Кевин Дејвис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кевин Дејвис
Лични податоци
Роден на 26 март 1977(1977-03-26)(47 г.)
Роден во Шефилд, Англија
Држава Англија Англија
Висина &100000000000001830000001,83 м
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Повлекување 2015
Младинска кариера
Шефилд Јунајтед Шефилд Јунајтед
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1993-1997 Честерфилд Честерфилд 129 (22)
1997-1998 Саутхемптон Саутхемптон 25 (9)
1998-1999 Блекбурн Роверс Блекбурн Роверс 23 (1)
1999-2003 Саутхемптон Саутхемптон 82 (10)
2002Милвол Милвол 9 (3)
2003-2013 Болтон Болтон 351 (74)
2013-2015 Престон Престон 70 (4)
Репрезентација
2010 Англија Англија 1 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 17 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 јануари 2012

Кевин Сирил Дејвис (роден на 26 март 1977) — поранешен англиски фудбалер, кој играл на позицијата напаѓач.

Во својата кариера играл за екипите на Честерфилд, Саутхемптон, Блекбурн Роверс, Милвол, Болтон Вондерерс и Престон Норт Енд.

На возраст од 33 години, Дејвис го направил своето репрезентативно деби за Англија против Црна Гора во ремито без голови 0-0 на 12 октомври 2010 година, влегувајќи како замена во второто полувреме. Тоа бил неговиот единствен настап за репрезентацијата.

Дејвис е полубрат на поранешниот напаѓач на Честерфилд, Џејми Џексон.

Кариера[уреди | уреди извор]

Честерфилд[уреди | уреди извор]

Роден во Шефилд, Јужен Јоркшир, Дејвис играл како ученик во детството за екипата на Шефилд Јунајтед, но бил ослободен на возраст од 15 години. По ова тој бил однесен на проби во Честерфилд каде задоволува со својот талент и останува таму. Тој влегол во првиот тим на клубот само по неколку месеци од потпишувањето. Дејвис станал втор најмлад играч кој дебитирал за првиот тим на Честерфилд кога тој се појавил во игра против Вест Хем Јунајтед во натпревар од Лига купот, на возраст од само 16 години, на 22 септември 1993 година.

Општо земено, голгетерската форма на Дејвис во периодот во Честерфилд не била спектакуларна, бидејќи тој играл најмногу блиску до средниот ред, дејствувајќи како втор напаѓач, а негов личен рекорд му бил оној во сезоната 1994-95 кога успеал да постигне вкупно 11 гола во промотивната кампања на неговиот тим од Третата Дивизија во Втората (преку Плејоф). Во неговата последна сезона на Салтергејт, тој успеал да постигне само три гола во 34 натпревари во Втората Дивизија, но дал голем придонес во најдоброто постигнување на популарните Spireites досега во ФА Купот, каде тие стигнаа до полуфиналето. Дејвис постигна хет-трик во 4-иот круг против Болтон, а покрај нив имаше и уште 4 други постигнати погодоци за да го заврши натпреварувањето со вкупно 7. И покрај неговиот недостатокот на голови, неговата вешта игра во нападот примамува многу клубови од Премиер Лигата и Првата Дивизија за време на неговите настапи со Честерфилд во ФА Купот, каде тие застанаа во полуфиналето каде загубија во преигрување од Мидлсбро.

Како младо момче, Дејвис бил далеку од агресивен централен напаѓач каков што тој потоа стана во Болтон. Во Честерфилд, иако многу добро граден и силен за тинејџер, тој бил познат по неговата вештина и интелигенција, и тоа биле двата основни квалитети кои го привлекле вниманието на менаџерот на Саутхемптон, Грем Сунес.

Саутхемптон и Блекбурн Роверс[уреди | уреди извор]

Дејвис се преселил во Саутхемптон во мај 1997 година и во својот прв период со нив, постигнал девет лигашки голови импресионирајќи многу со својте настапи. Еден од неговите погодоци бил посебно забележителен кога со соло продор постигнал гол против Евертон на Гудисон Парк. Тој, исто така, постигнал прекрасен погодок со глава кој на крајот се покажал и како единствен во историската победа од 1-0 на светците против Манчестер Јунајтед.

Во јули 1998 година Блекбурн Роверс го донеле Дејвис во својте редови за солидна сума од 7,5 милиони фунти, што било дури десет пати повеќе од она што Саутхемптон го бил платил за него една година претходно; сумата платена за трансферот на Дејвис, исто така, претставувала и клупски рекорд во тоа време за екипата од Ивуд Парк. Како дел од договорот, Џејмс Бити заминал во спротивен правец. Сепак во Ланкашир, Дејвис имал една многу скромна сезона на Ивуд Парк со само еден првенствен погодок во 21 настап - победничкиот во успехот со 1-0 над Чарлтон. Тој постигнал уште гол во ФА Купот, исто така, против Чарлтон, и одиграл неколку натпревари во Купот на УЕФА. На крајот на сезоната, Блекбурн испаднал од Премиер лигата, само една година по завршувањето на одличното шесто место во лигата и само четири години подоцна по освојувањето на титулата шампион на Англија.

Во август 1999 година, Саутхемптон повторно си го вратил нивниот поранешен напаѓач и повторно во замена меѓу истите два клуба кој си разменија по еден играч претходното лето. Овојпат во Блекбурн завршил норвежанецот Егил Остенсад за да може Дејвис да се врати назад во Саутхемптон. Сепак, само два натпревари во лигата по неговото враќање во Саутемптон, Дејвис беше исклучен добивајќи црвен картон во поразот од Ливерпул иако влезе во игра како замена за Марк Хјуз. Тој се бореше да добие место во првиот тим во текот на следните четири години, и многу често дури небеше и замена. За време на сезоната 2002-03 Дејвис одигра период во Милвол како позајмен во Првата дивизија. Тој одиграл 9 натпревари и постигнал 3 гола во лигата.

Болтон[уреди | уреди извор]

Во летото 2003 година, тој му се приклучил на Болтон откако бил ослободен од Саутемптон. Во сезоната каде што тој ја оформува својата најдобра форма, тој постигнал десет погодоци и ги почнал сите лигашки натпревари. Тој ја завршил сезоната со освојување на наградата играч на клубот на годината и постигнал утешен погодок за неговиот тим во поразот од Мидлзборо во финалето на Лига купот 2004 во Кардиф.

Дејвис играјќи за Болтон во 2008 година

Дејвис е често цитиран како играч во Премиер Лигата кој ги прави повеќето фаули, извршувајќи повеќе прекршоци од било кој друг играч во Премиер Лигата во три последователни сезони од 2004-2007. Во сезоната 2007-08 Дејвис го подобрил малку своето однесување па завршил како втор играч кој најмногу фаулирал во сезоната. Во својата кариера во Болтон Дејвис извршил над 1000 фаули, повеќе од било кој друг играч во Премиер Лигата во историјата на натпреварувањето. Истовремено Дејвис исто така, е во близина на врвот на списокот на најмногу фаулирани играчи. По завршувањето на мечот во интервју за БиБиСи, откако на натпреварот против Арсенал во јануари 2009 година, за време на кој тој беше обвинет за намерен обид да го удри Гаел Клиши во двобој, тој одговорил дека некои играчи на Арсенал се обиделе да "го измамат судијата". Тој додаде "Неколку од нив пуштаа голем крик, што е малку непријатно, бидејќи тоа е игра на мажи ... во моите очи тоа е мамење на судијата ... вие само треба да продолжите со играта. ". На 10 Септември 2011 Дејвис го добил својот 100-ти жолт картон во Премиер лигата за фаул над фудбалерот на Манчестер Јунајтед Патрис Евра а кога тој заработил уште еден картон против Виган Атлетик на 11 февруари 2012 година, тој стана заеднички носител на рекордот за најмногу жолти картони во историјата на Премиер Лигата, заедно со Ли Боуер.

На 8 ноември 2007 година, Дејвис постигна гол нагостувањето кај Баерн Минхен на Алијанс Арена во Германија. Доцните напори на Дејвис остварија профит за Болтон и тие освоја клучен бод во ремито 2:2 во натпревар од групната фазе во Купот на УЕФА.

На 12 април 2008 година, Дејвис го постигна својот 100-ти гол во кариера во победата од 1-0 над Вест Хем Јунајтед на Рибок Стадионот, и покрај тоа што му беше изместен прст за време на натпреварот.

На 3 мај 2008 година, тој го направи своето враќање на терените по скршеница на рака за да му помогне на Болтон да го задржат нивниот Премиерлигашки статус.

Во текот на летото 2008 година, Хал Сити се обидел да го ангажира Кевин Дејвис од Болтон, но клубот ја одбил нивната понуда. Дејвис потоа потпиша нов договор со Болтон кој го чува во клубот до 2011 година.

На 31 јануари 2009 година, Дејвис стана капитен на Болтон по продажбата на Кевин Нолан во Њукасл Јунајтед. Истиот ден, првиот натпревар на Дејвис 'како капитен' тој постигна два гола во 3-2 победата на Болтон над Тотенхем како и изедначување неговиот рекорд на постигнати голови во Премиер лигата во една сезона. Во следниот натпревар, дома против Вест Хем Јунајтед, тој го постигна својот 50 гол за Болтон, а неговиот 10-ти во сезоната. Сезоната 2008-09 ја заврши со 12 лигашки погодоци што беше негова најплодна сезона во кариерата по бројот на постигнати првенствени погодоци во било која Дивизја.

Во август 2009 година, Дејвис изјави дека би сакал да остане во Болтон за остатокот од неговата кариера. На 13 март 2010 година, Дејвис го постигна првиот погодок од пенал во неговата кариера, постигнувајќи го вториот од 4 гола во победата на БОлтон дома од 4-0 дома над Виган.

Дејвис постави Премиер Лигашки рекорд по бројот на фаули во една сезона во 2010 година, извршил 120 вакви прекршци. Во 2010-11 сезона тој беше таму за да го скрши сопствениот рекорд со 121 направен фаул.

Дејвис испадна со Болтон на крајот од сезоната 2011-12 сезона, но набргу потоа, тој потпиша нов едногодишен договор со клубот и ги увери навивачите дека ќе остане за да му помогне на Болтон да се врати назад во Премиер лигата.

На 21 август 2012 тој го постигна првиот погодок во победата на неговиот тим над Дерби Каунти од 2-0 во Чемпионшип лигата. Беше тоа негов прв погодок надвор од топ дивизијата во Англија по речиси цела една деценија, уште од периодот кога беше позајмен на Милвол.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Дејвис бил запрашан кон крајот на сезоната 2009-10 дали тој сака да игра за Шкотска ако има право на тоа. Дејвис нема право да ја претставува Шкотска, но понатаму тој објаснил дека ќе одбие каков било повик од шкотски или велшки тимови дури и ако тоа било можно.

На возраст од 33 години, Кевин Дејвис беше повикан во тимот на Англија за првпат во својата кариера во квалификациите за Евро 2012 во натпревар против Црна Гора на 12 октомври 2010. Тој дебитирал како замена во второто полувреме влегувајќи на местото на Питер Крауч и доби жолт картон. На 33 години и 200 дена, тој стана најстариот дебитант на Англија уште од Лесли Комптон во 1950 година кој дебитираше тогаш на 38 години.

Титули[уреди | уреди извор]

Англија Саутемптон[уреди | уреди извор]

ФА Куп: вицешемпион 2002-03

Англија Болтон[уреди | уреди извор]

Лига куп: вицешампион 2003-04

Надворешни врски[уреди | уреди извор]