Катрин Сас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Катрин Сас
4331Katrin Sass.JPG
Катрин Сас во 2012-та година
Роден(а)23 октомври 1956 (1956-10-23) (62 г.)
Шверин, Источна Германија
ЗанимањеАктерка
Активен1979–сега

Катрин Сас (некое време како Katrin Saß) е германска актерка. Таа има невообичаено препознатлив јак женски глас и стана позната на меѓународно ниво по портретирањето на идеалистичката социјалистичка мајка Кристиане Кернер во трагикомедијата од 2003-та година Збогум, Ленин!

Таа е родена во Шверин, во поранешната Источна Германија, кој сега е главен град на Сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија. Пред Повторното обединување на Германија, таа била многу позната филмска и театарска актерка во Германската Демократска Република. Таа го имала нејзиното филмско деби на 23-годишна возраст во филмот „[./https://en.wikipedia.org/wiki/Bis_da%C3%9F_der_Tod_euch_scheidet Bis daß der Tod euch scheidet]“ од 1979-та година, во кој играла разочарана млада жена. Таа ја освоила Сребрената мечка за најдобра актерка на 32-от Берлински меѓународен филмски фестивал за нејзината улога во филмот од 1981-ва година „Bürgschaft für ein Jahr“ . [1] Во 2011-та година, таа се појавила во музичкото видео за „Wir Sind am Leben“ на музичкото дуо Rosenstolz од Берлин.

Сас изјавила дека била принудена да го пишува нејзиното презиме со „ß“ од страна на GDR, затоа што „Sass“ било поврзано со нацистичките SA и SS. [2]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Berlinale: 1982 Prize Winners“. berlinale.de. конс. 11 November 2010. 
  2. Gottschild, Karen (2010-09-02). „Warum Katrin Sass in der DDR als "Doppel-Nazi" galt“ (German). Bild. конс. 2016-02-03.  (Javascript needed)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]