Кевин Картер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кевин Картер
Роден(а)13 септември 1960(1960-09-13)
Јоханесбург, Јужна Африка
Починал(а)27 јули 1994(1994-07-27) (возр. 33)
Јоханесбург, Јужна Африка
Занимањефотограф

Кевин Картер (13 септември 1960 – 27 јули 1994) е фотограф од Јужна Африка и член на „Клубот Бенг-Бенг“ (Bang-Bang Club). Добитник е на Пулицерова награда за фотографирање на глад во Судан, во 1993 година. Извршил самоубиство на 33 годишна возраст. Неговиот живот е прикажан во филмот од 2010 година, Клубот Бенг-Бенг, во кој го игра Тејлор Кич.

Детство[уреди | уреди извор]

Кевин Картер е роден во Јоханесбург, Јужна Африка. Пораснал во семејство од средна класа, во населба со белци. Како дете, повремено гледал полициска рација во која биле апсени црнците кои нелегално ќе влезеле во таа населба. Неговите родители биле католици.[1]

Откако завршил средно школо, Картер влегол во армијата на Јужна Африка, каде четири години слуќел во авијација. После бомбашкиот напад во Преторија во 1983 година, тој решил да биде фотограф и новинар.[2]

Фотографска кариера[уреди | уреди извор]

Картер започнал да работи како фотограф за спорт на викенди во 1983 година. Во 1984 година, започнал да работи за весникот „Ѕвезда“ (The Star), каде најчесто ја фотографирал бруталноста на апартхејдот.

Картер бил првиот кој фотографирал јавно погубување во Јужна Африка, кон средина на 1980-те години. Подоцна за тие фотографии изјавил: „Јас бев ужаснат од она што го правеа. Но, потоа луѓето почнаа да зборуваат за фотографиите, и сфатив дека не е лошо да се биде сведок на нешто толку стравично.“[3]

Фотографијата од Судан[уреди | уреди извор]

Фотографијата на Картер за која добил Пулицерова награда, март 1993 година

Во март 1993 година, додека бил на патување низ Судан, Картер го местел апаратот да фотографира дете кое лази до центарот со храна, кога во близина слетал лешинар. Картер изјавил дека негова работа била само да фотографира, а потоа заминал, бидејќи му било речено да не ги допира гладните деца поради можност од зараза.[4]

Фотографијата ја продал на Њујорк Тајмс, и првпат е објавена на 26 март 1993 година, а потоа е преобјавувана и во други весници низ светот. Илјадници луѓе се јавувале во редакцијата на весникот за да прашаат за судбината на детето, а одговорот бил дека не се знае дали детето преживеало. Во април 1994 година, Кевин Картер за оваа фотографија добил Пулицерова награда.[4]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Marinovich and Silva (2000). pg 39.
  2. Marinovich and Silva, 2000. 40-41
  3. First draft by Tim Porter: Covering war in a free society
  4. 4,0 4,1 Scott MacLeod (12 September 1994). „The Life and Death of Kevin Carter“. TIME Domestic". Johannesburg. 144 (11). Архивирано од изворникот на 2013-08-26. Посетено на 27 October 2015.