Кајангел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кајангел
Kayangel
сојузна држава
Знаме на Кајангел
Местоположба на Кајангел во Палау
Местоположба на Кајангел во Палау
Држава Палау
Гл. градКајангел
Површина
 • Вкупна1,4 км2 (5 ми2)
Население (2000)
 • Вкупно138
 • Густина9,9/км2 (26/ми2)
ISO 3166PW-100
Атолот Кајангел.
Сателитска снимка на гребенот Веласко (север). гребенот Нгаруангел (центар) и атолот Кајангел (долу десно), како и на северниот дел на Бабелдуап

Кајангел или Нгчеангел (англиски и палауански: Kayangel или Ngcheangel) е најсеверната сојузна држава на Палау. Државата се наоѓа на 24 километри северно од Корор, најнаселениот град во државата и поранешен главен град. Административен центар на оваа сојузна држава е истоименото село Кајангел.

Географија[уреди | уреди извор]

Сојузната држава Кајангел има вкупна површина од 1,4 км2 и е составена од 3 атоли или гребени во различна состојба на развој. Според пописот од 2000 година, Кајангел имала население од само 138 жители.

а тол површина
(км2)
вкупно површина
(км2)
координати
Кајангел 1.39 21.6 08°04′N 134°42′E / 8.067° СГШ; 134.700° ИГД / 8.067; 134.700
Нгаруангел 0.02 20.1 08°10′N 134°38′E / 8.167° СГШ; 134.633° ИГД / 8.167; 134.633
Веласко 0 330 08°20′29″N 134°36′45″E / 8.34139° СГШ; 134.61250° ИГД / 8.34139; 134.61250
Кајангел 1.40 372  

Атоли[уреди | уреди извор]

Атол Кајангел[уреди | уреди извор]

Атолот Кајангел или локално имениван како Нгчеангел е единствен населен атол во оваа сојузна држава. Исто така, овој атол сочинува 99% од копното на сојузната држава. Атолот е со координати 08°04′N 134°42′E / 8.067° СГШ; 134.700° ИГД / 8.067; 134.700, и е на околу 35 километри северно од Бабелдуап, главниот остров на Палау, но само 3 км од гребенот на островот. Атолот е долг 7.2 километри долг во правец север-југ, и широк е 3,.7 километри во правец запад-исток. Заедно со неговата лагуна, атолот има вкупна површина од 20 км2, а само копното изнесува 1.4 км2. Просечната длабочина на лагуната е 6 метри, а најдлабоката точка е 9.6 метри. Дното на лагуната е во принцип песочно. На западната страна на атолот има премин каде влегуваат бродови во лагуната, а длабочина од 2 до 4 метри. Во близината на преминот има големи риби, делфини и желки, но во самата лагуна животинскиот свет е помал. Атолот има овална форма и има четири мали островчиња кои се густо пошумени, и од север кон југ тие се: Кајангел, Нгериунгс, Нгеребелас и Орак.

Гребен Нгаруангел[уреди | уреди извор]

Гребенот Нгаруангел со координати 08°10′N 134°38′E / 8.167° СГШ; 134.633° ИГД / 8.167; 134.633 е атол кој се наоѓа на 8.7 километри северозападно до атолот Кајенгел. Атолите се одвоени од преминот Нгаруангл, длабок проток кој има длабочина од 629 до 786 метри. Атолот е долг 5.4 километри во правец север-југ, а широк 1.8 километри во северниот дел и 3.7 километри во јужниот дел. Вкупната површина на атолот заедно со лагуната е 15 км2. Лагуната е плитка со просечна длабочина од 6 метри. Во северниот дел на лагуната има премин за бродови. Дното на лагуната е песочно. На атолот има само еден ненаселен мал остров, островот Нгаруангел.

Гребен Веласко[уреди | уреди извор]

Гребенот Веласко е со координати 08°20′29″N 134°36′45″E / 8.34139° СГШ; 134.61250° ИГД / 8.34139; 134.61250 и тој е всушност потопен атол кој се наоѓа северно од гребенот Нгаруангл. Овој гребен не е јасно одделен од гребенот Нгаруангел и според сателитските снимки наликува како потопен продолжеток на атолот Нгеруангел. Во правец север-југ е дол околу 30 километри и има широчина од околу 14 километри. Гребенот има овална форма и има вкупна површина од 330 км2. Голем дел од гребенот не е мапиран. Средишната депресија, или лагуна, е со длабочина од 31 до 55 метри, а длабочината на рабовите на гребенот се од 11.9 до 22 метри.

Образование[уреди | уреди извор]

Образовните настани и центри во сојузната држава се под надлежност на Министерството за образование на Палау. Во Кајангел функционира основното училиште ЏФК Кајангел.[1] Порано функционирало и Основното училиште Нгарард.[2] Децата од оваа сојузна држава своето средно образование го продолжуваат во Корор каде се наоѓа единственото државно средно училиште.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "JFK Kayangel Elementary School." Ministry of Education (Palau). Посетено на February 22, 2018.
  2. "Ngaraard Elementary School." Ministry of Education (Palau). Посетено на February 22, 2018.
  3. "About Архивирано на 3 март 2018 г.." Palau High School. Посетено на February 22, 2018.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]