Квартет „Џовакино“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Квартетот „Џовакино“ (италијански: Giovacchino) е хрватски гудачки квартет.

Состав[уреди | уреди извор]

Квартетот „Џовакино“ го сочинуваат следниве музичари:

Творештво[уреди | уреди извор]

Квартетот „Џовакино“ е формиан на почетокот од 2012 година за потребите на традиционалниот концерт „Pranzo di Rossini“, кој се одржува на 29 февруари во „Театарот Миела (Teatro Miela)“ во Трст, Италија. По успешниот концерт, Димовки ги поканил челистот Винко Руцнер и виолинистите Акаматсу и Губајдулина да бидат постојани членови на квартетот. Истовремено, сите членови на квартетот се постојани членови на Загрепската филхармонија, а како солисти или членови на ансамбли, настапувале во повеќе познати концертни сали во Европа.

Квартетот, по потреба, се транформира и во други облици, како: клавирски квинтет, гудачко дуо, гудачко трио или гудачки квинтет. Квартетот настапувал заедно со бројни музичари, како: Дејвид Долан, Енрико Бронѕи, Дејвид Такено, Енрико Казаца, Давиде Амодио, Леонид Сороков, Александар Лонквич, Герард Шулц итн

На 3 ноември 2014 година, во рамките на Есенските музички свечености, квартетот „Џовакино“ одржал концерт во Музејот на Град Скопје, со програмата наречена „222 Rossini“ во која ги свиреле шесте сонати за квартет на Росини.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Дирекција за култура и уметност - Скопје, Есенски музички свечености, Скопје, ноември 2014.