Квас

Квас е безалкохолен или нискоалкохолен ладен пијалак, кој се добива со ферментација на мешавина од 'рж или мелен јачмен. Квас за прв пат бил споменат во Киевска Русија во 989 година кога киевскиот принц Владимир ги преобратил своите поданици во христијанство. Во аналите е забележано - „да се дели храна, медовина и квас на луѓето“.[1]
Неговиот ефект врз телото е сличен на други ферментирани пијалаци како што се: кефир, кумис (кисело млеко од кобила), кисело млеко и ацидофилин (вид на јогурт). Како и секој производ од ферментација на млечна киселина, квасот ја регулира активноста на гастроинтестиналниот тракт. Неговите лековити својства се објаснуваат со содржина на млечна киселина, витамини, слободни аминокиселини, разни шеќери и микроелементи во квасот.
Бројот на витамини во квасот не е голем, но редовното внесување има значително позитивно влијание врз телото. Подготовката на квас по стари рецепти е сложена и долготрајна процедура со многу труд. Од натопување на зрната, ртење и испарување до сушење, мелење и подготовка на слад, поминуваат повеќе од 70 дена. Меѓутоа, во денешно време можно е да се купи концентрат на квас од кој лесно се прави пијалакот.
Особини
[уреди | уреди извор]Лековитите својста на квасот се должат на висока содржина на витамини Б1 и Е. Не се препорачува за луѓе кои имаат проблеми со црниот дроб, гастритис и висок крвен притисок . Квас содржи многу малку алкохол. Максималната содржина на алкохол во квас е 2,2%.[2]
Начини на подготовка
[уреди | уреди извор]Квасот лесно се подготвува во индустриски и во домашни услови. За подготовка дома најчесто се користи квасец и житарици. За да му дадат разни нијанси на вкус, во пијалакот често се додаваат јагоди, рен, нане, хмељ, круши или други растенија и овошја. Во Русија, има чести случаи на продажба на лажен квас. Како по правило, овој квас се продава во пластични шишиња, а содржината е газирана, обоена и ароматизирана вода.