Кахриманли

Координати: 40°22′N 21°57′E / 40.367° СГШ; 21.950° ИГД / 40.367; 21.950
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Кахирманли)
Кахирманли
Κρεμαστή
Кахирманли is located in Грција
Кахирманли
Кахирманли
Местоположба во областа
Кахирманли во рамките на Кожани (општина)
Кахирманли
Местоположба на Кахирманли во Општина Кожани и областа Западна Македонија
Координати: 40°22′N 21°57′E / 40.367° СГШ; 21.950° ИГД / 40.367; 21.950
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански Округ
ОпштинаОпштина Кожани
Општ. единицаХелеспонт
Надм. вис.&10000000000000570000000570 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно92
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Кахриманли, Кахирманли или Караманли (грчки: Κρεμαστή, Кремасти), до 1927 година (грчки: Καχηρμανλή, Καραμανλή, Кахирманли, Караманли)[2]село во Република Грција, во општината Кожани, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 92 жители.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа североисточно од Кожани, на еден километар источно од Искуплер, на самиот пат што од Кожани води за Бер.

Историја[уреди | уреди извор]

За време на Османлиското Царство[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век Кахирманли е турско село во Кожанската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона од 1904 година, во Караманли живееле 55 Турци.[3]

Во Грција[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Кахирманли станува дел на Кралството Грција.

Во 1913 година селото Кахирманли има 84 жители.[4] Во 1920-тите години според Лозанскиот договор населението се иселува во Турција, а на негово место се населиле бегалци, Грци Понди, од Турција. Во 1928 година селото е целосно бегалско со 34 семејства и 146 жители бегалци.[5]

Во 1927 година името на селото е променето во Кремасти.

Демографија[уреди | уреди извор]

Пописи[уреди | уреди извор]

Движењето на населението по години е следното[6]:

  • 1913 – 84 жители
  • 1920 – 94 жители
  • 1928 – 150 жители

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 221 246 234 132 141 113 114 92
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението во селото произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καχηρμανλή -- Κοίλα
  3. Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001.
  4. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2012-07-31.
  5. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  6. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 1. Скопје. стр. 315.