Прејди на содржината

Кевин Роуч

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кевин Роуч
Роден(а)Еамон Кевин Роуч
14 јуни 1922(1922-06-14)
Даблин, Ирска
Починал(а)март 1, 2019(2019-03-01) (возр. 96)
Гилфорд Сентер, САД.
НационалностИрец, Американец
УстановаУниверзитет во Даблин
Илиноиски институт за технологија
НаградиАИА Златен Медал
Четврт-вековната награда
Златен медал на Американската Академија за уметност и писма
Прицкерова награда
АтелјеКевин Роуч Џон Динкело & Соработка
ЗданијаКонвентион центар Даблин, Музеј на еврејското наследство, Сантандер Централ Хиспано, 1101 Њујоршка Авенија, Форд Фондација, Метрополитен (музеј), Оклендски музеј на Калифорнија
Зградата на Витезите на Колумбија, во Њу Хејвен

Кевин Роуч (англиски: Kevin Roche; 14 јуни 19221 март 2019[1]) — ирско-американски архитект, добитник на Прицкеровата награда за архитектура во 1982 година. Повеќе од 20 години соработувал со Џон Динкел, кој починал во 1981 година.

Во 1945 година дипломирал на Архитектонскиот факултет на Универзитетот во Даблин. После 1948 година ги продoлжил студиите во САД со Мис ван дер Рое на Илиноискиот институт за технологија во Чикаго, но студиите ги напуштил после првиот семестар.

Неговата потрага за хуманистичката страна на архитектурата го довела во канцеларијата на Елијел и Еро Саринен во Бломфилд Хилс во Мичиген. Неговиот иден партнер, Џон Динкел, дошол во фирмата во 1951 година, и набрзо после тоа и Роуч. Од 1954 година, па сè до смртта на Еро Саринен во 1961 година, Роуч бил негов главен соработник во проектирањето.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Kevin Roche, Architect Who Melded Bold With Elegant, Dies at 96“. The New York Times. 2 март 2019. Посетено на 2 март 2019.