Прејди на содржината

Квазиѕвезда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Големинска споредба на хипотетичка квазиѕвезда со најголемите познати ѕвезди.
Структура на една квазиѕвезда.

Квазиѕвезда (или ѕвезда со црна дупка) — хипотетички тип на крајно масивна и сјајна ѕвезда која можеби постоела во раната историја на вселената. Се смета дека траеле 7-10 милиони години поради нивната огромна маса. За разлика од современите ѕвезди, кои произведуваат енергија со соединување во јадрото, нивната енергија доаѓала од материјал кој упаѓал во црна дупка во нивното јадро. Квазиѕвездите за првпат се предложени во 1960-тите и имаат обезбедено вредни сознанија за раната вселена, образувањето на галаксиите и поведението на црни дупки. Иако не се забележани, тие сме сметаат за можен предок на супермасивните црни дупки.[1]

Образување и својства

[уреди | уреди извор]

Се смета дека квазиѕвездата произлегува од јадро на голема протоѕвезда која колабира во црна дупка, каде надворешните слоеви на протоѕвездата се доволно масивни за да го впијат избликот на енергија без да бидат оддувани или да упаднат во црната дупка, како што е случај со денешните супернови. Таквата ѕвезда треба да има барем 1.000 Сончеви маси (2,0×1033 кг).[2] Квазиѕвездите може да се образувале и од темноматериски ореоли, влечејќи огромни количества гас со помош на гравитацијата, поради што може да настанат супермасивни ѕвезди со десетици илјадници Сончеви маси.[3][4] Образувањето на квазиѕвезди можело да се случи само во раниот развој на вселената, пред водородот и хелиумот да добијат примеси од потешки елементи; затоа, тие веројатно биле многу масивни ѕвезди од населението III.[5] Ваквите ѕвезди би биле толку големи, што најголемите денешни ѕвезди како VY Големо Куче, Ми Кефеј и RSGC1-F01 би изгледале како џуџиња во споредба со нив.

Штом во јадрото на протоѕвездата ќе се создаде црна дупка, таа продолжува да создава големо количество на зрачна енергија од упадот на ѕвезден материјал. Овој постојат изблик од енергија ѝ се спротивставува на гравитацијата, создавајќи рамнотежа слична на онаа што ги поддржува денешните ѕвезди.[6] Квазиѕвездите веројатној имале краток животен век (околу 7 милиони години)[7] за кое време јадрената црна дупка расте до големина од 1.000-10.000 Сончеви маси (2×1033–2×1034 кг).[1][6] Овие средномасивни црни дупки се предложени како предци на денешните супермасивни црни дупки како онаа во средиштето на нашата галаксија.

Се смета дека квазиѕвездите имале површинска температура повисока од 10.000 K (9.700 °C).[6] На оваа температура секоја квазиѕвезда би била сјајна колку една мала галаксија.[1] Како што се лади со тек на време, надворешната обвивка на квазиѕвездата станува процирна, и понатаму се лади додека не ја достигне границата од 4.000 K (3.730 °C).[6] Оваа ограничувачка температура значи смрт за квазиѕвездата бидејќи тогаш не може да постои хидростатичката рамнотежа.[6] The object would then quickly dissipate, leaving behind средномасивната црна дупка.[6]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 Battersby, Stephen (29 ноември 2007). „Biggest black holes may grow inside 'quasistars'. New Scientist.
  2. Ball, Warrick H.; Tout, Christopher A.; Żytkow, Anna N.; Eldridge, John J. (2011). „The structure and evolution of quasi-stars“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 414 (3): 2751–2762. arXiv:1102.5098. Bibcode:2011MNRAS.414.2751B. doi:10.1111/j.1365-2966.2011.18591.x.
  3. Saplakoglu, Yasemin (29 септември 2017). „Zeroing In on How Supermassive Black Holes Formed“. Scientific American. Посетено на 8 април 2019.
  4. Johnson-Goh, Mara (20 ноември 2017). „Cooking up supermassive black holes in the early universe“. Astronomy.com. Посетено на 8 април 2019.
  5. Ball, Warrick H.; Tout, Christopher A.; Żytkow, Anna N.; Eldridge, John J. (1 јули 2011). „The structure and evolution of quasi-stars: The structure and evolution of quasi-stars“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society (англиски). 414 (3): 2751–2762. arXiv:1102.5098. Bibcode:2011MNRAS.414.2751B. doi:10.1111/j.1365-2966.2011.18591.x.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 Begelman, Mitch; Rossi, Elena; Armitage, Philip (2008). „Quasi-stars: accreting black holes inside massive envelopes“. MNRAS. 387 (4): 1649–1659. arXiv:0711.4078. Bibcode:2008MNRAS.387.1649B. doi:10.1111/j.1365-2966.2008.13344.x. S2CID 12044015.
  7. Schleicher, Dominik R. G.; Palla, Francesco; Ferrara, Andrea; Galli, Daniele; Latif, Muhammad (25 May 2013). „Massive black hole factories: Supermassive and quasi-star formation in primordial halos“. Astronomy & Astrophysics. 558: A59. arXiv:1305.5923. Bibcode:2013A&A...558A..59S. doi:10.1051/0004-6361/201321949. S2CID 119197147.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]