Прејди на содржината

Каљина (река)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Каљинарека лоцирана во централно-североисточниот дел на Босна и Херцеговина, во општината Соколац. Изворот на реката е на Саревскиот Озрен, во областа „Врела“ во близина на село Озрен, додека поголемиот дел од нејзиниот тек тече низ карстната висорамнина Нишиќи, каде што реката поминува низ село со исто име, Каљина, кое е најголемата населба на нејзиниот тек. По околу 26 километри тек од изворот до утоката, низ недопрената природа на висорамнината, Каљина се поклопува со Биоштица во близина на градот Олово. Басенот на Криваја е познат по изобилството на рибна фауна, богата со различни видови, од кои некои се критично загрозени, како што се на пример дунавскиот лосос. Каљина, нејзините главни реки Биоштица и Ступчаница се главен извор на водите на реката Криваја, а сите три се недопрени во однос на квалитетот на водата, нивната хидроморфологија, природната околина и речниот биодиверзитет. Богатиот базен на автохтони салсониди како што е дунавската речна пастрмка, може да се одржува само преку законска заштита и зачувување на потоците и реките во сливот на Криваја со непрекинат тек од изградбата на брани. Но, истотака постојат планови за развој на хидроенергија и тие претставуваат реален ризик за недопрената природна средина на регионот.