Прејди на содржината

Каја Тержан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Каја Тержан
Kaja Teržan
Роден Крањ, Словенија,
Националност Словенка
Занимање писателка

Каја Тержан (р. 1986 во Крањ) - словенечка писателка.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Каја Тержан е родена во 1986 година во Крањ, Словенија. Во градинка и првите две одделенија од основното училиште ги поминала во предградието на Стокхолм во Шведскем, а потоа се преселила со семејството во Шкофо Локо, каде што го завршила основното образование. На Филозофскиот факултет во Љубљана, таа започнала да студира историја на уметност и социологија, кои ги прекинала предвреме и се фокусирала на практиката на изведување на современ танц. Вработена е како наставничка.[1]

Творештво

[уреди | уреди извор]

Нејзиното пројавување и деббитирање во цловенечката литература започна во 2015 година, кога нејзината прва збирка поезија „Делта“ беше објавена во Центарот за словенечка литература, во колекцијата Алеф. Истега година дел од нејзината прва збирка била презентирана на Медитеранеа во Милано.

Следната година, заедно со пијанистката Манка Удович го создаваат музичко поетскиот проект во кој е вклучена нејзината поезија и претставена во литературни проекти во Словенија.

При основањето на Центарот за словенечка литература, таа учествуваше со својата поезија на меѓународни работилници за превод во Виена и во Костарика.

Во 2016 нејзината прва збирка била номинирана за наградата Вероника.

Во 2018 година беше објавена нејзината втора збирка „Круг“. Беше номинирана за награда на критичарите а ја доби и наградата Јенков за најдобра стихозбирка во последните две години. Нејзината збирка, „Некогаш ќе имам време“, беше објавена во 2021 година.[2], [3]

Збирки поезија

[уреди | уреди извор]
  • Делта (2015)
  • Круг (2018)
  • Некогаш ќе имам време (2021)
  • „Пресметка“ (роман, 2025)

„Пресметката“ започнува како колаж од фрагменти на од сеќавањето и соништата. Низ дијалог со риба, крапо, внатрешните и надворешните светови, реалните и замислените места, наизменично се испреплетуваат, обидувајќи се да ги позиционира конфликтите што се јавуваат при преминот од внатрешниот во надворешниот свет. Потрагата по работа, дом, љубов и смисла во третиот дел од романот се вртат низ есеистичко-поетски излив што води до конфронтација во завршниот дијалог: се отвора фундаменталната меморија, од која може да расте нова гранка на животот.

Суровата општествена критика, класата и полот, јасно става до знаење дека површината на ова лицемерно општество е замрзната. На патот на потрагата по вистината и стремежот да се види себеси, нараторот наоѓа вистинско засолниште во патување низ шумата и средби со дрвја и животни.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]