Квинстаун (Нов Зеланд)
Квинстаун Queenstown | |
---|---|
![]() Поглед на Квинстаун | |
Координати: 45°01′52″S 168°39′45″E / 45.03111°S 168.66250°E | |
Земја | ![]() |
Регион | Отаго |
Територ. единица | Квинстаун-Езерски Округ |
Површина | |
• Округ | 8.704,97 км2 (336,101 ми2) |
Население (Попис 2006) | |
• Градскo | 10.416 |
• Округ | 22.956 |
Час. појас | NZST (UTC+12) |
• Лето (ЛСВ) | NZDT (UTC+13) |
Пош. бр. | 9300 |
Повик. бр. | 03 |
Квинстаун (англиски: Queenstown) — одморалишно гратче во регионоѕ Отаго во југозападниот дел на Јужниот Остров на Нов Зеланд. Гратчето е живописно изградено околу протокот на езерото Вакатипу, долго езеро во облик на буквата „Ѕ“, и ужива спектакуларен поглед на околните планини.
Постојат разни образложенија за името на гратчето, од кои најпопуларно е дека некој локален трагач по злато извикал дека местото е „достојно на Кралицата Викторија“. Заради неговата популарност кај туристите поради разноликите активности, новозеланѓаните понекогаш го нарекуваат Квинстаун „Вегас крај езерото“.
Гратчето е најголемиот центар на Централно Отаго, но поради некои административни причини се смета за дел од регионот Саутленд. Според пописот од 2006 год, бројот на постојаното население на Квинстаун (вклучувајќи го Френктон и Келбин Хајтс) изнесува 10.416 жители.
Околни гратчиња и окрузи се Ероутаун, Ванака, Александра и Кромвел. Најблиските поголеми градови се Данидн и Инверкаргил.
Туризам
[уреди | уреди извор]Како одморалишен град, Квинстаун е центарот на авантуристичкиот туризам. Скијањето, глисирањето, банџи-скокањето, планинскиот велосипедизам и планинарењето се силна страна на местото.
Заедно со планината Руапеху, Квинстаун е најголемиот скијачки центар во Нов Зеланд, со голема посетеност на четирите главни терени од скијачи од земјата и ширум светот. Имињата на овие терени се (Кардрона, Коронетски врв, Инзвонредните и Троен корнет).
Друга причина зошто луѓето одат во Квинстаун е неговото реноме како центар за вино и храна. Блиското гратче Ероутаун има одлични ресторани и барови, а самиот Квинстаун се наоѓа близу до еден мал вински регион. Таму Пино ноар-от достигнува високи цени.
Одбрани активности
[уреди | уреди извор]- Езерото Вакатипу - ДП Ернсло, Кингстонов летач, Крилест брод
- Авантуристички туризам, глисери, банџи-скокање, скијање
- Крикет (нов меѓународен простор за еднодневен крикет)/Голф
- меѓународен аеродром (само НЗ-Австралија)/Планини - разгледување од авион
- Жичарница со кабини и брзи санки
- Зимски фестивал
- Златно рударство, Ероутаун, историја на Централно Отаго, овчарство и бачилото Волтеров Врв.
- Округот Јужни Езера и Милфордски Теснец/Хомеров тунел
- Патеките Гленорхи и Ратберн
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Чаршија
-
Квинстаун и „Инзвонредните“ планини
-
Квинстаун со „Инзвонредните“ планини и езерото во позадина
Сообраќај
[уреди | уреди извор]Покрај аеродромот, до Квинстаун може да се дојде преку автопатот State Highway 6 кој го поврзува со Кромвел и Данидн на исток преку змијулестата и подложна на лизгање клисура Каварау, и на југ преку езерското крајбрежје до Ламзден и Инверкаргил. Постои и многу тежок пат преку планинскиот венец Краун Рејнџ кој води до скијачкиот терен Кардрона и до гратчето Ванака. Овој пат воедно претставува највисок јавен пат во земјата.
Клима
[уреди | уреди извор]Квинстаун се одликува со алпска клима со зими со ведри сини неба и снежни планини. Летата се топли преку целиот ден со температури кои достигнуваат до 30 °C (2007/2008).
Клима на Квинстаун | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Показател | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Просечна максимална (°C) | 22,6 | 22,7 | 19,9 | 16,1 | 11,9 | 8,6 | 8,2 | 10,3 | 13,5 | 16,2 | 18,6 | 20,7 | 15,8 |
Просечна минимална (°C) | 10,7 | 10,6 | 8,8 | 6,2 | 3,3 | 0,7 | 0,1 | 1,3 | 3,6 | 5,6 | 7,4 | 9,4 | 5,6 |
Просечно кол. врнежи (мм) | 78 | 58 | 80 | 75 | 89 | 82 | 65 | 73 | 69 | 95 | 72 | 77 | 913 |
Извор: Климатски податоци: NIWA[1] |
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Климатски податоци“. NIWA. Посетено на 2 ноември 2007. (англиски)
- Reed, A. W. (2002). The Reed Dictionary of New Zealand Place Names. Auckland: Reed Books. ISBN 0-7900-0761-4.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Queenstown.com (англиски)
- Службена страница на округот Квинстаунски Езера (англиски)
- Стопанска комора на Квинстаун Архивирано на 19 ноември 2008 г. (англиски)
- Искусете го Квинстаун Архивирано на 14 мај 2006 г. (англиски)
- Вработување во Квинстаун (англиски)
|