Кевсер Сејфула-Хасанова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кевсер Сејфула-Хасанова
Родена 28 ноември 1921
Скопје
Занимање учесник во НОБ

Кевсер Сејфула-Хасанова (р. 28 ноември 1921 во Скопје) — македонска учесничка во НОБ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Сејфула била учесник во НОБ. По фашистичката окупација на Македонија му пристапила на НОД и станала член на СКОЈ (1941). Во учебната 1941/42 година била на студии на Земјоделскиот факултет во Софија. Била организатор на турската женска младина за учество во НОД. Подоцна се вклучила како борец на шеснаесеттата македонска НО бригада и била примена за член на КПМ (1944). Била член на Околиски комитет на СКОЈ, а потоа била испратена на скоевски курс на ЦК на СКОЈ.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Бучим“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 231. Text "series " ignored (help)