Кевин Рош

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кевин Рош
Kevin Roche krb.00028 (cropped).jpg
Роден(а)Еамон Кевин Рош
14 јуни 1922(1922-06-14)
Даблин, Ирска
Починал(а)март 1, 2019(2019-03-01) (возр. 96)
Гилфорд Сентер, САД.
НационалностИрец, Американец
УстановаУниверзитет во Даблин
Илиноиски институт за технологија
НаградиАИА Златен Медал
Четврт-вековната награда
Златен медал на Американската Академија за уметност и писма
Прицкерова награда
АтелјеКевин Рош Џон Динкело & Соработка
ЗданијаКонвентион центар Даблин, Музеј на еврејското наследство, Сантандер Централ Хиспано, 1101 Њујоршка Авенија, Форд Фондација, Метрополитен (музеј), Оклендски музеј на Калифорнија
Зградата на Витезите на Колумбија, во Њу Хејвен

Кевин Рош роден во (Даблин на 14 јуни 1922 — Гилфорд Сентер, 1 март 2019 [1]) бил ирски архитект, добитник на Прицкеровата награда за архитектура во 1982 година. Повеќе од 20 години соработувал со Џон Динкел, кој починал во 1981 година.

Во 1945 година дипломирал на Архитектонскиот факултет на Универзитетот во Даблин. После 1948 година ги продoлжил студиите во САД со Мис ван дер Рое на Илиноискиот институт за технологија во Чикаго, но студиите ги напуштил после првиот семестар.

Неговата потрага за хуманистичката страна на архитектурата го довела во канцеларијата на Елијел и Еро Саринен во Бломфилд Хилс во Мичиген. Неговиот иден партнер, Џон Динкел, дошол во фирмата во 1951 година, и набрзо после тоа и Рош. Од 1954 година, па сè до смртта на Еро Саринен во 1961 година, Рош бил негов главен соработник во проектирањето.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Kevin Roche, Architect Who Melded Bold With Elegant, Dies at 96“. The New York Times. 2 март 2019. Посетено на 2 март 2019.