Прејди на содржината

Кафтан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Типичен кафтан

Кафтан[1][2] (од персиски : خفتان, ġaftān = почесна облека [3] ) — долга машка наметка без постава од месопотамиско потекло, која ја носат бројни народи низ Блискиот Исток.[4] Обично се кроел од памук или свила или комбинација од двете.[4]

Вид на облека на централноазиските народи што се носел во минатото во Мала Азија, Полска, Русија и Унгарија.

Кафтан е долг капут или наметка од груба ткаенина, волна или свила, со широки ракави, без постава и долга сè до глуждовите. Постојат неколку видови. Најпознат е оној што го носеле османлиските султани, а во однос на строгата хиерархија (индивидуален ранг) се разликувале по бојата, дезените и копчињата.

На подрачјето на Западна Африка, меѓу народот Волоф се јавува сенегалски кафтан-сабадор и нешто поелегантниот мбуб или големо бубу.[5]

Мароканскиот кафтан е женска носија, вообичаена меѓу Мароканките. Во Југоисточна Азија среќаваме батик кафтани за чие производство се претпочита свила и цветни и апстрактни дизајни, а денес се модел за производство на модерни женски кафтани.

Најпознати кафтани биле оние што ги носеле османлиските султани и другите високи достоинственици на Отоманското Царство кои се разликувале по боја, декорација и копчиња. Бидејќи морала да се почитува строгата хиерархија во облекувањето, така што социјалниот статус веднаш бил видлив од кафтанот.

Опис[уреди | уреди извор]

Курдски ефендија во кафтан

Типичниот кафтан имал долги широки ракави и бил отворен напред, но најчесто можел да се закопча со ремени (или врвки).

Кафтани биле наречени и црните мантили што ги носеле Хасидските Евреи од европскиот среден век. Како што се ширело Отоманското Царство, така се зголемувало и носењето кафтани и се носеле низ Полска, Унгарија, Русија и низ целиот Балкан.

Кафтаните се рашириле и низ Западна Африка, па станале типичен костим на Мароканките и достоинственици на народот Волоф во Сенегал (кафтан сабадор). Кафтани се шират сè до Југоисточна Азија каде се изработувал батик кафтан од свила, со цветна или апстрактна декорација.

Кафтан се викало и долго женско палто до глуждовите, со широки ракави кој станал модерен во средината на 20 век.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „кафтан“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „кафтан“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „kaftan“ (engleski). Turkish Dictionary Net. Архивирано од изворникот на 2016-03-08. Посетено на 2012-10-28.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  4. 4,0 4,1 4,2 „Caftan“ (engleski). Encyclopædia Britannica. Посетено на 2012-10-28.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  5. „Expanded Profile of the Wolof People“. Архивирано од изворникот на 2012-04-19. Посетено на 2009-05-28. Наводот journal бара |journal= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]