Кевин Де Бројне

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Кевин де Бројне)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кевин Де Бројне
De Bruyne (cropped).jpg
Лични податоци
Полно име Кевин Де Бројне[1]
Роден на 28 јуни 1991 (1991-06-28) (27 г.)[2]
Роден во Дронген, Гент, Белгија[3]
Висина 1.81 m[4]
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Манчестер Сити Манчестер Сити
Број 17
Младинска кариера
1997–1999 Дронген
1999–2005 Гент Гент
2005–2008 Генк Генк
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008–2012 Генк Генк 97 (16)
2012–2014 Челси Челси 3 (0)
2012–2013Вердер Бремен Вердер Бремен 33 (10)
2014–2015 Волфсбург Волфсбург 51 (13)
2015– Манчестер Сити Манчестер Сити 99 (21)
Репрезентација
2008–2009 Белгија Белгија под 18 7 (1)
2009–2010 Белгија Белгија под 19 10 (1)
2010–2011 Белгија Белгија под 21 2 (0)
2010– Белгија Белгија 68 (15)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 May 2018.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 22:00, 6 July 2018 (UTC)

Кевин Де Бројне ( 28 јуни 1991) белгиски професионален фудбалер, кој игра на позицијата на офанзивен везен играч за Манчестер Сити и репрезентацијата на Белгија. Професионалната кариера ја започнал во Генк, со кој освоил првенство на Белгија во сезоната 2010/2011, а потоа преминал во Челси, каде играл епизодна улога и пуштен е на позајмица во Вердер.

Годината 2014 преминал во Волфсбург за 18 000 000 евра, а после две сезони преминал во Манчестер Сити за 65 000 000 евра, што е рекорд на Волфсбург.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почеток на кариерата[уреди | уреди извор]

Де Бројне кариерата ја започнал во локалниот клуб Дронген, а после две години мпреминал во Гент. Во Гент не се задржал многу долго и преминал во Генк. Брзо напредувал и после три сезони во сениорската екипа и во 2008 почнал да настапува и за првиот тим.

Генк[уреди | уреди извор]

За Генк дебитирал 9 Мај 2009 во мечот против [ФК Шарлоа|Шарлоа]], кој Генк го совладал и добил со 3:0. Првиот гол за Генк го постигнал победоносниот а и дебитански на 7 Фебруари 2010 во победата над Стандард Лијеж од 1:0. Во сезоната одиграл 16 натпревари и постигнал 5 голови, а Генк ја освоил третата титула како шампион на Белгија.


29 септември 2011 го постигнал својот прв хет-трик, во победата над Клуб Бриж од 5:4. Сезоната ја завршил со осум постигнати голови.

Челси[уреди | уреди извор]

Кевин Де Брујне

На 31 јануари 2012 во зимскиот преоден рок, Де Бројне потпишал договор на пет и пол години за Челси, вреден 7 милиони, но останал во Генк до крајот на сезоната.

На 18 јули 2012 официјално дебитирал за Челси во пријателски натпревар против тимот од американската МЛС лига, Сијетл Соундерса, во победата од 4:2. Де Бројне играл само прво полувреме од пријателскиот натпревар против Пари Сен Жермен.

Позајмица во Вердер Бремен[уреди | уреди извор]

На 2 август 2012 година, Де Бројне преминал во Вердер Бремен на едногодишна позајмица. Првиот гол го постигнач 15 септември во победата од 3:2 против Хановер. Со добрата форма продолжил и во нареднните натпревари, постигнал гол во ремито од 2:2 против Штутгарт. Наредниот погодок го постигнал 18 Ноември, 10-те играчи на Вердер се свртеле и го совладале Фортуна Дизелдорф со 2:1, Де Бројне го постигнал победничкиот гол.

По два месеца, тој го постигнал единствениот гол во поразот од Баерн Минхен 6:1, 4 мај 2013. Тој постигнал гол против Хофенхајм и ја завршил сезоната во Вердер 10 со 10 гола.

Враќање во Челси[уреди | уреди извор]

После добрата сезона во Вердер, за Де Бројне биле заинтересирани големити германски клубови како Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен, но тренерот на Челси Жозе Мурињо, изјавил на пресконфернција дека Де Брујне е иднината на Челси и потоа бил вратен на 1 јули 2013 во тимот на Челси.

Првиот гол во дресот на Челси го постигнал во пријателскиот натпревар против екипата од Малезија, во текот на постигнувањето на голот си го повредил коленото, но се опоравил на време и дебитирал во првото коло на премиер лиге, против Хал сити и асистирал за првиот гол на Челси во победата од 2:0.

Волфсбург[уреди | уреди извор]

18 Јануари 2014 Де Бројне преминал во Волфсбург за 18 милиони, дебитирал на 25 Јануари 2014 во поразот од Хановер 3:1. 12 Април запишал две асистенции против Нирнберг, а првиот гол во дресот на Волфсбург го постигнал наредната недела, во победата против Хамбург. Тој постигнал гол во последните два натпревари од сезоната, во победата против Штутгарт и Борусија Менхенгабах.

Де Бројне во дресот на Волфсбург

Во сезоната 2014/15 првот гол го постигнал 2 Октомври 2014 во ремито 1:1 против Лил во лига европа. Во третото коло на лигата европа, 23 Октомври, Де Бројне постигнал два погодоци во победата 4:2 против Краснодара.

30. јануара 2015. Волфсбург је победио Бајерн 4:1 и тако им нанео први пораз у Бундес лиги од априла 2014. Де Бројне је постигао два гола. 1. марта 2015. уписао је три асистенције у победи 5:3 над Вердером. 12. марта 2015. у првом дуелу нокаут фазе Лиге Европе, против Интера, Де Бројне је постигао два гола у победи од 3:1.

Сезоната ја завршил со 10 голови и 21 асистенција во бундеслига, што е рекорд на лигата. Во сите натпреварувања постигнал 16 голови и запишал 27 асистенции. Прогласен е за фудбалер на годината во Германија.

Сезоната 2015/16 ја започнал со освојување на суперкупот на Германија=, против Бајерн Минхен. Де Бројне асистирал на Никлас Бентнер за израмнувачкиот погодок во 89 минута, а потоа и го постигнал победоносниот гол во серијата на пенали. Во првото коло на купот на Германија постигнал гол и запишал две асистенциии во победата од 4:1 против Штутгарт кикерс.

Во Август, Де Бројне изјавил да не инсистира од челникот на Волфсбург да го продава, но признал да не може да го игнорира интерецувањето на Манчестер сити.

Манчестер сити 10 Август понудил 47 милиони за Де Бројне, а 27 август зголемиле понудата на 58 милиони.

Манчестер сити[уреди | уреди извор]

Кевин Де Бројне

На 30 август 2015 година, Де Бројне потпишал шестогодишни договор со Манчестер сити. Трансферот изнесувал 55 милиони и бил вториот најголем трансфер во историјата на битанскиот фудбал, после преминувањето на Анхела ди Марија во Манчестер јунајтед 2014.

За Манчестер сити дебитирал 12 Септември против Кристал Палас, заиграл во во 25 минута на местото од Серхио Агуеро. Првиот гол за Сити го постигнал 19 Септември, против Вест хем, во поразот од 2:1. Добрата форма ја продолжил со гол во лига купот против Сандерленд, а го постигнал и единствениот гол во поразот од Тотенхема 4:1.

На 2 октомври, Де Бројне се нашол на широкиот список за кандидати за Златна топка, а се нашол и на скратениот список од 23 фудбалери.

На 27 јануари 2016 постигнал гол во осмина финалето на лига купот против Евертон. 6 Априла постигнал прв гол против Пари Сен Жермен, во ремито од 2:2 на Паркот на принцевите, во рамките на четвртфиналето на Лигата на шампионите. 12 Април, Де Бројне го постигнал победоносниот гол против Пари Сен Жермен, за пласман на Манчестер сити во полуфиналето на лигата на шампионите за прв пат во историјата.

Наредниот гол го постигнал 8 мај во ремито од 2:2 против Арсенал.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Де Бројне во дресот на својата репрезентација

Де Бројне настапувал за репрезентацијата на Белгија до 18, 19 и 21 година, а за сениорски тим дебитирал на 11 август 2010 во пријателскиот натпревар против Финска. Белгија била поразена 1:0.

Де Бројне бил стандарден во квалификациите за светското првенство 2014, постигнал четири гола. Белгија се пласирала на првото големо натпреварување во последните 12 години.

Во 2016 година, настапил на европско првенство.

Трофеи[уреди | уреди извор]

Генк[уреди | уреди извор]

Волфсбург[уреди | уреди извор]

Манчестер сити[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]