Католичка црква во Ерменија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Катедралата на Светите маченици, Ѓумри

Католичката црква во Ерменија — дел од светската Римокатоличка црква, под духовно водство на папата во Рим. Според пописот од 2011 година, 13,843 католици живеат во Ерменија и претставуваат околу 0.46% од вкупното население.[1] Католиците во Ерменија припаѓаат на две посебни цркви, Римски обред или Западен обред (кој ги вклучува најголемиот дел од католиците во светот) и Ерменската католичка црква.

Територијалната надлежност и епархии[уреди | уреди извор]

Католиците во Ерменија се поделени според две одделни територијални власти. Католиците според Римскиот обред се дел од Апостолската администрација, додека Апостолската администрација на Кавказ и католиците според Ерменскиот обред кои припаѓаат на Ерменската католичка црква се дел од ординаријатот на верниците од источниот обред, кој исто така ги вклучува и членовите на Ерменската католичка црква во Источна Европа.

Во рамки на Ерменија[уреди | уреди извор]

Католиците секогаш живееле одделно од заедниците на Ерменската апостолска црква (Древноисточна црква, која ги вклучува повеќето Ерменци како членови) и бракот вон заедницата не била многу честа појава. Некои од Апостолиците ги нарекуваат ерменските католици "Франки" поради влијанието на француските католички мисионери.[2]

Ерменските католици традиционално живееле во провинцијата Ширак, посебно во следниве 7 села: Аревик, Паник, Ланџик, Азатан, Ѕитанков, Мец Сепасар, Ашоцк. Во покраината Лори, католиците главно живеат во: Ташит, Катнарат, Катнагбјур, Петровка, Саратовка и Благодарноје.

Малиот број Полјаци кои останале во Ерменија, заедно со некои нови имигранти кои се католици (Римски обред) живеат во Ереван.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Population Census 2011: Population (urban, rural) by Ethnicity, Sex and Religious Belief“ (PDF). armstat.am. National Statistical Service of the Republic of Armenia.
  2. „A New Start for Armenia's Catholics“. National Statistical Institute. 2006. Посетено на 2006-09-03.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]