доволно храброст да и се јави и Кели почнува да го игнорира.

Џорџ на крај и се јавува и ја вика на состанок и започнуваат врска брзо по тоа. Барајќи ја Кели една ноќ, Џорџ налетува на нејзиниот „дом“ кој се наоѓа во подрумот на болницата. Таа брзо му објаснува дека и е подобро да живее во болницата бидејќи и така цело време е таму и почнува да се брани и му кажува дека не е луда. Кели загледана во Џорџ и очекувајќи луда реакција од Џорџ дека можеби е луда тој само се насмевнува и ја бакнува потоа водат љубов.

Како и да е, Кели беше омразена од страна на Изи Стивенс најдобрата пријателка на Џорџ. Изи му вели на Џорџ дека Кели е премногу чудна за Џорџ бидејќи еднаш кога Кели преспа во куќата на Мередит направи нешто многу чудно. Додека Изи и Мередит седеа во бањата и си дискутираа за разни работи Кели влезе ненајдено и без добро утро го искористи тоалетот без да си ги измие рацете. Изи и Мередит остануваат стаписани и почнуваат хистерично да се смееат. Иако Кели ги изми рацете подоцна во кујната, таа беше разочарана бидејќи Џорџ бил на страната на Изи и нејзе и поверувал а не на Кели.

Кели повеќето пати го има критикувано Џорџ дека тој повеќе им обрнува внимание на Мередит и Изи отколку на неа. Кели ги зема Изи и Мередит да работат за неа каде Изи дознава дека Џорџ е д-р Сон за Кели. Кога Мередит има проблеми со кучето и се обраќа ма Кели за помош но Кели и се развикува и и вели дека тоа не е нејзина работа. Мередит и Изи се согласуваат дека Кели е неподнослива. Но откако Џорџ ќе разговата со Кели таа и помага на Мередит но сепак останува лута со Изи

Кратко пред „болничката матура“ Кели му кажува на Џорџ дека го сака и сфаќа дека тоа е првпат во нејзиниот живот да признае на маж дека го сака. Таа е лута дека Џорџ не и возвратил на гестурата и му раскинува. Подоцна Џорџ ја поканува на матурската вечер и таа иако лута му вели да и вели дека не може да си помогне колку го сака. На матурата Кели повторно му се лути на Џорџ и тој и вели дека иако таа го сака тој ќе и каже дека ја сака само кога навистина ќе се чувствува така а тоа се надева дека ќе биде во блиска иднина.

Трета сезона[уреди | уреди извор]

Третата сезона продолжува од каде што застана. Во куќата на Мередит сите ја тешат Изи, сосем неочекувано Кели доаѓа со полно храна кај Мередит. Додека Мередит ја теши Изи, Кели се запознава со Фин. Таа му вели дека сите доктори ги потрошиле своите години на учење и наука а не на забава и дека сега всушност сите имаат по 17 години. Таа му вели дека е многу глупава затоа што му рекла на Џорџ дека го сака и сѐ уште го чека а тој нема поим да ѝ каже дека ја сака. Џорџ излегува од болницата и доаѓа дома каде Кели му се нафрлува и го прегрнува. Кога Адисон ги закачува гаќичките на Мередит на огласната табла во болницата за да докаже дека знае за аферата на Дерек и Мередит, станува збрка. Миранда е лута и се сомнева во Кристина и Мередит и иако виновникот е Мередит за да ја спаси од понижување Кели и вели на Миранда дека тоа се нејзини гаќички. Кога Џорџ дознава за ова помислува дека Кели го изневерила со некого во болницата тој од нервоза почнува да флертува со некои медицински сестри и други жени. Кели не може да му ја каже вистината бидејќи на тој начин Џорџ ќе дознае за Мередит, а Мередит не го сака тоа. На крајот на епизодата Кели танцува во нејзиниот „дом“ сè додека ненајдено не влегува Ричард кој и вели дека мора да се отсели од болницата но таа пред тоа му нуди кафе во истиот момент влегува Џорџ и помислува дека Ричард е нејзин љубовник но кога таа излегува од болницата со помош на Мередит му објаснуваат се на Џорџ и тие се смируваат. Кели тајно и вели на Мередит дека е среќна сега кога знае дека Џорџ ја сака бидејќи бил љубоморен. На крајот Кели го замолува Џорџ да се пресели кај него на кратко додека не најде стан. Во следната епизода Џорџ изјавува дека поминало повеќе од неколку дена и дека сака таа да си оди. По една караница со Кели тој и кажува дека го нервира тоа што таа се преселила во куќата на Мередит. Таа лута оди во хотел и изнајмува соба незнаејќи дека од другата страна на шанкот Адисон изнајмува соба, од другата Ричард и од другата Марк кој порачува соба на ист кат како и Кели. Следната епизода Кели и Џорџ си простуваат и Кели го кани на забавна вечер во нејзината хотелска соба и тој прифаќа. Но откако ќе добие повик од Изи тој ја откачува Кели и оди кај Изи. Кели е бесна и му раскинува на Џорџ. Оди кај Џо на пијалак и таму на шанкот го здогледува Марк Слоун со кој се запознава и на крајот ја поминува ноќта со него. По ова Кели и Марк продолжуваат со нивната сексуална врска но Марк забележува дека Кели чувствува грижа на совест. Кели и кажува на Мередит дека спиела со друго момче и ја прашува дали да му каже на Џорџ за тоа, Мередит не и одговара и Кели си оди. На крајот од епизодата Џорџ доаѓа со пуканки и филмови во хотелот кај Кели за да се смират но Кели му вели дека таа раскинала со него минатиот пат и дека меѓу нив е готово.

Четврта сезона[уреди | уреди извор]

Петта сезона[уреди | уреди извор]

Во петтата сезона Кели започнува хомосексуална врска со Ерика Хан која и доведува многу интересни случки.