Кањо Кристалес
| Кањо Кристалес | |
| River | |
Кањо Кристалес | |
| Земја | Колумбија |
|---|---|
| Извор | Сиера де ла Макарена |
| Утока | Гвајаберо |
| Должина | 100 км |
Кањо Кристалес (кол.: Caño Cristales) — река во Колумбија сместена во ранчот Сиеранија де ла Макарена во Мета. Реката е често нарекувана „Реката на Петте Бои“ или „Течното виножито“, а често е спомнувана и како најубавата река во светот поради својата разнобојност. Реката се истакнува во повеќ бои, вклучувајќи ги жолта, зелена, сина, црна а особено црвена поради алгата Macarenia clavigera (Podostemaceae) која што се наоѓа на дното на реката.
Геологија
[уреди | уреди извор]Камењата во областа Макаренија датираат од пред 1,2 милијарди години. Камењата од регионот припаѓаат на седиментарниот покрив од штитот Гвајана. Макаренија ја сочинуваат три екосистеми со богата разновидност на флора и фауна: Андите, Источнните Љани и Амазонската дождовна шума. Овие фактори ја прават да има големо значење во глобалната биологија.
Флора и Фауна
[уреди | уреди извор]Кањо Кристалес има водни растенија и корали. Својата карактеристична црвена боја ја добива од ендемскиот вид на растение Macarenia clavigera.
Планината е дом на околу 420 видови птици, 10 видови водоземци, 43 влекачи и осум примати.
Самата река е тотално испразнета од риби, поради големата концентрација на седиментарни материјали. Други канали од Макарена, како што е Кањо Сиете Мачос, задржуваат црвени растенија за време на зимата. Овие црвени растенија се задржуваат црвсто за камењата на места каде што реката има брз ток.
Туризам
[уреди | уреди извор]Најдобро време за посета на Кањо Кристалес е од доцен јули до ран декември.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Слики од реката Архивирано на 10 јуни 2016 г.
- Информации за реката Архивирано на 4 јуни 2011 г.
- 360 Виртуелна тура околу реката Архивирано на 16 јануари 2016 г.