Дисанска Река

Координати: 41°27′23″N 22°10′22″E / 41.45639° СГШ; 22.17278° ИГД / 41.45639; 22.17278
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Катраница (река))
Дисанска Река
Мовче на Дисанска Река во селото Долни Дисан
Местоположба
Физички особености
Извор 
 • местоВитачево
 • надм. вис.820 м
Устие 
 • место
Вардар кај Тремник
 • координати
41°27′23″N 22°10′22″E / 41.45639° СГШ; 22.17278° ИГД / 41.45639; 22.17278
 • надм. вис.
122 м
Должина17 км
Големина на сливот29 км2
Особености на сливот
ТечениеВардарЕгејско Море
Речен сливВардар

Дисанска Река — река во средишниот дел на Македонија која тече во Тиквешијата и претставува десна притока на Вардар.

Течение[уреди | уреди извор]

Извира од еден силен и непресушен извор на висорамнината Витачево на надморска височина од 820 метри во долот веднаш непосредно јужно над самото Горни Дисан. Од нејзиниот силен извор е спроведена и водата за водоводот кој ги снабдува селата Горни, Долни Дисан и Вешје. Во горното течени тече кон север, а во средното течение тече спрeма североисток помеѓу ридовите Венец од десната и Орле од левата страна до селото Долни Дисан, а потоа свртува кон југоисток и во Вардар се влева на кота од 122 метри надморска височина, источно од селото Тремник[1].

Хидрографски и водостопански одлики[уреди | уреди извор]

Дисанска Река тече во должина од 17 километри и зафаќа сливна површина од 29 км2[1]. Извирајќи на 820 и влевајќи се во Вардар на 122 метри надморска височина таа има релативен пад од 41‰[1]. Поради варовничкиот состав на карпите во нејзиниот изворишен дел водата од Дисанска Река се одликува со голема чистина и добар квалитет за пиење. Затоа од нејзиниот силен извор е спроведена и водата за водоводот кој ги снабдува селата Горни, Долни Дисан и Вешје. Над селото Горни Дисан крај изворот на реката во месноста наречена Брегот, во околината на изворот постои чешма кој се напојува со вода директно од планината Кожуф. По средното и долното течение на реката во селата Долни Дисан и Тремник нејзината вода се користи за наводнување на бавчите и градините насадени со домат, пиперки, краставици во дворовите како и на лозјата, а од нејзините води се напојува и добитокот.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Риболовна основа за „Слив на Вардар - Долно течение" за периодот 2011 - 2011, стр. 3“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-05. Посетено на 2015-06-05.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]