Прејди на содржината

Кашинка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кашинка
Реката Кашинка во Кашин
Карта
Местоположба
ДржаваРусија
Физички особености
Извор 
  местоБлизу Кесова Гора
УстиеВолга
  координати
57°16′10″N 37°43′21″E / 57.26944°N 37.72250°E / 57.26944; 37.72250
Должина128 км
Големина на сливот661 км²
Проток 
  просечен4.5 m3/s (160 cu ft/s)
Особености на сливот
ТечениеВолгаКасписко море

Кашинка (руски: Ка́шинка) — река во Кесовогорскиот и Кашинскиот реон во Тверската Област, Русија. Претставува лева притока на Волга и влегува во неа близу градот Каљазин. Реката е долга 128 километри, додека површината на сливот изнесува 661 километри квадратни.[1] Градот Кашин и урбаната населба Кесова Гора се лоцирани по течението на реката.

Изворот на Кашинка е во мочуриштата северозападно од селото Задорје, на границата на Кесовогорскиот и Бежетскиот регион. Тече на исток, минува низ Кесова Гора, а во селото Брилино свртува на југ. Прави јамка додека минува покрај Кашинка. Историскиот дел од градот се наоѓа во јамката на Кашинка. Појужно, станува дел од Угличкиот резервоар. Се влева во Волга во селото Горки.

Сливот на реката Кашинка го вклучува централниот дел од Кашинскиот реон и јужниот дел од Кесовогорскиот реон, како и помали области на исток од Бежетскиот реон.

Кашинка е едно од најпопуларните места за пливање и риболов во Кашин во текот на летото.

  1. Река Кашинка (Russian). State Water Register of Russia. Посетено на 12 May 2014.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)